Георгиј Манѕаридис: Парадоксот на болката – II дел
Позитивната или штетната улога на болката зависи од личниот однос на човекот кон неа. Кога човекот не е способен во болката да види некаква смисла или цел, природно е да падне и да се разочара. Тој ја сфаќа како мачно патување кон небитието. Кога, напротив, човекот ја гледа болката како педагошко средство на Божјата промисла, тој може да ја искористи на позитивен начин и да ја вклучи во перспективата на своето духовно усовршување.