логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Metodij.k.dol.Veligden10.jpg

БИДЕТЕ БУДНИ!

(Лк. 12, 32-40)

Живеејќи со искуството на евангелското неминливо ниње (сега), низ секојдневно исчитување на словото од спасоносните собитија и поуки, на повеќе места од Новиот Завет ги среќаваме зборовите што го поттикнуваат нашето духовно внимание: Бидете будни!!! Својата проповед, свештената педагогија од пустината, свети Јован Претеча ја започнува со истиот повик, со истиот глас кон покајание: Пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови!
Спасителот и самиот постојано ги потсетува Своите ученици на неуморна бодрост во мисијата. Параболата со талантите Тој ја започнува со истата поента: Бидете будни, оти не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки... Во параболата со петте мудри и петте неразумни девојки ја среќаваме истата поента. Понатаму, и во поуките во коишто го објавува карактерот на последните денови Тој вели: А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот. Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето. Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден.
Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите штом ќе пропеат, или наутро; па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете. А што ви зборувам вам, им го зборувам и на сите: Бидете будни!
Особено потресна е епизодата кога Господ се моли во Гетсиманија. Ги зема со себе тројцата ученици, Петар, Јаков и Јован и им вели: "Душата Ми е смртно нажалена; останете тука и бидете будни! И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине оној час, ако е можно; и велеше: Ава, Оче! Сé е можно за Тебе, отклони ја од Мене оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како - Ти. Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петра: Симоне, спиеш ли? Не можеш ли еден час да бидеш буден? Бидете будни и молете се за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо." Бидете будни, - на овие едноставни зборови се темели целиот духовен подвиг со којшто учествуваме во крстот на Спасителот. Во Христовата љубовна и крсна жртва за спасение на светот.
Во денот на Вознесението, Господ ни вети дека пак ќе дојде, во слава. И навистина, прифаќајќи ја со благочестива вера евангелската вистина секојдневно сме соочени со фактот на Неговото повторно доаѓање. Со безвременото време на Судот. Незалезниот ден во кој ќе се измери нашата будност. Има меѓу нас такви што го очекуваат второто доаѓање и му се радуваат. Има и такви што со страв ја прифаќаат неговата неминовност. Најголемиот дел од луѓето денес, сепак, ниту веруваат, ниту го очекуваат ова чудесно Доаѓање (Парусија) што ќе го најави исполнувањето на времето. Нашите браќа и сестри во првите векови од христијанството постојано се молеа: Господи дојди, - зошто навистина ништо не е поблажено за луѓето од тоа повторно да се сретнат со Господа. Со Господ Кој ќе дојде со своите свети ангели, во незалезна слава, и ќе се зацари над сето видливо и невидливо. Во последните редови од книгата Откровение е сочувано ова есхатолошко сведоштво: Да, ќе дојдам скоро! - вели Господ. Амин! Да, дојди, Господи Исусе! - одговараат верните.

Повеќе:

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

18/07/2026 - сабота

Преп. Атанасиј Атонски; Преп. маченик Кипријан Нови; Преп. Лампад; Преподобномаченичка Елисавета Фјодоровна ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная