логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

12. 08. 2008 г.


Има ли некој меѓу нас кој не се нашол во непријатна ситуација затекнат од тоа што прекршил некој адет или што го гледале чудно поради тоа што не знаел за некој адет? Добро би било овој пат да го отвориме прашањето што е адет, како дошло до тоа различие во адетите на разни подрачја и која е опасноста од слепото верување во нив.


pimen.pokaen.jpgБабичките кои на младост учеле веронаука и кои тајно не крштеваа и подучуваа во верата, речиси и да ги нема веќе меѓу нас. Средните генерации што речиси целиот свој живот го поминале во едно друго и незаинтересирано општество за религија се' уште се незаинтересирани или дезориентирани во верата. И сега ни останува на нас помладите да ја чуваме верата и не само да ја чуваме, туку и да ја прочистиме од разни примеси во неа и таква да ја предадеме на идните генерации. Најпрво треба да знаеме дека верата не е едно исто со адет, традиција, фолклор, суеверие. Од тие причини добро би било овој пат да го отвориме прашањето што е адет, како дошло до тоа различие во адетите на разни подрачја и секако која е опасноста од слепото верување во нив.Има ли некој меѓу нас кој не се нашол во непријатна ситуација затекнат од тоа што прекршил некој адет или што го гледале чудно поради тоа што не знаел за некој адет? Не верувам дека има, бидејќи јас лично сум се нашол во мал милион такви ситуации. Тоа е секако плод на тоа што сум клирик на Црквата Божја, а уште повеќе од тоа што сум во дијаспората, каде што во една македонска црковна општина има луѓе од сите краишта на нашава земја, па можете да замислите со какво изобилство од адети се среќавам со оглед на тоа што секој град и плус секое селце кај нас има различни адети. И сега оди та угоди им на сите. За едните тоа што чини, за другите не чини.

Адет е некоја воспоставена навика на месното население обично врзана со верата или за која се мисли дека е врзана со верата, а може да биде и обично суеверие, за која никаде не постои запис, која е задолжително да се исполнува и во која многу се внимава на формата како тоа ќе се изведе. Се предава од колено на колено и по принцип на онаа игра од раното детство која се викаше расипан телефон до нас стигнува со страшни деформации. Најмногу од адетите произлегуваат од симболиката. Ако внимателно ги гледаме отстрана како се изведуваат овие адети, особено тие што се изведуваат при свадбите, многу лесно ќе откриеме чиста симболика. Младоженецот треба да ја нагазне невестата на нога за тој да биде оној што ќе доминира во бракот или, пак, ако невестата е поербап и ако го испревари таа да ја земе таа улога. Да се врзат со платно за рацете за да им биде цврста врската, па колку јазли толку деца... Кога ќе влезе во домот, свекрвата да ја пречека невестата со шеќер за да биде блага, со вино за да биде румена, да ја допре до оџакот за да врти куќа околу огништето, односно да биде домаќинка и слично. Некои адети произлегуваат од искривени и недообјаснети црковни обреди од типот мајката не смее да е присутна на крштевањето, а тоа важи само до четириесеттиот ден ако се крштева детето, а мајката бидејќи не земала голема молитва, која се прави на четиресеттиот ден кога завршува периодот на нејзиното очистување и преку молитвата таа повторно се вклучува во животот на црквата и сл. Некои адети настанале од неукоста на свештенството во оние периоди кога сме се наоѓале под османлиската власт и кога за свештеници се поставувале луѓе што имале само елементарно познавање на азбуката, односно луѓе што знаеле да читаат, а кои немале теолошка наобразба, па често импровизирале. Некои адети околу славењето празници и селски слави навлегле бидејќи бројот на свештенството бил недоволен насекаде да покријат навреме, па правеле измени во прославите за да може секаде да пристигнат. Некои од нив навлегле преку влијанието на другите вери како прифаќањето на курбанот, некои од магиски обреди како колење кокошки како трета жртва ако се случат два последователни погреба во блиско време од иста фамилија итн. А последиците од сето ова се: живеењето во страв од тоа што ќе ни се случи и каква ќе биде казната од Бога ако случајно нешто промашиме или не можеме да се одлучиме што да прифатиме од неколкуте понудени опции што ни доаѓаат од разни страни како и гостите што доаѓаат од разни краишта.

За да го надминеме тоа, ќе треба да влеземе во костец со сите овие разно разни појави и најпрвин да ги детектираме, да ги систематизираме, па да ги разјасниме тие што имаат врска со верата, да ги отфрлиме тие што од друга страна и причина навлегле, а оние што толку се одомаќиниле и станале дел од нашиот фолклор, ако не можеме да ги отфрлиме, барем да ги охристијанизираме, да им дадеме христијанска смисла. Но, тоа не е само обврска на клерот и на Црквата, туку и на секој човек што сака нешто да направи за својата вера и црква. Од нас зависи каква вера ќе им предадеме на идните генерации. Вера што станала компилација од вера, адети, национализам, верски фанатизам, омраза кон другите вери, фолклор, форма без суштина, а која, пак, нема да биде интересна за нив, или, пак, вера во живиот Бог, која води кон спасение и живот вечен. И, сега, ќе прифатиме ли здраво за готово адет да ни биде да ги правиме адетите и да живееме во страв без да бараме одговор и смисла на тоа, па и тогаш кога ќе побараме одговор не добивајќи го полесно да ни биде технички да го изведеме адетот за да избегнеме конфликт со адет-мајсторот или ќе засукаме ракави? Има ли потреба да кажам дека јас сум за последново?

Европски Митрополит Пимен

Извор: Дневник

Посети: {moshits}
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная