“Но моите духовни чеда го познаваат мојот глас и ме слушаат и знаат дека се' мое е нивно...“
Јас немам толкава благодарност, која ќе може да одговори на твојата безмерна љубов...Ниту доволно зборови, да ја опишам твојата молитвена грижа за нас - преточена во слово...Само огромна желба, да го изодам Патот кој што неуморно го трасираш пред нас, следејќи ги многубројните светлечки патокази што несебично ги поставаш на секоја кривина, цврсто држејќи се за твојата сигурна, пастирска рака.