Седмица 27-та по Педесетница
ПОНЕДЕЛНИК ДВАЕСЕТИСЕДМИ ПО ДУХОВДЕН
Бог рекол, како што молњата кога ќе светне од едниот крај на небото го осветлува и другиот, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден. Потоа додал: Но најнапред Он треба многу да пострада и да биде отфрлен од овој род. (Лука 17, 24-25). Очигледно е дека страдањето треба да претходи на јавувањето во слава. Според тоа цело време до тој ден е време на неговото страдање. Тој лично страдал во едно одредено време. После тоа, Неговите страдања продолжуваат преку оние кои што веруваат во него-преку страдањето при нивното раѓање, нивното воспитување во христијански дух и чување од непријателски деланија, било да се тоа внатрешни или надворешни. Затоа што сојузот на Бог и Неговите верни е жив, а не само мислен или раскажан. Цело нивно Тој го прима како со своја глава. Следејќи ја таа мисла, може да се види дека Бог многу страда. Падот на оние кои што веруваат за Него претставува болна жал. Уште поболно на Него делува отпаднувањето од верата. Меѓутоа тоа се рани кои што докрајчуваат. Постојани се исто така стрелите на жал, соблазнувањето и колебањето во верата со неверување. Зборовите и пишувањата кои дишат со неверување претставуваат огнени сттрели од нечестивиот. Во денешно време лукавиот најмил многу ковачи за ковање на такви стрели. Срцата на оние кои што веруваат болуваат бивајќи и сами погодени или гледајќи ги другите погодени. Заедно со нив трпи и Бог. Не сепак ќе дојде денот на славата Божја: тогаш ќе се откријат тајните на темнината, и страдалниците ќе се израдуваат со Господа. А додека да дојде тоа време, треба да трпиме и да се молиме.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (22.08.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.