логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Митрополит Сурожски Антониј

vozdvizenie.jpg

 

БОГОМИСЛИЕ И МОЛИТВА

Во практиката често не правиме разлика меѓу богомислието и молитвата, и тоа не е опасно доколку богомислието перераснува во молитва. Опасноста настанува тогаш кога молитвата преминува во размислување. Богомислието, пред сѐ, означува размислување коешто за свој предмет го има Бога. Ако, размислувајќи, постепено се исполнуваме со духот на молитвено богопоклонение, ако Божјото присуство станува веродостојно и ние забележуваме дека  навистина пребиваме со Бога, и ако од размислување постепено преминуваме кон молитва - сѐ е во ред; но, никогаш не смееме да си дозволиме обратен процес, и во таа смисла меѓу богомислието и молитвата постои јасна разлика.
Главната разлика меѓу богомислието и нашето обично хаотично размислување е во јаснотијата, во хармоничноста: богомислието треба да претставува аскетска активност на отрезнување на умот.  Првата работа којашто треба да ја научиме, без оглед на тоа што ќе избереме како предмет на нашето рамислување, е следење на одредена линија. Веднаш штом ќе почнеме да размислуваме за Бога, за божествените работи, за сето она што го сочинува животот на душата, се раѓаат споредни мисли; од сите страни гледаме неброени можности, неброено многу интересни и содржајни  нешта; но ние мораме, откако ќе го избереме предметот на нашето размислување, да се откажеме од сето друго, освен од избраната тема. Тоа е единствениот начин текот на мислите да го задржиме во една насока, така што тие да може да се продлабочуваат.
Целта на богомислието не е во академско вежбање на мислите; тоа не смее да биде чисто интелектуална активност или прекрасен, но бесплоден полет на мислите; тоа треба да биде работа на размислување насочено кон одредена цел, реализирано  под Божјо раководство и насочено кон Бога, и неговиот плод треба да бидат заклучоци за тоа како треба да живееме. Од самиот почеток треба да спознаеме која е ползата од тоа вежбање во богомислие, коешто ни помага да живееме во поконкретно и поодредено соодветство со Евангелието.
Секој од нас е затворен спрема едни проблеми и отворен за други; додека сѐ уште не сме се свикнале на насочено размислување, подобро е да започнеме со нешто што е за нас живо: со оние стории коишто нѐ привлекуваат, од коишто нашето срце гори во нас, или, обратно, со она на што му се противиме, она коешто не можеме да го прифатиме; во Евангелието го наоѓаме и едното и другото.
Што и да земеме – одделен стих, некоја заповед, настан од животот на Христос, ние, пред сѐ, сме должни да ја определиме неговата вистинска, објективна содржина. Тоа е мошне важно, зашто целта на богомислието не се состои во тоа да изведеме фантастична конструкција, туку да спознаеме одредена вистина. Вистината – во богомислието таа ни е дадена - е Божја вистина, и богомислието треба да стане мост меѓу нашето неразбирање и откриената вистина. На тој начин можеме да го воспитуваме својот разум и постепено да се учиме да го имаме умот Христов, според словото на апостол Павле (1 Кор. 2: 16).
Да се објасни вистинското значење на некој текст не е секогаш едноставно, како што може на прв поглед да ни се чини; постојат мошне лесни места, но има и такви, во кои се користат специфични формулации и истовремено се повикува како на најобичното човечко искуство, така и на продлабоченото и многуобразно религиозно искуство. Например, изразот Невеста (Жена) на Агнецот може да се разбере само ако знаеме што, имено, Светото Писмо подразбира под зборот „Агнец“, во спротивно, тој израз ќе остане сосема бесмислен и ќе биде неправилно разбран.
Невеста – тоа е земно искуство, човечко искуство во најсвештена, најдлабока, најсуптилна смисла. Невеста е онаа којашто умее, којашо е способна толку многу да го засака младоженецот, што остава сѐ и заборава на сѐ, за да се прилепи кон него, да го следи, без оглед каде и да оди тој. Повикувајќи се на зборот „невеста“, прво во Стариот Завет, а потоа и во книгата Откровение, гледаме дека е таков духот на Црквата во односот спрема Младоженецот – Христос; но тој Младоженец Христос се означува со трагичен израз: Агнец Божји. Тој израз го среќаваме на фонот на сите старозаветни принесувања на жртви, на сите пророчки слики за Јагнето, заклано за спасение на светот, Маж на болки од пророштвото на Исаија (Исаија, 53). И ете, соединувајќи ги двата поими, ја добиваме нивната вистинска смисла и значење. Ако се држиме само до нашето човечко искуство, ќе остане неодгатната тајната на патот по кој ќе тргне Невестата. Да, таа ќе тргне таму каде што ќе тргне и Младоженецот; но каде оди Младоженецот? Каков ќе биде изгледот на таа Невеста? А ние, затоа што зборот „агнец“ е вткаен во сето предание на Израилот, знаеме дека станува збор за Агнецот за колење, за закланиот Агнец, и дека патот на Невестата низ целиот свет, низ сета судбина, сета историја на земјата минува низ витлеемското понижување, преку живот на апсолутна, безгранична Божја солидарност со Својата твар, и оди понатаму, преку Гетсеманија и Голгота, кон воскресението …
Постојат и друг вид зборови коишто можеме правилно да ги разбереме само доколку не ги земеме предвид особеното или техничкото значење коешто тие го добиле со тек на времето. Еден од таквите зборови е и зборот – „дух“. За христијанинот, „дух“ е своевиден технички термин; тоа е или Светиот Дух, Третото Лице на Света Троица, или оден од составните делови на човечкото битие – телото и душата. Но таквото поимање го изразува со сета своја едноставност и широчина она што сакале да го пренесат составувачите на Евангелието; зборот станал толку тесно специјализиран, што ја изгубил врската со својот корен. Текстот понекогаш може да се појасни преку значењата коишто може да се најдат во речниците. Така, во речник може да се најде значењето на зборот „дух“ или  кој било друг збор, и тоа веднаш се покажува како едноставно и конкретно, макар што тоа значење со тек на времето можело да добие и подлабоко значење. Но, никогаш не треба да се започне со подлабокото значење пред да се најде едноставното и конкретно значење, коешто му било разбирливо на секој човек во времето кога Христос му говорел на насобраниот народ.
Постојат нешта коишто можеме да ги разбереме единствено во светлината на учењето на Црквата: Светото Писмо треба да се разбере преку разумот на Црквата, преку разумот на Христос, зашто Црквата не се менува; во своето внатрешно искуство  таа продолжува да живее со истиот оној живот, со кој живеела во првиот век; и зборовите, искажани во Црквата од Павле, од Петар, од Василиј и др., засегогаш го задржуваат своето значење. Така, по претходно восприемање на нашиот современ јазик, ние треба да погледнеме што Црквата подразбира под одреден збор. Дури тогаш можеме да бидеме уверени во смислата на дадениот текст и да имаме право да почнеме да размислуваме и да извед.уваме заклучоци. Штом ќе го најдеме значењето на текстот, треба да погледнеме дали тоа, во својата крајна простота, ни дава конкретен совет или, дури, директна заповед. Бидејќи целта на богомислието, на разбирањето на Светото Писмо, е исполнување на Божјата волја, ние треба да изведуваме практични заклучоци и да постапуваме во согласност со нив. Кога ќе ни се открие смислата, кога во таа конкретна фраза Бог ни кажал нешто, должни сме да проникнеме во суштината и да погледнеме што можеме да направиме, слично како што постапуваме кога на ум ќе ни дојде добра идеја; спознавајќи дека нешто е правилно, ние веднаш почнуваме да размислуваме како тоа да го вклучиме во секојдневниот живот, на кој начин да го направиме тоа, во какви услови и сл. Недоволно е да разбереме што може да направиме и со восхит да почнеме да им раскажуваме на пријателите; треба да почнеме да го правиме тоа. Египетскиот светител Павле Препростиот во една пригода слушнал како Антониј Велики го чита првиот стих од првиот Псалм: „Блажен е оној човек, кој не оди на совет безбожнички“ - и во истиот миг Павле заминал во пустина. Дури по триесет години, кога преп. Антониј повторно го сретнал, светиот Павле со длабоко смирение му рекол: „Јас сето ова време го минав грижејќи се да станам човек кој никогаш не оди  на совет безбожнички. За достигнување на совршенството нема потреба да се разберат многу нешта; тоа што е потребно е да се минат триесет години во обидот да се разбере што значи да се биде нов човек, и да се стане таков човек. 
