Во чест на успението на преподобниот Георгиј Григоријатски,
Митрополитот Струмички г. Наум во сослужение на викарниот епископ г. Јаков Стобиски
отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Денес, на годишнината од твојот спомен,
христоносен Георгие, со твоите благодатни слова,
воскликнува монашкото множество:
Радувај се, родоначалнику духовен
на обновеното монаштво во Македонија.
Зраците на твојата богољубива душа,
оние што монахуваат, како светлина во мракот ги посакуваат.
Радувај се, богопросветен, од светот ослободен,
како патоказ на монасите душеполезен.
Светоста која ги опфаќа сиот ум и чистота,
како столб на вистината, сега те исправи пред Господа.
Него моли Го, да ги спаси и помилува душите наши.“
(слава од Вечерната богослужба)
Извор: МПЦ-ОА