Седмица 30-та по Педесетница
Петок
Спасителот како образ на верата и животот поставува дете (Мк. 9, 36). Простотијата на верата ја раѓа простотата на животот: од едната во другата произлегува уредувањето за пример. Ако на мудрувањето му се отвори пристап како вид на некое подобрување, внатре ќе се произведе раздор и целиот живот ќе земе погрешен тек. Оние кои што мудруваат секогаш викаат: „Тоа не треба така, ова не треба вака. Дајте јас се ќе направам одново. Старото и неприкладно и досадно“. Меѓутоа тие уште никаде и никогаш не направиле нешто добро, само расипуваат се. Умот треба да го слуша она што Бог го заповедал. Умот додуша се нарекува цар во главата, но не му е дадена законодавна власт, туку само извршна. Штом ќе се зафати да биде законодавец тој веднаш предизвикува растројство на карактерниот, верскиот, политичкиот и животниот поредок. И веднаш се ќе тргне наопаку. Во општеството доаѓа до голема несреќа кога на умот ќе му се даде слобода да лета без да обрнува внимание на Божјата вистина. Тоа е „гнев“ Божји. А за него е речено: „Сокриј се на час додека да помине“. Во овој наплив на мудрувачка самоволност најдобро од се е да се сокриеме во простотата на верата. Како што за време на бура е подобро да се седи дома и да не се излегува со самоувереност во борба со неа, така и во времето на бурното своеумие подобро е да не се излегува во борба и да не се фаќаме за оружјето на мудрувањето во желба за спротиставување. Простотата на верата е појака од надмудрувањето. Облечи се во неа како во оклоп и ќе одолееш.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.