логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Во ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА НА ВЕЛИКИОТ ПОСТ

 

Песна 1
Ирмос: Помошник и покровител ми стана во спасението. Он е мојот Бог и ќе Го прославам - Бог на мојот татко, и Него ќе Го возвисам, оти славно се прослави.
Припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме.
Од каде да почнам да ги оплакувам делата на мојот беден живот? И што да ставам за почеток на моето сегашно редење, Христе? Но, како Милосрден, дај ми прошка на гревовите.
Оди, бедна душо, со телото твое, на Творецот на сите исповедај се, и од поранешното безумство натаму ослободи се; и, во покајание, на Бога солзи принеси Му.
Престапот на првосоздадениот Адам подражавајќи го, откажан се познав од Бога, и од Царството вечно и наслада, поради моите гревови.
Тешко мене, душо бедна! Зошто на првата Ева си се уподобила? Оти зло си видела и тешко си се ранила; дрвото си го допрела и од безумната храна слободно си вкусила.
Наместо телесната Ева, ми се јави духовна Ева - страсна помисла во плотта, која ми покажува наслади, и со горчлива напивка секогаш ме напојува.
Адам праведно беше истеран од рајот, оти не ја запази Твојата единствена заповед, Спасителу; а јас колку ќе пострадам, отфрлајќи ги постојано Твоите животворни зборови!
Слава: троичен: Надсуштествена Троице, славена во Единица! Тешкото гревовно бреме земи го од мене и, како Милосрдна, дај ми солзи на смирение.
Богородичен: Богородице, надеж/и застапнице за нас што ти пееме! Тешкото гревовно бреме, земи го од мене и, како Чиста Владичица, мене покајникот прими ме.


Песна 2
Ирмос: Чуј ме, небо, и ќе прозборам и Христа ќе Го воспеам, Кој во тело дојде од Дева.
Чуј ме, небо, и ќе прозборам! Земјо, слушни го гласот на оној што се кае пред Бога и Го воспева.
Чуј ме, Боже, мој Спасителу, со Твоето око милостиво, и прими го моето топло исповедање.
Згрешив повеќе од сите луѓе; Тебе единствениот Ти згрешив! Но, како Бог, Спасителу, смилувај се на Твоето создание.
Откако ликот свој го нагрдив со страстите мои, убавината на умот ја загубив со желби сладострасни.
Бура од зла ме држи, Милостив Господи; но, како на Петар, и мене рака подај ми.
Облеката на моето тело ја осквернив и го извалкав, Спасителу, она што е по образ (Божји) и подобие.
Душевната красота со сладострстие ја помрачив и сиот ум во кал целосно го претворив.
Ја искинав сега мојата прва облека, која на почетокот од Создателот ми беше исткаена, и затоа лежам необлечен.
Се облеков во риза искината, што ми ја истка змијата злонамерно, и ете ме сиот посрамен.
Како блудницата, и јас леам солзи пред Тебе, Штедре! Очисти ме, Спасителу, со Твоето милосрдие.
Ја видов убавината на дрвото и со умот се измамив: затоа лежам необлечен и се срамам.
Врз плеќите мои работеа сите демонски началници, продолжувајќи го врз мене нивното беззаконие.
Слава: троичен: Единствениот Бог на сите, во три лица Го пеам: Отецот и Синот и Светиот Дух.
Богородичен: Пречиста Богородице Дево, единствена сепеана, прилежно моли се да бидеме спасени.

