
Скопје,14.06.2026 г.-
Во храмот на св.вмч.Димитриј, во вторта нeделa по Педесетница,н прзникот на Преподобен Јустин Ќелиски; Светиот маченик Јустин Философ; Светите маченици Јустин, Харитон, Харита, Евелпист, Еракс, Пеон, Валеријан и Јуст; Преподобен Агапит Печерски;
свештеникот Томе Атансовски отслужи Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.



„Во Неделата на Сите Светии ги славиме оние што поминаа низ овој свет не оставајќи го своето име само врежано во мермер, туку доверено на прегратката и заштитата на самите Божји дланки.
Подвижници од карпите, маченици од соседството, мајки што бдееле над болно дете шепотејќи молитва, скромни луѓе кои во темнината го поделиле своето последно парче леб.Ако ги затвориш очите, можеш да го чуеш одекот на нивните чекори.
Тоа е „облакот на сведоците“ – невидливо собрание што нè опкружува. Тие не стојат далеку, на недостижни постаменти. Напротив, се наведнуваат над нас кога сме преморени, нè земаат за рака на тешките искачувања и нè потсетуваат дека небото не е празно пространство, туку дом исполнет со нашите браќа и сестри.Сите Светии се доказ дека човекот е создаден да свети.Тие нè гледаат од иконите со очи полни разбирање и ни шепотат:„Не плаши се од својата немоќ. И ние бевме од прав и земја. Но ѝ дозволивме на Светлината да помине низ нашите пукнатини.“







preminportl(k.t.)


























