На 03.03.2015 по повод 70 години од Првиот Црковно - народниот собор за возобнување на Охридската архиепископија како Македонската православна црква се одржа Свечена академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, на која свое излагање имаа Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Претседателот на Собранието на Р. Македонија г. Трајко Вељаноски. Во оваа пригода, претходно во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје се отслужи Мало Повечерие со Акатист на Св. Климент Охридски.
Извор: Скопска епархија