Во 10 ден на месец Јуни, кога го славиме споменот на светиот Варлаам Охридски, ние Велестовци славиме еден мал јубилеј- почеток на едно навистина големо и благородно дело, во кое се вгради ова наше поколение и остави вреден залог за идните времиња -
ХРАМОТ ПОСВЕТЕН НА ВОВЕДЕНИЕТО БОГОРОДИЧНО.
Храм со лик што враќа во блесокот на златните векови на православието.
На сите организатори, дарители, помагатели, посетители им посакуваме добро здравје и благодатни сили од Бога, за и понатаму да продолжиме со големи достигнувања во крстовоскресната арена за стекнување на Христовиот венец на победата.
Воведенски Храм Населба Рача