А Господ е љубов и љубовта ги разбира и чувствува сите. Со тие методи што сте ги превзеле во врска со ќерка Ви, ќе успеете единствено долотрајно, ако не и вечно, да ја одвратите од Бога и од Црквата. Умудрувајте се. + + + Т., Потсети се како си учела на училиште и примени ги тој метод на себеобучување и во духовниот живот. Не брзај, не биди во грч и немој да се скршиш себеси и семејството...
На 14.01.2015 г. Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија служеше света Василиева Литургија на празникот Обрезание Господово и св. Василиј Велики во храмот Св. Илија во н. Јане Сандански во Скопје. По Литургијата се отслужи Молебен на Нова Година.
Вадико, Господи Боже наш, Ти си извор на животот и бесмртноста. Создател на сите видливи и невидливи созданија. Ти си ги ставил времињата и годините под Твоја власт, Ти владееш над се’. Милостиво прими ја оваа наша благодарност и молба од нас, Твоите недостојни чеда и добросрдечно помилуј не’. Ти благодариме за сите добрини што си ги пројавил кон нас во изминатиот период од нашиот живот и Те молиме премилостив Господи,...
По повод празникот на свети Серафим Саровски, големиот чудотворец, на 15.1.2015 четврток, ќе биде отслужена утрена со Божествена литургија со почеток од 7:30 часот во храмот св. Петка во Црниче. По повод неговиот празник, ќе бидат донесени свети мошти од овој светител, како и копија од чудотворната Курско-Коренска Икона на Богородица.
14/01 (среда) Обреезание Господово; св. Василиј Велики; Нова Годона
/ 07. 30ч. Утринска во 08.30ч. Божествена литургија Василиева /
15/02 (четврток) преп. Серафим Саровски;/ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ЗАЕДНИЧКА БОГОСЛУЖБА ВО ЦРКВАТА СВ. ПЕТКА - ЦРНИЧЕ, КАДЕ ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНА ЗА ЦЕЛИВАЊЕ ЧЕСТИЦАТА ОД МОШТИТЕ НА СВ. СЕРАФИМ САРОВСКИ
Приказна за Прeчистата Дeва Марија. Таа гo зачнала Гoспoда вo пeтoк какo штo вo пeтoк сe случилo и Нeгoвoтo страдањe, а Гo рoдила вo нeдeлeн дeн. Вo нeдeлeн дeн рeчe Бoг нeка бидe свeтлина (И Мoј. 1:3); вo нeдeлeн дeн паднала мана oд нeбoтo; вo тoј дeн Спаситeлoт Гoспoд сe рoдил и вo тoј дeн бил крстeн на Јoрдан. Вo Витлeeм, вo тoа врeмe, живeeла eдна старица Салoмија...
Комисијата за канонизација на светители достави допис со кој предложи старец Паисиј да биде прибројан во соборот на светиите. После подробно запознавање со претставените факти, Синодот едногласно ја изгласа одлуката за прибројување на монахот Паисиј Светогорец во соборот на светиите.
14 јануари - среда: Обрезание Господово; Свети Василиј Велики; Нова Година
09:00 часот, Литургија на Св.Василиј Велики и Молебен по повод Новото лето Господово 2015. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ќе богослужи во црквата “Свети Илија“ – Аеродром.
Денес, по повод празникот на Раѓањето Христово, во употреба е пуштена бесплатната апликација „Православен молитвеник“ за Андроид мобилните уреди, која содржи: Утрински молитви, Вечерни молитви, молитви за разни потреби, Акатист кон Пресвета Богородица, Пасхално молитвено правило и друго.
Посети еднаш авва Исаак Тивејски некоја монашка заедница и здогледа еден брат во некакво согрешение, па го осуди. А кога излезе во пустината, дојде ангел Господов и застана пред вратата од неговата келија, велејќи: „Нема да те пуштам да влезеш.“ А тој почна да го моли: „За што се работи?“ Одговарајќи, ангелот му рече: „Бог ме испрати велејќи: „Прашај го каде заповедаш да го фрлам грешниот брат што го осуди?“
Само во Господ Бог како Личност нема лицемерие, а ние како личности секој на свој начин сме лицемерни. И само "Он не познава како слободни, а во системот од човечки слободи", надвор од Бога слободно само избираме на што ќе робуваме.
20 години живеел бос на каруља на Света Гора,Слава Тебе Господе што ни даваш вакви свети луѓе и во ова наше време кога веќе се исполнуваат зборовите на Св.Апостол Павле за последните времиња каде според неговиот опис луѓето стануваме духовно обезличени и удавени во гордоста,суетата ,самоволието и беззаконието.Инаку овој голем подвижник во цивил бил воен офицер.
И двајцата гoлeми прoрoци, Исаија и Eрeмија, прoрeклe дeка Гoспoд ќe дoјдe вo Eгипeт и дeка oд Нeгoвoтo присуствo ќe сe трeсат идoлскитe храмoви и идoлитe ќe сe разурнуваат. Исаија пушувал: Eтe, Гoспoд ќe дoјдe вo Eгипeт и прeд лицeтo Нeгoвo ќe затрeпeрат идoлитe eгипeтски (Иса. 19:1; Јeр. 43:12). Кoга бoжeствeнитe бeгалци стасалe вo градoт Eрмoпoл (Каирo) и...
Во Кападокија (Турција) откриен е нов подземен град стар 5000 години. Кападокија, која се наоѓа во регионот Анталија, инаку е познато подрачје по археолошките наоѓалишта. Огромниот град, кој се наоѓа во подножјето на ридот во близина на градот Кајсери, ги надмина сите останати, досега откриени археолошки богатства во Турција.
На 09.01.2015 година на денот кога Православната црква го слави св. архиѓакон и првомаченик Стефан, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија отслужи Архиерејска Литургија во храмот Св. вмч. Димитриј. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ.
Европската наука ја срамотат многубројните ненадарени научници кои се плашат од зборот НЕЗНАМ ! Секоја чест на тие кои се благородни, кои со трепет го набљудуваат брегот на своето незнаење покрај школката на своето знаење. Да ли е тоа само во Европа и Америка случај, незнаењето да вика : Знам, а Знаењето: Незнам?
Кој често со срцето Му се обраќа на Бога и Му се моли, тој избегнува многу маки, а ако веќе не сакаме волни трудови, треба да трпиме неволни маки, за да не заостанеме зад светителите. Речено е: ништо скверно нема да влезе во Царството Небесно: значи, оној кој сака да влези во Царството Небесно, неизбежно треба да се помачи.
На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Сапсителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест.
Тропар глас 6.
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.