Често разгледуваме едно или две тврдења и прескокнуваме понатаму; тоа не е во ред, зашто, како што видовме, е потребно долго време за да се научиме на сконцентрираност, за да станеме човек кого што Отците го нарекуваат внимателен, човек кој е способен да проникнува во некоја мисла толку долго и толку длабоко, така што ништо да не пропушти од неа. Сите духовни писатели од минатото и од нашето време кажуваат: земи некој текст, размислувај над него, од час во час, од ден во ден, додека не ги исцрпиш сите свои можности, како умствените, така и емоционалните, и додека, читајќи и препрочитувајќи го внимателно текстот, не дојдеш до нов однос спрема животот. Мошне често богомислието се состои само во тоа да проникнеме во текстот, повторувајќи ги одново и одново тие Божји зборови, искажан кон нас, за толку да се зближиме со нив, толку да ги впиеме во нас, та постепено ние и тие зборови да станеме едно. Во тој процес, дури и ако ни се стори дека умствено со ништо особено не сме се збогатиле, ние сепак се менуваме. 
Ние мошне често имаме на располагање време коешто  можеме да го ползуваме за размислување; во нашиот секојдневен живот има безброј случаи кога немаме што да правиме, освен да чекаме. Ако сме дислиплинирани - а тоа, исто така, претставува дел од нашето духовно воспитување -  ние ќе научиме брзо да ги сосредоточуваме мислите и да го фиксираме нашето внимание на предметот на нашето размислување, на нашето богомислие. Ние мораме да се учиме да ги принудуваме нашите мисли да се собираат во еден фокус, оградувајќи се од сето друго. Во почетокот ќе навлезат споредни мисли, но ако ние постојано ги отфрламе, тие конечно ќе не остават на мира. И дури тогаш кога, благодарение на вежбањето, стекнувањето навика, ќе научиме да се сосредоточуваме длабоко и брзо, ќе можеме да продолжиме да живееме во состојба на сконцентрираност, собраност, без оглед на тоа што правиме. Но, и самото забележување на споредна мисла веќе значи дека сме постигнале одреден степен на сконцентрираност. Можеме да се наоѓаме среде толпа луѓе, а истовремено да се чувствуваме сосема сами, од причина што оние околу нас не нѐ интересираат; од самите нас зависи дали ќе дозволиме она што се случува надвор од нас да стане дел од нашиот внатрешен живот. Ако го дозволиме тоа, нашето внимание ќе се расее; ако, пак,  не го дозволиме, можеме во совршена повлеченост во себе и изолирање од околината да пребиваме во Божјо присуство, без оглед што се случува околу нас   
внутренней жизни. Если мы допустим это, то наше внимание рассеется; если же не допустим, то можем в совершенном уединении и собранности пребывать в присутствии Божием, что бы вокруг нас ни происходило.
Се случува да се најдеме во друштво на луѓе обземени со разгорен, но безизлезен спор. Ние не можеме да си заминеме, а да не предизвикаме уште поголема мешаница, но можеме мисловно да се исклучиме, свртувајќи се кон Христос, и да кажеме: „Знам дека си тука - помогни!“ И едноставно да останеме со Христос. Кога не би звучело толку апсурдно, би можеле да кажеме: направете така Христос да присуствув на спорот. Објективно, Тој е секаде присутен, но постои разлика меѓу објективно присуство и такво присуство кога ние, со акт на вера, Го воведуваме Христос во одредена ситуација. Не можеме да направиме ништо друго, освен да седиме по страна и просто да бидеме со Христос, препуштајќи им на дргите да зборуваат. Неговото присуство ќе направи повеќе одошто би направило сето она што би го кажале. И така, спокојно и во безмолвие останувалќи во Христос, ние неочекувано забележуваме дека одвреме-навреме можеме да кажеме нешто суштински, што би било невозможно да го кажеме во вжештеноста на спорот.
Паралелно со умствената дисциплина, мора да се научиме телото да ни мирува. Телото се одѕива на секоја наша психичка активност и, од друга страна, нашата телесна состојба во извесна мера го одредува видот и карактерот на нашата психичка активност. Во своите совети до оние кошто сакаат да започнат со духовен живот, Теофан Затворник вели дека еден од неопходните услови за успех во тоа е - никогаш да не дозволиме телесно опуштање; бидете затегнати како струна наштимана на одредена нота, без олабавување или, пак, пренапрегање; држете го телото исправено, плеќите затегнати наназад, положбата на главата нека биде слободна, сите мускули држете ги напрегнати кон срцето.
Многу е напишано во врска со тоа како можеме да го користиме телото за да ја развиеме способноста да внимаваме; но на општодостапното ниво, советот на Теофан Затворник е едноставен, точен и практичен. Треба да научиме да бидеме сконцентрирани без напнатост. Треба да управуваме со своето тело така што тоа да не ѝ пречи на нашата сконцентрираност, туку да ѝ помага. 
Богомислието е – активност на мислите, додека, пак, молитвата е – отфрлање на секоја мисла. Според учењето на источните Отци, дури и спрема благочестиви мисли и спрема најдлабоки и највозвишени богословски расудувања, доколку тие се јавуваат за време на молитвата, треба да се однесуваме како спрема искушенија и да ги отфрламе; зашто, како што велат Отците, неразумно е да се размислува за Бога а притоа да се заборава дека се наоѓаме во Неговото присуство. Сите духовни учители на Православието нѐ предупредуваат на замената на таа средба со Бога со размислувањето за Него. Молитвата, според својата суштина, претставува стоење пред Бога, лице в лице, со свесна желба да бидеме сконцентрирани и совршено спокојни и внимателни во Негово присуство; тоа значи да стоиме, во присуство на Господа, со нераздвоен ум, со нераздвоено срце и со нераздвоена волја. Што и да ни пружи нашиот тренинг, секогаш останува некаква незаштитеност: нераздвоеноста може да биде достигната само од страна на оној за кого љубовта Божја представува сѐ, на оној кој ги раскинал сите синџири, на оној којшто целосно Му се препуштил на Бога; тогаш веќе нема лична усилба, туку само дејствување на блескавата Божја благодат.
Бог секогаш треба да биде во средиштето на нашето внимание, зашто нашата собраност може да се покаже како замена за самите различни патишта: кога нашата молитва е предизвикана од длабока жалост, и нам ни изгледа како да пребиваме во аоатојба на длабока, вистинска молитвена собраност, то тоа не е така, зашто фокусот на нашето внимание не бил Бог; фокусот е предметот на нашата молитва. Кога сме погодени емоционално, не се јавуваат споредни мисли, зашто сме целосно исполнети со она за што се молиме; и дури кога ќе преминеме кон молитва за друг човек или за друга потреба, нашето внимание наеднаш се расејува; тоа значи дека причината за таквата собраност не била ниту мислата за Бога, ниту чувството за Неговото присуство, туку нашата човечка судбина. Тоа не значи дека човечката судбина не е важна, но значи дека мислата за пријателот може да направи повеќе одошто мислата за Бога. А тоа е мошне сериозно.
Една од причините зошто сметаме дека е толку тешко да бидеме внимателни е во тоа што нашиот акт на вера, кога велиме „Бог е тука“, има премногу мало значење за нас. Ние спознаваме мисловно дека Бог е тука, но не се одзиваме физички на тоа, во смисла да ги сосредоточиме и собереме во еден фокус сите наши сили, помисли, чувства и нашата волја, односно целосно да се претвориме во внимание. Ако се подготвуваме за молитва преку процес на вообразба - „Христос е тука, еве каков е Тој, еве што јас знам за Него, еве што Тој може да значи за мене...“ - тогаш, колку е побогата сликата, толку е помалку реално присуството. Ние од тоа можеме да добиеме помош за некаква емоционална сосредоточеност, но тоа не е Божјо присуство, не е реално, објективно присутво на Бог.

 

 

 Подготви:д-р Драган МИхајловиќ

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная