логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

God.Goce.jpg God.Goce.jpg

 God.Goce.jpg

 


Скопје, 4 мај (МИА) - Со панихида со која началставуваше Aрхиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан, Митрополит г. Горазд и свештеници од Скопската епархија денеска во црквата Св. Спас пред саркофагот на Гоце Делчев беа одбележани 106 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба.

Цвеќе на неговиот гроб положија новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов, вицепремиерот Зоран Ставрески, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, делегации од Собранието, од Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, од Армијата на Република Македонија, Сојузот на борците, од Скопскиот и Штипскиот универзитет, МАНУ, Институтот за национална историја, Друштвото на писателите на Македонија, претставници на политички партии, општини, образовни и културни установи, здруженија што го носат името „Гоце Делчев“.

Цвеќе положи и велосипедистот Марјан Геoргиев. Тој денеска од Скопје го почнува хуманитарниот маратон „По патиштата на Мајка Тереза“, кој ќе заврши на 20 мај во Ватикан. 

Во рамки на чествувањето на годишнината, кое го организира Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, во Собранието беше врачена и државната награда „Гоце Делчев“ за 2009 година, за значајни остварувања во областа на науката

Годинашни добитници се д-р Нинослав Ивановски и д-р Ристо Гроздановски за трудот „Хронична бубрежна болест - превенција, клиника и терапија“, д-р Трајче Стафилов, д-р Роберт Шајн, д-р Златко Панчевски, д-р Блажо Боев, д-р Марина Фронтасјева и д-р Људмила Стрелкова за трудот „Геохемиски атлас на Велес и неговата околина“ и д-р Томе Неновски за трудот „Структура на јавните финансии во Република Македонија“. Наградата им ја врачи Георги Старделов, претседателот на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“.

Во историјата е забележано дека визионерот Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, бил убиен од турска војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Целта на неговото последно патување била да го спречи или одложи  востанието, кое во тие денови (2 до 7 мај) се договарало на Смилевскиот конгрес во домот на Даме Груев. Делчев сметал дека се уште не се созреани политичките услови за кревање востание што, сепак, ќе се случи на Илинден, три месеца подоцна.

Има различни гледишта и контрадикторни сознанија за смртта на Гоце Делчев. Историчарот Михајло Миновски објавил труд во кој по долги истражувања и врз основа на релевантни факти и изворна документација утврдил дека убиството на Делчев не било случајност или акција на безбедносните сили на османлиската држава за негово ликвидирање, туку предавство организирано од одредени  центри.

- Се работи за организирано предавство од Софија, од бугарските служби преку македонскиот врховен комитет  и неговите инсталации на теренот во Македонија. Делчев не бил следен од Солун, туку од Софија при заминување во Солун на средбата со Даме Груев за да се договорат за отповикување на одлуката за кревање востание. Непосредно по Илинденското востание органите на револуционерната организација спроведуваат истрага на теренот и предавниците кои непосредно учествувале во предавството се ликвидирани, што е потврдено со документ, изјави Миновски за медиумите.

Тој додаде дека со убиството на Гоце Делчев радикално се променила состојбата, тоа довело до трајни последици за ослободителното дело и подоцна до поделба на Македонија.

Краткиот, 31-годишен живот на Гоце Делчев почнал на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Во зачуваните писма, Делчев напишал дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население:

„Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие доброволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите“. хс/скс/14:21

 

 God.Goce.jpg

 God.Goce.jpg

Посети: {moshits}

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

« »

Најнови вести

Православен календар

06/09/2026 - недела

Светиот свештеномаченик Евтихиј; Светиот маченик Татион; Светата маченичка Сира; Преподобен Арсениј Комељски; Свети Георгиј Лимниот (Езерски);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Јоаким Осоговски  29 август/16 август  2026

Тропар на светиот Јоаким Осоговски 29 август/16 август 2026

Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец. Откако преку 

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како...

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная