Св. Климент Охридски: Слово за раѓањето на Свети Јован Претеча
А архангелот Гавриил, гледајќи ги помислите на свештеникот, веднаш му одговори кротко и со тивок глас, убедувајќи го, и рече: „Не бој се Захарија, зашто е услишена твојата молитва и твојата жена ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. Зашто јас дојдов од небото не само да ти соопштам за синот, туку му го носам и името.