Бигорски доби магистер по црковна музика (4 март 2018)
Во петокот, на 2 март, о. Анатолиј на одделот за богослужение и црковна уметност, на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун, успешно ја одбрани својата магистерска теза од специјалноста по византиска музикологија, со наслов: „Самогласните стихири на празникот Успение на Пресвета Богородица во византиското и поствизантиското песнотворение“.