Песна 3
Ирмос: На неподвижниот камен на Твоите заповеди, Христе, утврди ја мојата помисла.
Кога во она време Господ пушти оган како дожд, ја изгоре земјата содомска.
На гората спасувај се, душо, како оној Лот, и во Сигор засолни се.
Бегај од пламенот, душо моја, бегај од огнот содомски, бегај од гибелта на пламенот божествен.
Тебе единствениот Ти згрешив! Згрешив повеќе од сите, Христе Спасителу, да не ме презираш мене.
Ти си Добриот Пастир: мене јагнето побарај ме и заблудениот не презирај ме.
Ти си сладок, Исусе, Ти си мој, Создателу! Во Тебе се оправдувам, Спасителу.
Ти се исповедам Тебе, Спасителу, згрешив, Ти згрешив, но олесни, прости ми, како Милосрден.
Слава: троичен: О, Троице Единице, Боже, спаси не од прелест, искушенија и неволи.
Богородичен: Радувај се, утробо што Го прими Бога! Радувај се, престолу на Господа! Радувај се, Мајко на Животот наш.

Песна 4
Ирмос: Пророкот го слушна доаѓањето Твое, Господи, и се исплаши, дека сакаш од Дева да се родиш и на луѓето да им се покажеш, и говореше: го слушнав гласот Твој и се исплашив: слава и на силата Твоја, Господи.
Делата Твои не презирај ги, созданието Твое не оставај го, Судијо праведен, иако јас како човек Ти згрешив повеќе од секој човек, Човекољупче! Но, како Господ на сите, имаш власт да проштеваш гревови.
Се наближува крајот, душо, се наближува, а ти не се грижиш, ниту се подготвуваш; времето се скратува, стани, Судијата е близу до вратата. Како сон, како цвет, времето на животот тече. Зошто напразно се буниме!?
Разбуди се, душо моја, размисли за делата твои што си ги сторила, и принеси ги пред лицето твое, и со капки од солзи облеј ги; слободно кажи Му ги на Христа делата и помислите и оправдај се.
Немаше во животот ни грев, ни дело, ниту зло со кое јас, Спасителу, не се осквернив: со ум, со збор, доброволно, со намера и мисла, и со дело згрешив, како никој друг и никогаш.
Оттука и осуден бев, затоа и прекорен бев од совеста своја, бедниот јас, од која ништо на светов понужно не е. Судијо и Избавителу мој, Кој ме познаваш, поштеди ме, и избави ме; и мене, Твојот слуга, спаси ме.
Скалата, што одамна големиот патријарх (Јаков) ја виде, укажува, душо моја, на делотворно искачување и духовно издигнување. Затоа, ако сакаш со дело, со разум и со созерцание да поживееш, обнови се.
Патријархот, за да ги добие двете жени, дневната пот на сиромаштијата ја трпеше и ноќниот студ го поднесуваше; секојдневно заработуваше, стадата ги пасеше, се трудеше и служеше.
Двете жени разбери ги како дејствувањето и созерцавањето: дејствувањето како Лија многудетната, а созерцавањето како Рахила многуработливата: оти без подвизи, душо, не се постигнува ни дејство, ни созерцавање.
Слава: троичен: Неразделно по суштина, неслеано по лица, Те богословам, троично и единствено Божество. Како едноцарствено и сопрестолно, Ти пеам голема песна, во висините тројно славена.
Богородичен: И раѓаш и девствуваш, и во двете по природа остануваш Дева. Оној што се роди, законите на природата ги обновува. Раѓа утроба, како да не раѓа. Каде што сака Бог го победува природниот поредок, оти се што сака Он тоа и го прави.

