Д-р Милан Ѓорѓевиќ - Стара нова година (14.01.2016)
Застанати пред суштествениот егзистенцијалнен избор меѓу повампирувањето и воскресението, слободната личност неповратно се нурнува во вечноста: во вечно постоење во смртта, или во вечно постоење во животот. Затоа, времето, а со него и неговото пресметување (т.е. календарот) следува безостаточно да се насочат кон воскресението Христово – празникот кој не подлежи на статичното календарско утврдување на празнувањата, туку се темели врз поинакви принципи во пресметувањето и осмислувањето на времето.