Преобразбата на детските души низ школото на љубовта
Со многу насмевки, љубов, прегратки и по некоја солза, заврши и последниот деветти летен камп по Веронаука, и уште еднаш имавме можност да видиме на дело една прекрасна преобразба на детските души. Бидејќи детските души се како најчисти, најнежни цветови; и огреани од светлината на Христовата љубов, напоени со „водата која тече во вечен живот“, на живоносното Христово слово...