логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

† СТЕФАН,
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО
СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 

Сети се на старите денови,
помисли за годините на поранешните поколенија[1].


Возљубени празникољупци,
Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата народна и црковна историја, денот кога го чествуваме споменот на светиот и славен пророк Илија, но и кога се сеќаваме на родољубивата и храбра борба на нашите предци за слобода, правда и чест.
Денешното празнување е длабоко врежано во спомените на нашиот слободољубив народ. Зашто Илинден не е само празнично одбележување, туку е и сеќавање коешто преобразува, коешто нè потсетува на богоугодните дела на светиот пророк Илија, но и на славните илинденци, и коешто нè повикува нивните вера и верба да останат да бидат наш пример и патоказ.
Светото Писмо ни го посведочува пророкот Илија како исповедник на вечно живиот Бог многу векови пред Христа. Одликувајќи се со исклучителна вера и честитост, тој истапил против постапките на тогашните цар и царица кои отпаднале од вистинскиот Бог.
Иако живеел во Стариот, светиот Илија се јавил и во Новиот Завет, на гората Тавор, заедно со Мојсеја, за време на Христовото преображение[2]. А пред крајот на светот повторно ќе дојде, како што пееме и во неговиот тропар: „Ангел во тело, столб на пророците, втор Претеча на Христовото доаѓање“[3].Возљубени во Господа,
Пророкот Илија го прославуваме како боговидец и ревнител за Божјото слово, како изобличител на беззаконите цареви и на лажните пророци. Таков бил свети Илија: чувар на Божјиот завет, постојан сведок Божји и будител на заспаната совест. Затоа, од нашиот народ неговиот празник бил избран за ден кога македонскиот народ се кренал на востание.
И денес, во времиња кога се поткопуваат моралните вредности низ светот и кога мнозина наметнуваат лажни верувања – светиот Илија нека ни биде пример за следба. Неговиот живот е сличен на историјата на македонскиот народ, која е исполнета со страдања, но и со надеж; со порази, но и со воскреснувања. Храбрите илинденски јунаци не се плашеле од оние кои можеле да го убијат телото[4], па храбро се кренале против петвековниот поробувач. Имајќи вера во Бога, тие биле подготвени на жртва за идните поколенија да живеат слободно. И токму на Илинден ја започнале борбата за слобода – борбата да бидат свои на своето и достоинствени пред историјата.
Инаку, троен е Илинден во македонската историја: првиот, од 1903 година, кога македонскиот народ се кренал на востание. Вториот, асномскиот Илинден, од 1944 година, го потврди правото на сопствена држава. Третиот, пак, од 1991 година, донесе независност и, иако само на дел од македонската земја, конечно дочекавме слободна и независна држава.
Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг којшто треба да се чува. Затоа, да се трудиме постојано да стоиме во слободата, со која Христос нè ослободи, и да не се подаваме повторно под ропски јарем[5].Возљубени родољупци,
И ние, наследниците на славните илинденци, се наоѓаме на историски крстопат, соочени со нови бури и премрежија. Затоа и нашето поколение треба да го продолжи илинденскиот подвиг и да го чува она коешто е стекнато со многу страдања и жртви.
Како македонски народ, Илинден нè повикува на покајание и на враќање кон светите вредности – кон: верата, правдата, честа и достоинството. Но, само доколку сме чесни, верни и воцрковени, ако се обединиме и се помириме како народ, ќе се одбраниме и ќе постоиме, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот[6].
Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,
Во времињата кога сме немале своја држава, Црквата била таа којашто нè чувала во сите овоземни бури. Во неа не се чувала само верата, туку и просветата и писменоста, културата и националната свест. Таа била народен дом во кој се чувала свеста за достоинството на македонскиот човек. И денес нашата Црква е жива и бодра Мајка, која постојано нè потсетува дека без верата во Христа нема ниту спасение, ниту национално опстојување.Затоа, како библиски народ, секогаш да се трудиме да останеме чеда Божји, исполнети со богољубие, родољубие и човекољубие. Да бидеме народ кој го памети и го живее славниот Илинден. Да ги негуваме илинденските идеали, зашто само така ќе ги сочуваме како наследство и аманет за идните македонски поколенија, каде и да живееме како народ. По примерот на свети Илија да бидеме бодри и ревносно да си ја чуваме прадедовската вера, па чувајќи си ја верата, да си ги запазиме и Црквата, и Татковината и националната посебност.
Во овие празнични мигови, да се помолиме семилостивот Бог да ги всели во рајската населба душите на сите кои се жртвувале за слободата на Македонија! Ним нека им е вечен споменот, а нас, нивните наследници, Бог нека нè чува и нека нè благослови! Амин!
Честит и вечен Илинден!† СТЕФАН,
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИзаедно со членовите на Светиот архијерејски синод
на Македонската Православна Црква
– Охридска Архиепископија† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† ЈОВАН, Митрополит Крушевско-демирхисарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски
† ГЕОРГИЈ, Митрополит Дебарско-кичевски
† НИКОЛА, Митрополит Австралиско-новозеландски
† ЈОАКИМ, Епископ Дељадровско-илинденски
† МАРКО, Епископ Делчевско-каменичкиИлинден, 2026-то лето Господово_____________________________________
[1] 5 Мојс 32, 7.
[2] Сп. Мт 17, 1–8; Мк 9, 2–8 и Лк 9, 28–36.
[3] Тропар на свети Илија.
[4] Сп. Лк 12, 4.
[5] Сп. Гал 5, 1.
[6] Ефес 4, 3.

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

« »

Најнови вести

Православен календар

 

02/07/2026 - недела

Светиот пророк Илија; Св.Пречистански преподобномаченици; Св. Илија, патријарх Ерусалимски и Св. Флавијан, патријарх Антиохиски; Све.мч. Николај Хашех ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 2 август/20 јули   2026

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 2 август/20 јули 2026

  Ангел во тело, столб на пророците,втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули  2026

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули 2026

На небесата гледајќи ја Божјата слава, а на земјата давајќи благодат од висините, началнику на ангелите, мудри Гаврииле, на Боќјата...

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2026

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2026

Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная