логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Заради силата на љубовта

„Оче, светот не Те позна, јас Те познав; и овие познаа дека Ти си ме пратил; и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.“ (Јован, 17; 25,6)

voskresenie.nov1.jpgЗаради силата на Љубовта, кога умира некој близок, умирам и јас, умира сета Вселена, згаснува Универзумот, слегува во гробот заедно со љубениот што го погребуваме. Секој Христијанин го има ова искуство на Велики Петок.
И само Господ знае, како ли продолжуваме да живееме со камени срца и со затапени души, кога секојдневно, слушајќи за
смртта на две илјади души во Бангладеш при беснеење на циклон;
500 рудари во рудник во Русија;
1000 мртви во поплава во Њу Џерси; 2000 деца во Јужна Африка, жртви на трговија со луѓе...
...воопшто и не се поместуваме од удобната позоција на набљудувачи. Колку ли само во вакви мигови недостасува еден Крстител, да нè потопи во јорданските брзаци, да се измиеме во солзите на љубовта и покајанието, и да не заборавиме, дека овој живот овде, о в а,  н е е  с è . . . 


НА 16 октомври 2007 година, по сообраќајната несреќа во Нова Градишка, ме вознемири помислата дека тоа што се случи утрото на автопатот кон Загреб, не беше БОЖЈА ВОЛЈА, туку несреќа којашто се случи по Божјо допуштение.
И како што изминуваат овие 40 дена,  дури и во срцата на оние што не сакаа да се утешат, и на кои можеби и самата болка им беше еден вид утеха, Господ, по Своето благоволение им вдахна надеж, дека нема премногу долго да нè остави разделени од сите оние од коишто на овој или оној начин, заради природниот закон на смртта,  сме биле оттргнати. Во сите манастири и цркви ширум земјава, каде што секојдневно се служат Божествени Литургии, се споменува името на Тоше, заедно со имињата на неброени други православни христијани упокоени во Бог. Заради силата на Љубовта, за која во евангелието на светиот апостол Јован се вели – „ Да бидат сите ЕДНО, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно“: Љубовта е единственото мерило на овој свет, а можеби и пошироко, по кое се познава дали еден човек е жив навистина, или само подвижен мртовец. По скалата на оваа љубов, Тоше е пожив од милиони коишто според овоземните пописи и статистики се сметаат за такви, но повторно, не е наше да судиме, туку Бог, по милоста Негова, како Единствен Бесмртен.

Во оној ден вие ќе разберете, дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Мене, и Јас сум во вас
Кој ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам
(јован, 14, 20,21)

  Сестра Макрина

 


praotecjakov.jpg


Од Посниот Триод


Да помислиме на ползата што ја имаат сите оние што си заминале од овој свет; да им ја дадеме потребната помош, односно милостината и приносите, бидејќи тоа им носи големо олеснување, добивка и полза
(Свети Јован Златоуст)

Ако некој што е набожен починал и веќе е расеан во воздухот, не престанувај да палиш кандило и свеќи на неговиот гроб, призивајќи Го Христа Бога, бидејќи тоа му е благопријатно на Бог и надоместува многу давања. Ако умрениот е грешен, ќе придонесеш да му се простат гревовите. Ако бил праведен, наградата ќе му биде зголемена. Ако станува збор за туѓинец и сиромав, и нема кој да се грижи за него, тогаш Бог, Кој е праведен и човекољубец, ќе се погрижи за него, бидејќи Он својата милост ја покажува кон секого, според потребата. И оној што принесува дарови за таквите, учествува во наградата, бидејќи покажува љубов за спасението на ближниот, како и оној кој друг помазува со миро, прави од самиот него да излегува благопријатен мирис, а оние што не го прават тоа, ќе бидат судени при Второто Христово пришествие.
(Свети Атанасиј Велики)
Сè што правиме за починатите, па и најмало добро, тие имаат полза од тоа, особено оние, што не направиле многу додека биле меѓу живите. Ако во Светото Писмо и има некои работи што служат како предупредување за мнозина, сепак во повеќето случаи победува Божјото човекољубие, бидејќи, ако на вагата на добродетелите и на пороците дојде до израмнување, тогаш победува човекољубието. Ако мерката на лошите дела малку и натежне, сепак победува врвната добрина.

Смртта настапува кога ќе завршат пределите на животот, а ние за предел (граница) на животот ја сметаме волјата Божја. Оти, ако постои граница на животот, зошто тогаш Го молиме Бога, а и лекарите, и се молиме за децата?
(Свети Василиј Велики)


Не сите кои паднале во јами, во оган, во море, несреќи, студови и глад, по заповед Божја страдаат: ова се Божји судови, од кои едни се по Божјо благоволение, други по Негово допуштање, а трети заради предупредување и поука.
Бог по Своето предзнаење знае сè, познава сè, и тоа се случува по Негова волја, како што вели светото Евангелие во врска со птиците.

Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот.
Во деветтиот ден – затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето;
А во четириесеттиот – затоа што се распаѓа и срцето.
Така станува и при раѓањето на човекот: во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се оформува телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик.


„Ве сакам сите“



Тоше  

Тошенце Бог да го прости (17.10.2007) 

mark.jpg  ГО ЧЕКАМ ВОСКРЕСЕНИЕТО НА МРТВИТЕ И ЖИВОТОТ ВО ИДНИОТ ВЕК 

mark.jpg  „Ако даде Господ...Ако сака Господ“ 

 

 

Посети:{moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

22/07/2026 - среда

+Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски; Светиот свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит; Преподобните маченици Патермутиј и Коприј; Преподобните Патермутиј и Коприј; Свети Теодор, епископ Едески и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2026

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2026

Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога,

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная