Преп. Пајсиј Светогорец: Ѓаволот треба да се плаши од христијаните, а не христијаните од ѓаволот – (VII дел)
Ѓаволот, браќа, е најлукав. Ќе ви даде малку здравје, само да ве лиши од рајот, ќе ви го продолжи малку животот за да ве мачи вечно. „Не гледаш ли“ вели светиот Златоуст, „дека хромиот беше 38 години на одар и полумртов, а храбро ја трпеше болеста, очекувајќи ја Божјата помош, без да побара да му баат или да му дадат амајлии. А ти, христијанину, откако си боледувал малку дни, зошто си толку нетрпелив и трчаш при бајачи и гатачи?