Ако си таков, каков што Бог те сака, ќе ги привлечеш луѓето – архим. Андреј Конанос
Затоа постојано служиме света Литургија, затоа постојано читаме, затоа се молиме постојано, затоа за време на светата Литургија свештениците велат: “пак и пак…“, повторно и повторно. Зошто? Бидејќи сум човек. Како што велат некои – убаво ги зборуваш овие работи и додека зборуваш, сè е во ред, но кога ќе завршиш, започнува пак истото – ги заборавив твоите зборови. Повторно чекам да те слушнам и потоа пак заборавам.