Архимандрит Андреј Конанос: Покајанието – слатка тага на душата (IV дел)
Уште не си сфатил дека твоето его те уништило и не си заплакал поради тоа. Си направил абортус или сакаш да направиш, а не си ја разбрал грешката и не си пролеал ниту една покајна солза од твоите очи. Зарем не е страшно тоа? Каде е покајанието? Нема покајание. Колку илјади абортуси се вршат во нашата земја? Приближно 350 – 400 илјади годишно, според официјалната статистика, бројка којашто се регистрира во документите и во болниците, а уште колку други што се прават скришно, што не се објавуваат од разни причини – семејни, или поради авторитетот,






...Еден млад монах го видел старецот надвор од ќелијата, легнат на земјата како им рони трошки леб на мравките, кои на тоа место имаа направено гнездо. „Што правиш таму, старче? – го прашал, а тој му одговорил: „Еве што правам, се учам на сострадание…“ Токму ова сострадание и љубов кон секој човек, животно, растение, дрво и сето создание, ќе го сочинува критериумот на нашето спасение.
Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен лек за тоа е подвигот на постот. Постот ја зацрвстува волјата и дава сила, а со таа сила владееме со телото.
Никој не може да и наштети на душата што верува. Било што да претрпи, на неа и се смета за добивка.
Да, Господи, Ти Кој нè собра по Твоето благоволение од краиштата на земјата, направи да бидеме навистина едно семејство што живее со едно срце, со една волја, со една љубов, како еден човек, по предвечната Твоја промисла за првородениот Адам. Вечерва ги исполнавме овие зборови на светито старец Софрониј.

Потребно е ние секогаш да мислиме добро и да не се соблазнуваме лесно со недостатоците на другите луѓе, туку да гледаме на постапките на другите со снисходливост и љубов. Кога се умножуваат добрите помисли, тогаш душата на човекот се очистува и тој се однесува со почит и се смирува. Животот на таквиот човек станува рај. Во спротивен случај, човекот во сè се сомнева и неговиот живот се претвора во адско мачење. Тој самиот својот живот си го прави ад.
На 7 април 2019 година, на празникот на Светото Благовештение, во Неделата на свети Јован Лествичник, Митрополитотот Европски г. Пимен, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, отслужи Света Златоустова Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село, а во присуство на многуброен православен народ. Пригодна беседа одража викарниот епископ Јаков Стобиски.
Кога се говори за Литургијата, неминовно треба да се опфати и прашањето за причестувањето: имено, колку пати треба да се причестуваме и како да се подготвуваме за тоа? Поаѓајќи од содржините на литургиските молитви, очигледно е дека смислата и целта на Литургијата е самото причестување. Причестувањето на секоја Литургија било норма во раната Црква. Св. Василиј зборува дека во нивната област во негово време (4 век) се причестувале 4 пати во неделата…
На 07.04.2019 година, во Неделаата на св.Јован Лествичник, а на празникот Свето Благовештение, во храмот на Св Ѓеорѓиј во охридското село Врбјани,отец Александар Димоски во сослужение на ѓакон Павле Малинов отслужи света Василиева Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Споменувањето преминува во Принесување: „Твое од Твоите, Тебе Ти принесуваме, за сите и за сè“. Тука завршува нашето издигање, нашето движење кон Бога, а сега имаме обратен процес: Бог ги прифаќа нашите дарови, по дејството на Светиот Дух се претвораат во Самиот Христос и стануваат наши Дарови (затоа се викаат така, бидејќи тоа се Дарови што Бог нам ни ги дарува). Се случува епиклезата (призивот на Духот): Го молиме Бог Отец да Го испрати Духот „врз нас и врз принесените дарови“,
Литургијата се нарекува Евхаристија (грч. Благодарење). Благодарноста претставува суштина на нашето постоење како создадени битија. Тоа е начин на живот, на пристап и однос кон Бога, Изворот на нашето постоење. Адам требало да биде свештеник, т.е. во едно благодарно претстоење кон Бога, Нему да Му се принесува самиот, а преку себе и целиот свет. Но, тој не успеал во ова, па затоа Христос ја исправил оваа грешка со Својата мисија,
Откако огласените излегле, свештеникот ги чита молитвите на верните и започнува подготовката за Свештената Трпеза: свештеникот го одмотува антиминсот (платното) врз кое ќе бидат положени Даровите. Иже херувими е песна, чија содржина нè подготвува за она што следи: учеството во Трпезата. Следува Великиот вход на кој се принесуваат подготвените елементи (лебот и виното). И овој вход понекогаш се толкува символично, како одење на Христос на Голгота, но принесувањето на лебот и виното, всушност, претставува движење на целата Црква, таа сe...
Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј e тајна на Свeтата Трoица, сe случија и сe случуваат oниe пoјави штo луѓeтo ги нарeкуваат пoсeбни чуда. Eдна таква пoјава e бeзмажнoтo зачнувањe на Гoспoда Исуса Христа вo утрoбата на Прeсвeта Дeва Марија. Тoа изглeда упаѓањe вo видливиoт и дoстапeн рeд и начин. Тoа раѓањe e навистина гoлeмo чудo, мoжeби и најгoлeмo чудo штo ни e oткриeнo на нас смртнитe.
Без дух на покајание, без опит на вистинско послушание, никој не може да стане вистински богослов или свештеник, што значи, личност способна да ги поучи другите на вистинскиот христијански пат.
Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува на земјата и светот од првата клетва се ослободува. Созданието нека се радува и гласно нека запее: Создателу и Избавителу наш, Господи слава Ти!
Многу сме Ѝ должни на нашата Пресвета Богородица. Затоа Црквата толку многу Ја почитува и слави. Затоа свети Григориј Палама, сумирајќи ја отечката теологија, вели дека Богородица е втора после Света Троица, дека е Бог после Бога, граница помеѓу создаденото и несоздаденото, „претстојател на спасените“, според еден друг убав израз на богословот на нашата Црква. А свети Никодим Агиорит,
























