логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 3.jpg

Моштите на свети Георгиј во Скопје

1.jpg

5.jpg


Моштите на светиот Великомаченик на сите скопјани им го пренесоа благословот на овој светија и со силно благоухание го огласија неговото присуство среде верниот народ. Радоста започна уште пред светиот да пристигне во нашата метропола, кога одговарајќи на силната вера и молитви на о. Горан Тасески и на неговата паства, забележителното благоухание им донесе умиление на сите присутни кои ги носеа моштите, а таа радост и умиление го достигна својот врв на празничното сеноќно бдение во храмот посветен на Св. Георгиј Победоносец во Криви Дол, претворајќи се во вистинско пасхално ликување. Како што се ширеше благоуханието во храмот, така среде големото мнозинство на верници кои дојдоа да се поклонат на светите мошти, се ширеше љубовта, покајанието, соборноста и благодарноста кон светиот. Истите чувства  ги делеа и оние кои следниот ден се удостоија да се поклонат и помолат пред благоуханите мошти, во сите храмови каде тие беа изложени. Понесени од овие силни чувства, о. Горан и некои од верниците посакаа да ги споделат со нас своите впечатоци, а ние, трогнати од нивните благодатни сведоштва, решивме да ги објавиме за сите да ја почувствуваат оваа небесна посета на светиот и да заблагодарат на Бога за таквата милост. 
   
    6.jpg


„Има говор на устата,  говор на разумот а има и говор на срцето. Говорот на устата најчесто е поврзан со разумот. Но говорот на срцето не може да се собере во разумот и не може да се искаже со уста. Преку рационалното поимање човекот со устата искажува разни нешта - за човекот, за светот, за Бога, за небесата, за сите видливи и невидливи созданија. Понекогаш тој се труди да погледне зад завесата на рационалното, во она што е надрационално, надумно, надлогично, но тука запира, бидејќи таму постојат поинакви возвишени мерки,  кои воопшто не кореспондираат со логиката, а со тоа се исклучува и врската помеѓу говорот на разумот и говорот на устата, кој е најчест и така да речеме најразбирлив за другиот човек, или луѓе, и со кои се пренесува своето искуство или потреба ....Но таму, зад завесата на  рационалното, има еден огромен свет на информации, има безброј призиви кои го чекаат одзивот на секој човек. Човекот е битие во заедничарење и битие кое призива и се одзива и како такво, тоа ги забележува тие призиви зад завесата и се обидува да возврати, но кога во таа комуникација настапува само со говорот на разумот и говорот на устата, тој обид останува недоволен, нецелосен. Во таа комуникација се бара нешто друго, нешто што Бог го поставил како центар во човекот. Центар во кој се сливаат сите призиви и се чека одзивот. Тој центар е срцето на човекот и во таа возвишена комуникација зад завесата на рационалното, може да се успее само со говорот на срцето. За да се научи овој говор не се потребни вежби, како оние за говорот на устата или оние што ги учиме во познатите центри за воспитание и наука, со кои се оформува говорот на разумот . Впрочем, како се учи овој говор на срцето? За тоа ни говори Св. Писмо, ни говори светоотечката литература, практиката, која како предание се пренесува во Црквата. Но ако сите овие информации ние ги примаме на начинот на кој сме се навикнале да ги примаме, оние за говорот на устата и говорот на разумот, тогаш ние би можеле добро да ги научиме тие информации, па дури и добро да ги пренесеме на другите, но пак да остане неспособни да говориме со срцето.  Говорот на срцето се учи со покајание, се учи преку молитва, која успева само ако е усрдна и ако е искажана со покајнички подвиг и копнеж за средба со Бога, а се учи кога преку Божјата благодат ќе се сретнеме со Бога. Тогаш, при таа средба со Бога, многу добро ќе научиме дека секој наш подвиг, секоја наша усрдност, секое наше покајание се недоволни и непотполни, но сепак се потребни и се дел од нешто попотребно и повозвишено, а тоа е љубовта, зошто оној кој најповеќе љуби, најповеќе и се смирува. И така додека човекот се учи да говори со срцето, тој се утврдува во смирението, но кога при средбата со Бога ќе се научи да говори со срцето, тој го учи и тоа дека љубовта е таа која смирува, дека љубовта ослободува од ропството на гревот и на светската суета, и тогаш на слободниот веќе не му е потребен закон, бидејќи преку законот на љубовта (кој не се пренесува со слова ами се има во срцето), тој е  ослободен. Но, простете ми, сакав да говорам за говорот на срцето а почнав да мудрувам и јас, бедниот, пак почнав да говорам со говорот на разумот за да го опишам она што е над тој говор. А кога срцето говори, тогаш секој друг говор молчи и го слуша овој говор. Благодатта Божја е таа која прави пат до срцето на човекот и го учи така да  говори. Свесни за тоа, ние треба да се напојуваме со благодатните извори, преку кои се стекнуваме со благодатна поткрепа, за да се научиме да љубиме, ослободени и смирени. Со еден таков стремеж, на денот на празникот на св. Георгиј (16 ноември), донесовме во Скопје еден благодатен извор, кој веќе неколку години е поставен во прекрасниот манастир во Рајчица, постојано ги напојува неговите жители и сите кои таму притекнуваат, жедни за благодатта Божја, донесовме мошти од великиот маченик Георги Победоносец, за и ние да се напоиме од овој благодатен извор. Чудесен е Господ во своите светии, Неговиот пат до човечкото срце е неискажлив, Неговата љубов се пројавува и преку неговите свети служители . Огромен број на верни луѓе притекна на сеноќното бдение во манастирската црква во Криви Дол, посветена на св. Георгиј, за да се поклонат на светите мошти. Имаше мноштво верници, но имаше и некои кои едноставно не знаеја што се тоа мошти, ама осознале дека тука го има она што го бара нивното срце, а  Семилостивиот Господ со својот сотрудник и служител св. Георгиј секого го посетуваше со својата благодат, ние просто ја гледавме таа преобразба во луѓето. Светиот  Георгиј со благодатта  Божја големи чудеса направи во сите нас - немите за говорот на срцето - проговорија. Тогаш на тоа место сè земно и небесно ликуваше. Присуството на Божјата благодат и сила се покажа и во форма разбирлива за разумот и сетилата, светите мошти постојано, во различни интервали, испуштаа благоухани мириси, а се случи, додека патувавме од Рајчица за Скопје поинтензивно да мироточат, така што јас, грешниот, кој ги држев пречистите, свети мошти, сетив како раката ми стана влажна од светото миро. Поставивме памук околу кивотот со светите мошти и потоа го разделивме на верниците, како благодатно сведоштво од овој настан. Следниот ден ги поставивме моштите во неколку храмови во Скопје, и таму мноштво народ се поклони пред нив, а светиот Георгиј како со секој  да говореше преку говорот на срцето, правејќи преобразба барем за неколку моменти.  Со голема радост и благодатна поткрепа утешени, ги вративме светите мошти во Рајчица. И со срдечна благодарност кон Бога, зашто ете, ние, иако многу грешни и недостојни, сепак се удостоивме за таква радост. Голема благодарност до предобриот игумен, отец Партениј, заради неговата неизмерна грижа за сите нас, грешните. Голема благодарност до целото братство од Бигорскиот манастир и сестринството од манастирот во Рајчица, како и до сите кои помогнаа да се случи овој незаборавен настан. Во слава Божја, за спасение на сите, Амин! Многугрешниот свештенослужител  при храмот св.вмч. Георги  во Криви Дол –Скопје,  о. Горан Тасески .“  
   
