На 04.03.2015 Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Преспанско - пелагониски и Администратор Австралиско - новозеландски г. Петар и Повардарски г. Агатангел, како и бројно свештенство од Скопската епархија отслужи Парастос за учесниците на Првиот Црковно - народен собор во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје. На Парастасот присуствуваа Претседателот на Македонското собрание г. Трајко Вељаноски, Министерот за одбрана г. Зоран Јолески и Директорката на Комисијата за верски односи и религиозни групи г-ѓа Валентина Божиновска.
Извор: Скопска епархија