АРХМАНДРИТ АНДРЕЈ КОНАНОС: ЗЕМЈА НА УБАВИНАТА
Многу е важно, како живее човекот, со кој се дружи, кои му се другари, како го минува животот, како се подвизува. Човекот се менува. Тоа е природно, што се менува: кога раснеш, ти се менуваш, твоето лице не може секогаш да остане детско, ти ќе пораснеш, ќе возреснеш, изразот на твоите очи ќе стане посериозен, попрониклив. Така возраснува човекот, и тогаш малото дете, станува момче, потоа маж, а малото девојче станува девојка, а потоа жена, која сериозно го посматра животот. Но, ние не зборуваме за таа промена.