Кризата на современото христијанство, без оглед на тоа во кој тип религиозност или деноминација е шаблонизирано, најфлагрантно се огледа во неговата опседнатост со историскиот оптимизам како идеологија за воспоставување рај на земјата.Уште свети Јован Златоуст, во самите мугри на појавата на христијанската цивилизација како антитеза на етосот на апостолските црковни заедници, енергично укажува на опасноста од идеалот на благосостојбата. За оваа света душа безбедноста на земниот град, на секуларниот полис, е поопасна и поголем од сите христијански прогони, многу пострашен и од најкрвавите прогони однадвор. Реалната опасност за вистинската христијанска побожности благочестие настанува со надворешната победа на Црквата, кога на христијанинот му стана можно да се одомаќи во овој свет до богозаборавеност и во неговиот комфор да заборави на својата вистинска татковина – Небесниот Ерусалим. Отец Александар Шмеман, во нему својствениот достоинствено-духовит манир, го исповеда своето неприфаќање на паднатата логика на секуларизмот со следниве зборови:Кога ќе умрам, можете слободно во само еден пасус да го напишете мојот „ин мемориам”.
Сè што треба е да напишете е дека целото мое сфаќање на светот, сиот мој живот може да се резимира во една куса реченица: две „не”, едно „да” и есхатологијата, т.е. две „не”, едно „да” и Царството кое доаѓа. Првото „не” е упатено кон секуларизмот, т.е. кон секој обид светот да се објасни како нешто што само по себе има некаква смисла, бидејќи светот самиот по себе е бесмислен. Второто „не” е за религијата, бидејќи Христос не донел религија која ќе треба да му помогне на секуларниот човек во решавањето на неговите проблеми, туку го донел Царството Божјо. Одговорот „да” е упатен кон Црквата, која е Царството Божјо, есхатологијата која започнала уште сега и тука меѓу нас.
Уредникот
СОДРЖИНА:
Посети:{moshits}