Тишината и ладниот ветар ми зборуваат.
Птиците го бараат својот лет во сувата шума,
гледам во стариот манастирски конак,
колку е добро да се смееш.
Љубовта и смирението ми допираат,
Солзите сами ми навираат во очиве,
стрмните карпи се мојата душа.
Во далечината се слуша пискотот на птиците,
каква е оваа солза по мојот образ?
Телото ми трепери, устата ми се здрви,
онемев, можам ли да останам тука?
Срцето се весели, душата се буди,
набрзо ќе се чуе звукот на старата камбана.
Ладниот ветер шепоти, тоа сум јас;
Ладен, нем, без љубов и грижа.
Старите дабови сведочат за минатато,
коските на стариот игумен сеуште се на ридот,
колку е топло ова скриено место.
Неколку бледи сончеви зраци блеснаа над манастирската црква,
страшниот пискот на црниот гавран одекна низ карпите,
ладниот ветер се стиши,
Тој е тука.
06.04.2008 год.
Манастир Св.Никола с.Љубанци
Алимпиј
Посети:{moshits}