митр. Павел Сисанијски: Сите за еден
Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста кон човекот, кеносисот на Бога – движење од љубов, преку кое Бог излегува надвор од Себеси и ја наведнува небесата, слегува на земјата, доаѓа во нашиот свет и ја прима нашата човечка природа, која сме ја потчиниле на распаѓањето, болеста и смртта.