Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би гo oставил пoмалoтo? Кoга нe би гo oткривалo сјајoт на драгoцeнoтo благo, кoј би ги напуштил пoeвтинитe блага?
И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сe што ти е потребно за твоето спасение. И сe што е потребно, ако треба да и помогнеш на некоја друга душа.
Далечна земја е „место“ на неисполнувањето на Божјата волја, пројавено како непослушание кон духовниот отец и предвремено духовно самораководење, поради што Божјата благодат постепено се оддалечува од нас.
Непослушноста носи со себе расејување и затемнување на умот.
Ние луѓето живееме помеѓу спротивставеноста на денот и ноќта, помеѓу светлината и темнината. Многу поголеми од тоа се спротивностите помеѓу доброто и злото, помеѓу љубовта и омразата, гревот и добродетелта. Помеѓу сите овие спротивставености, ние како луѓе се колебаме во текот на целиот наш живот на земјата. За време на животот на луѓето, честопати им изгледа дека патиштата на злото, гревот и порокот се полесни.
Духовниот живот – растот на човековата личност во благодатта – секогаш е свесен, бидејќи несвесноста е обележје на гревот, “спиење на душата“. Затоа човек треба постојано да биде во будна состојба, да се однесува како син на светлината – да живееме како деца на светлината (Ефес. 5,9), според зборовите на апостол Павле: стани ти што спиеш, и воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли.
Храмот е карактеристичен по светски познатото сликарство направено на многу високо и естетско ниво. Таму се наоѓа еден од најубавите сликани ансамбли од крајот на 12 век во цела Европа. Има насликано неколку ангели, а еден од нив е насликан на 50 денарката. Фреската е
Ако ја осознаам убавината на животот, ќе станам негов свештенослужител, а не негов хулител.
Ако ја осознаам убавината и сакралноста на животот на другиот, никогаш нема да го уништам.
Ако ја осознаам дури само убавината, која Божјата љубов ја дала, ја распрснала и ја посеала врз почвата на човечкото суштествување.
Не постои ништо грдо.
Еден светец вели дека Бог секогаш одговара на три начини: „да“, „не“, „почекај“. Но дали сме подготвени да прифатиме одговор од Бога?
Најмногу да се молиме за да Го слушнеме Бога, да се просветлиме, пред сè, за да придобиеме покајание и смирение. Да се молиме, да бараме од Бога да ни даде човекољубие, да ни ги отвори
Главната карактеристика, која го оформува профилот на луѓе каков што е фарисејот, е користењето на знаењето што останува по доволното чистење на енергијата на умот за судење и осудување на своите ближни.
Денес сме просто оптеретени од озборување, судење и осудување. Едно е да се рече дека некој краде, а друго е да се рече дека
Јазикот наш треба да го пазиме од изговарања на празни зборови, очите наши - од гледање на неподобни работи, срцето наше да го запазуваме од нечисти помисли, а сите чувства - да ги скротуваме со стравот Божји; еден со друг треба да се однесуваме со смирена мудрост, взаемно да се обраќаме со здружена љубов; да водиме прилични разговори, да го гледаме она што е корисно, да го слушаме доброто,
Ако го соблечеш костумот што тие ти го облекоа и ја скинеш маската што ја носиш, претставувајќи се за нешто што не си, тогаш ќе видиш дека ти никогаш не покажа страв; никогаш не почувствува меланхолија. Твојот немир не ти припаѓа тебе. Тој им припаѓа на твоите улоги. Не е твој. Ти си радосен. Духот, душата која живее во тебе не знае за немир и грижи, таа е дар Божји исполнет со светлина и радост. Грижата е одговор на лагата која ја живееш.
Во раце ти даваат човече
- срце мало,
а пред малку во тебе чукаше
и едно знаеш
- на земја сигурно не си.
Ете, Рајот,
си велиш- ова е.
И сѐ во таа красота од момент.
Слободата што Бог ни ја подарил е Неговиот најголем дар. Но, заедно со слободата доаѓа и одговорноста. Слободата не означува разврат, непромисленост (јас правам што сакам, кога сакам и како што сакам), но најмногу означува одговорност. Како што вели светиот апостол Павле: „ Сè ми е дозволено, но не е сè полезно; сè ми е дозволено, но ништо не сакам да надвладее над мене “.