Ретроспектива (2005-2020): Oтец Панајотис Карас: Умот Христов
Поучувањето во Православната Вера не може да ги следи методите на световната настава. Формалното образование пренесува знаење со цел да ги оспособи студентите за чување и анализирање на информацијата. Затоа, колку повеќе изучува, колку повеќе аналитична станува личноста, толку повеќе се вели дека е образувана. Поучувањето во верата не пренесува толку многу информации, колку што се стреми да го образува умот Христов (1 Кор. 2, 16) во душата на оние кои се поучувани.