Митрополит Струмички Наум: ЗА БОЖЈИТЕ ДАРОВИ (01.05.2020 09:35)
И да запаметиме: Бог е толку добар, што сите ние, и свештеници и лаици, и верници и неверници, имаме многу повеќе дарови Божји одошто „заслужуваме“, и во „квантитет“ и во „квалитет“; за да може овој свет, колку-толку, нормално да живее. Тешко нам, ако Бог ни судеше според нашите дела. И жално, што ова не можеме да го видиме, а истовремено и не веруваме.