логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Carig.HRISTOS.jpg


            Како се случува одреден грев на дело, за кој до само пред некој момент или на почетокот од неговиот процес сме биле сигурни дека не постои можност да го направиме, ние стварно да го направиме? Најопшто кажано, тоа е заради невосогласеноста на начинот на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме. Поконкретно кажано, тоа е заради слободата во однесувањето што си ја земаме пред време, пројавена преку мисли, зборови и дела; таа, пак, произлегува од големата идеја за самите себе, од знаењето што мислиме дека го имаме, од судењето и осудувањето, од демонската прелест.

            Ако се потсетиме како сме живееле во периодот на влегувањето во Црквата и на добивањето на првата благодат, кога од многу страсти што дотогаш нѐ држеле во ропство како од шега се ослободивме, ќе заклучиме дека бевме многу повнимателни во контролата на помислите, зборувањето и дејствувањето, отколку сега. Не велам дека таа наша тогашна духовна состојба е некој идеал, но факт е дека бевме многу повнимателни и не си дозволувавме излети со помисла, со збор и на дело; и факт е дека ни изгледа подобра од сегашнава, изземајќи го стекнатиот опит.

            Прашањето е: Ако првата благодат на првиот степен од духовниот раст, кој е очистување на срцето од страстите, ни го покажала веќе патот, односно ни покажала колку треба да сме внимателни во процесот на мислење, говорење и делување, како тоа ние без да го надминеме тој степен и без да се најдеме на степенот на просветлување на умот, ја отфрламе таа внимателност и си дозволуваме слобода на помисла, на збор и на дело? Кој ни го дал тоа право или како, односно врз која основа, сами си го земаме? И најодозгора на сѐ, се чудиме кога ни се случуваат падови. И тоа, малите падови не ни беа доста, како предвесник за големите.

            Мал пад ја нарекувам таа преголема слобода што си ја дозволуваме во однесувањето. Потоа демонот нѐ лаже убедувајќи нѐ дека тоа што сме го направиле не мора да го исповедаме кај нашиот духовен отец оти, нели, ем сме веќе искусни и можеме да си го дозволиме – како божем од некое расудување заради спасение на другите, ем да не го заморуваме со глупости. И тука веќе почнуваат големите падови, чиј прв знак е прекин на редовната исповед кај духовниот отец. Нормално, недозволиви појави за оној што сѐ уште го чисти своето срце од страстите на првиот степен од духовниот живот.

            И сами можете да заклучите колкав голем и небранет простор му оставаме на демонот за делување. Како што рибарот малите риби веднаш ги извлекува со јадицата на суво и ги лови, додека големите откако ќе се фатат на јадицата постепено ги влече накај себе, оставајќи ги прво да се заморат, па потоа ги извлекува на суво и ги лови, така и демонот, оние што живеат во светот заробени од своите страсти веднаш ги фаќа и ги лови, додека на оние што поверувале и на некој начин сакаат да се подвизуваат никогаш не им предлага директно чинење на грев, туку прво ги наведува со поприфатливи предлози за слободно однесување да останат без благодатта што ги чува, за потоа самите тие да посакаат и да го сторат гревот.

            Верувам ја сфаќате војната што се води околу нашите души: ниту е демонот  толку глупав или неопитен, ниту сме ние толку неверни или бесловесни, па да добиеме од него предлог за директно чинење на грев. Он, просто, изнаоѓа разни начини ние да останеме без благодатта Божја, ние самите да се одделиме од Бог, а потоа му е многу лесно да нѐ вовлече во стапицата на гревот. Ова можете да го споредите со оние воени видео игри каде што нашиот играч, или ние, после секој примен удар или здобиена рана остануваме без дел од нашиот живот за на крај, после фазата црвено – како последна опомена, доколку воопшто ја забележиме, да бидеме победени или убиени.

            И гледајте го сега чудото на љубовта Божја кон нас, деца, колку ние, иако уште под дејство на страста, сме заштитени од гревот и во што се претвораме кога самите ќе се откажеме од таа заштита. Колку сме ние всушност различни кога Божјата благодат е со нас и кога ние самите се откажуваме од неа. Во случај да ги искусиме и двете состојби, ќе се доживееме како два различни човека кои како да немаат врска еден со друг освен истиот идентитет на хартија. И запамтете, редовното, или честото причестување, само по себе не може да нѐ извлече од овој духовен лавиринт на падни-стани состојба; дури, ако не се покаеме, може да биде и погубно.

            Излез? Како што во видео играта имаме кутии за брза помош, до кои ако стигнеме, си го возобновуваме животот, исто како и кога му задаваме удар на непријателот, така и Богочовекот Исус Христос ни го оставил Својот голем дар на покајание и простување на гревовите – бесплатно, односно дарувањето на Својата несоздадена благодат, до која ако преку мал подвиг сакаме да стигнеме, си го возобновуваме вечниот, несоздадениот живот во себе. Но, тоа покајание треба да биде лично и конкретно: смирено да го отвориме срцето и да се исповедаме пред духовниот отец и да го восогласиме начинот на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме преку целосрдечно послушание.

            Ова последново, кое постојано ви го повторувам, овој пат ви го предочувам како конечно отфрлање на судењето и осудувањето на другите – особено на оние за кои и не би смееле да помислиме (кое како што знаеме само покажува дека истиот грев живее во нас), за да не ни се случи првиот знак на последиците што допрва ќе следат, а тој е слободното однесување несоодветно на степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме, со кое незабележливо се одрекуваме и ја губиме Божјата благодат, за на крај и на нас да се оствари народната поговорка: видела жабата како го потковуваат коњот, па дигнала и таа нога. Не дај, Боже!

            Малку е нејасно? Кој има уши да чуе, ќе слушне.

            Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот..! 

Митрополит Струмички Наум

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

23/01/2025 - четврток

Свети Григориј, епископ Ниски; Преподобен Амон; Свети Маркијан; Свети Теофан Затворник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная