Чувајќи го христијанскиот, го штитиме националниот идентитет

- Како правилно да го насочиме својот духовен живот?
— Најрадосното нешто во христијанскиот живот е да откриваш нешто ново. Сетете се како со радост сте се буделе во недела наутро за литургија, како сте ги читале Светите Отци во еден здив и како секогаш сте откривале по нешто ново. Доколку Евангелието не ни открива нешто ново, тоа единствено
Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Интервјуто со Игуманијата Перпетуа од манастирот Успение на Пресвета Богородица кај Матка го направивме пред патрониот празник на овој христијански храм, кој е еден од најпосетуваните во скопскиот регион. Игуманијата Перпетува зборува за...
Митрополитот тетовско-гостиварски, г. Јосиф, дефинитивно е нетипичен владика. Ова го заклучувате откако ќе сврзете само два-три збора со него. Тој е најмладиот владика во Македонската православна црква-Охридска архиепископија и негува огромна љубов, грижа и посветеност кон децата што растат без родители, живот кој самиот го искусил, но го направил посилен.
Михалис (Пиреа) има дванаесет години. Тој е роден на Крит и живееше во Рим, до таа година. Неговата мајка Корина, по потекло од Пескани и неговиот татко Думитру е од Бреила. Во Рим има сестра Рафаела и двајца браќа Ефрем- Николас и Габриел. Сите се помали од него. Михаил му помагаше во олтар на епископ Силуан (Шпанија) во Рим Италија во време кога имаше одвај пет години, и кога ги виде родителите Продромус- Даниил и Герасим, се разгори силно во него стремежот кон Бог и одлучи да се пресели на Атон.
Секој од нас има скала на вредности: она што е за еден човек значајно, за друг нема никакво значење. За православните луѓе, животот е незамислив без вера, без духовна компонента на битието. Човекот што верува сфаќа дека живее во непрестајниот тек на светата Промисла Божја и дека во неговиот живот ништо не е случајно,
Грешките се неминовни кај оние што работат. Но грешките се и за поправање. Нив можеме да ги поправиме единствено на добар начин, посебно за нас во Црквата. Ништо не е добро, ако се постигнува на лош или погрешен начин. Работите се поправаат и менуваат суштински, ако ги прифатиме како свои и лично се менуваме на добро.
На сите веќе ни е јасно дека брзиот начин на живеење и прекумерната, а со тоа и бесполезна употреба на технологијата, како што се телевизијата, социјалните мрежи и воопшто интернетот, толку многу сили и време им одземаат на луѓето, толку ги преокупираат, што тие веќе не смогнуваат сили и не наоѓаат време ни за Бога, ни за себеси, а камоли, пак, едни за други.
Уште додека престојував и служев како јеромонах во Бигорскиот манастир, секојдневно се сретнував со многи млади луѓе, кои страдаа и Го бараа Бога. Уште од тие денови стекнав многу млади пријатели со кои и до ден – денес сум близок и со кои се дружам. Знаете дека пријателствата се прошируваат и по природа сум комуникативен и уште од почетокот кога станав епископ решив да сум достапен за сите луѓе, бидејќи и токму
Мажественоста не се јавува во природата на мажот како припадност, т.е не се пренесува заедно со полот. Таа треба да се стекне, да се воспитува во себе. Господ Бог пред почетокот на освојувањето на Ветената земја му рекол на народниот вожд: Биди тврд и мажествен (НАВ. 1,6,7,9,18). Основата на вистинската мажественост се потпира врз непоколебливата надеж на Бога.
Тоа што некој таму не чул за социјалните активности на Црквата, не значи дека ги нема. Во овој повик не беше вклучена само социјалната мотивација, а со тоа и моралната – да им се помогне на тие што немаат, туку се алудираше и на поткренување на општествената одговорност во моменти кога сите ги трпиме последиците од загаденоста на воздухот. Па ако Црквата не нè мотивира и поучува на добродетелност – тогаш кој?
Денешните луѓе гледаат од погрешна перспектива на верата, плашејќи се од науката и доказите. Тие велат: „Науката е продукт на борбата со религијата, во суштина таа има атеистичка основа“. Но доколку се загледаме во историјата на философијата, повеќе од очигледно е дека реалноста е токму спротивното! Но, од друга страна звучат гласовите: „Философијата е штетна за верниците“.
Во вашето прашање ги има и давата одговори. Технологијата и современите достигнувања на човекот може да бидат и од полза, но може и да се злоупотребуваат. Многу значи од нашиот пристап, од тоа какви сме ние. Во секој случај, не треба да го губиме достоинството, туку да се ползуваме, за себе, но и за другите. Социјалните мрежи и технологијата не се зло, но може да не наведат во искушение и злоупотреба.
Европскиот митрополит вели дека цртањето на мобилен е многу практична работа, особено кога се патува.Се се работи со прсти, се меморира, се печати – во мојов случај во А5 формат. За да имаат оригиналност ги заштитувам со сув жиг и ги потпишувам. Овие апликации се одлични за експресионистичко изразување и за кроки цртеж. Имаат можност и за комбинација на бои што во овој серијал го користам кога техниката глуми акварел...
Камче по камче, молитва по молитва и полека вештите раце на монахињата Синклитикија им ја даваат душата на камчињата од мозаикот каде се наѕира ликот на Свети Архангел Михаил. Уникатната уметност сокриена во малата и скромна работилница во женскиот манастир „Св. Архангел Михаил" во Берово
о.Бобан Митевски: - Ние сме де факто дел од православието, сакал тоа некој да го прифати или не. За МПЦ овој собор има важност од аспект на решенијата, за кои ние можеме да заземеме став, но добро е да се почека како ќе се изјаснат сите цркви.Од друга страна, овој собор за нас истакна на површина една вистина, која сите ја знаеја, односно се виде што е причината за неприфаќањето и нерешавањето на статусот на МПЦ.
„Тензичноста и поделеноста не се ниту во годините, ниту во општеството и политиката, туку во нашето срце, во нашата глава, во нашата мисла.“ Вака Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф гледа на општествено-политичката состојба во Македонија, за која вели дека таа не е комплицирана, туку ние сме комплицирани, поточно комплицирани се нашите страсти.
Ја сакам мојата земја и мојот народ и ќе се чувствувам благодарно ако успеам да му послужам некако и да допринесам за неговото добро и доброто на човештвото. Како секој млад човек во своето време, кој се бара и испитува каде ќе се пронајде, така и јас барав и испитував каде припаѓам и каде се пронаоѓам себе си. Интервју: „Треба да се надминеме себеси, да си простиме и да си подадеме рака“