Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа
Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа и создава внатре, во нејзините прегратки. Во однос на обичаите и чисто човечките традиции Црквата имала еклектичен (селективен) однос и ги припојувала кон своето Предание само ако успевала да им даде христијански карактер, а тоа е нивната форма – секогаш да мора да го води народот кон суштината и смислата на сè што постои, а тоа е Богочовекот Христос.