Јеротеј Влахос: ПРЕОБРАЖЕНИЕТО ХРИСТОВО (19.08.2015)
Преображението Христово на гората Тавор се случи малку време пред Неговите Страдања, односно поконкретно четириесет дена пред да пострада и пред да биде распнат. Впрочем, целта на Преображението беше да се утврдат Учениците во верата дека Он е Синот Божји и да не се поколебаат од тоа што ќе го видат во тие денови. Во тропарите на Црквата се гледа оваа вистина.