    01.jpg
   

02.jpg

03.jpg
„Дали може да ја доловам воскресната радост, за која, повторно, нема зборови достојно да ја опишат, затоа ќе кажам само, едноставно, дека сите ние бевме како деца, искрени во својата радост, среќни во срцето, бидејќи благоуханието што се излеваше од моштите на светиот, кои нè благословија со мироточење, нè вознесоа до небото. Благоуханието со различен интензитет се ширеше во храмовите каде беа изложени моштите, но не отстапуваше дури и во текот на движењето по улиците во градот. Радост, радост, солзи треперење во очите и на лицата на луѓето кои нè пречекуваа, молитви, поклоненија на мали и големи, стари и млади, и онаа колона од луѓе кои трпеливо чекаа, како најпрекрасна глетка. Ревноста и радоста, со која беа пречекувани моштите на светиот од страна на нашето свештенство, беше за почит, за радост на срцето дека чудото веќе се гледа во нашата соборност, масовната посетеност, во заедничката воскресна радост. Секој во своето срце го понесе допирот и благодатта која доаѓаше од моштите на светиот. Само Бог и нашиот светија ќе ги знаат сите чудесни промени, среде нашето духовно отпадништво, но вистинското чудо од доаѓањето на моштите е воскресението на душата во силата на соборноста, заедничарењето, посеаното семе кое ќе даде богат род“.Душанка. Б.

„На вечерното бдение,додека стоев во колоната, чекајќи ред за поклонение пред моштите на Победоносецот, Св. Георгиј разбуди во мене силно чувство на покајание, стравопочит и солзи за премилостивиот светија, кој секогаш ги услишува нашите молитви, па дури и мене недостојната ме удостои да се поклонам пред таа светост.  Срцето ми трепереше,солзите течеа, а благоуханието ме исполни со смирение. Умот ми се прибра...и како и секогаш,повторно почувствував дека ништо друго не е битно на овој свет, освен молитвата, постот и покајанието, на патот кон спасението. Слава Ти Господи за Твојата милост! Слава Ти што имаме ваков татко, кој ни го овозможи овој благослов и ни го испрати тука“.Сања Н.

06.jpg

07.jpg

„Со сиот притисок што го носи работниот ден, вчера Бог ми даде сила да присуствувам на поклонението на светите мошти на св. Георгиј во истоимената црква. И веднаш кога се приближив до браќата и сестрите верници, кои светиот ги имаше донесено тука, напнатоста попушти пред чувството на љубов и вера. Кога се поклонив и помолив пред неговата рака, го почувствував благоуханието, ме обзеде смирение, како и сите околу мене, кое ме следеше во текот на целиот ден, ме потсетуваше, радуваше, ми олеснуваше... Ова е уште една победа на св. Георгиј Победоносец над секојдневните страдања и искушенија меѓу луѓето.Весна од Понир

Ги повикувам сите луѓе да не ги пропуштаат ваквите моменти, како оваа литија со моштите на св. Георгиј во Скопје и онаа во Струга, а се надевам и оние во следните години, зашто тоа е можност да си ги нахранат душите, да го почувствуваат светиот, со допир и со мирис, и со солзи да го поздрават. Ги молам сите медиуми, да се потрудат во иднина поревносно да информираат за ваквите божествени настани. Зарем можеше некој да биде рамнодушен кон големиот Победоносец – Георгиј, кој дојде за да ни донесе победа во сè што не мачи во нас и  околу нас, за наше спасение и за да го прославиме Бога.Калина. Ј.

 05.jpg

08.jpg

 09.jpg

10.jpg

 11.jpg

12.jpg

14.jpg

 15.jpg

Лето Господово 2011

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная