Мајката на светот – извор на секоја радост (Трет Акатист)
На Тебе, Која неракоплетениот венец го исплете за светот, Ти песнословам воскликнувајќи: Радувај се, Дево, на сѐ сохранилиште и засолниште, укрепување и свештено прибежиште;
Извору на секоја радост, облагодати ја помислата наша, да Ти повикуваме: Радувај се, капино несогорлива, облаку пресветол, кој верните непрестано ги осенува!