Песна 5
Ирмос: Мене, кој од ноќта поранувам, просвети ме Човекољупче, и се молам: Упати ме на заповедите Твои и научи ме, Спасителу, да ја творам волјата Твоја.
Во ноќ го минував секогаш мојот живот; оти за мене тоа беше ноќ на гревот, темнина и магла длабока. Но Ти, Спасителу, како син на денот покажи ме.
Рувим подражавајќи го, бедниот јас, совет законопрестапен против Бога Вишниот направив, кога ја осквернив постелата моја, како тој татковата.
Ти се исповедам, Христе Цару, згрешив и презгрешив, како некогаш браќата кои го продадоа Јосифа, кој беше плод на чистота и целомудрие.
Душата праведна од сродниците беше врзана и во ропство слаткиот беше продаден, како предобраз на Господа: ти, пак, цела душо, на твоите злодела си се продала.
Животот на праведниот Јосиф беше врзан од неговите браќа, и младото момче беше во ропство продадено, како предобраз на Господа; а ти, душо моја, на твоите гревови си се продала.
Ако некогаш Јосиф и во јама поживеа, Владико Господи, тоа беше праобраз на Твоето погребение и воскресение. А јас, кога такво нешто ќе Ти принесам?
Слава: троичен: Тебе, Троице, Те славиме - Бога единствениот: Свет, Свет, Свет си Оче, Сине и Духу, просто суштество, Единице секогаш славена.
Богородичен: Од тебе се облече во мојата природа, нетлена, безмажна Мајко Дево, Бог Кој ги создаде вековите, и во Себе ја соедини човечката природа.

Песна 6
Ирмос: Повикав од се срце кон Штедриот Бог, и ме слушна од најдолниот ад и го изведе од гибел животот мој.
Солзи од очите мои и воздишки од длабочината чисто Ти принесувам, Спасителу, а срцето вика: Боже, Ти згрешив, очисти ме!
Си се оддалечила, душо, од Твојот Господ, како Датан и Авирон. Но, повикај од најдолниот ад: Боже, поштеди ме, за да не те покрие земната бездна.
Како јуница разбеснета, душо, на Ефрема си се уподобила; но, како срна од замка, пази го животот свој, откако умот ќе го окрилиш со дела и созерцание.
Раката Мојсеева, душо, нека не увери како Бог може еден живот лепрозен да го избели и очисти; и не очајувај за себе и кога си лепрозна.
Слава: троичен: Јас сум Троица проста, неразделна, но по лица разделена и Јас сум Единица, по природа соединета, вели Отецот и Синот и Духот Божествен.
Богородичен: Утробата твоја Бога ни Го роди, во нам сличен облик: Него, како Создател на сите, моли Го Богородице, по молитвите твои да се оправдаме.

Кондак, глас 6: Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува, ќе се збуниш. Затоа разбуди се, за да те поштеди Христос Бог, Кој е насекаде и се исполнува.

Песна 7
Ирмос: Згрешивме, против законите живеевме, неправедни бевме пред Тебе. Ниту запазивме, ниту извршивме како што си ни заповедал. Но не отфрлај не до крај, Боже на татковците.
Згрешив, противзаконски живеев и Твојата заповед ја отфрлив, оти во гревови се родив и врз раните нови красти си додадов. Но, Самиот Ти помилуј ме, како Милосрден, Боже на татковците.
Тајните на моето срце Ти ги исповедав Тебе, на мојот Судија: види го моето смирение, види ја и тагата моја, и внимавај сега кога ми судиш и Самиот помилувај ме, како Милосрден, Боже на татковците.
Како што Саул некогаш ги загуби магариците на својот татко и ненадејно го најде своето царско достоинство, така и ти, душо, пази да не се заборавиш   и твоите скотски похоти да не ги засакаш повеќе од Царството Христово.
Ако богоотецот Давид некогаш згреши двојно, прободен од стрелата на прељубата, а потоа со смртоносното копје, со казна поради убиството, самата ти, душо моја, страдаш уште повеќе под товарот на твоите похоти.
Давид некогаш на едно беззаконие му додаде и друго беззаконие: откако на прељубата и додаде и убиство, веднаш потоа покажа и двојно покајание. Но самата ти, душо, направи уште полоши дела, кога пред Бога не се покаја.
Сликата за своето покајание Давид некогаш ја преточи во песна, со која делото што го направи го изобличи, викајќи: Смилувај се на мене, Боже, зашто Тебе единствениот Ти згрешив, Боже на сите, Самиот Ти очисти ме.
Слава: троичен: Троице проста, неразделна, едносушна и естетство едно; Светлини и Светлина; и Тројца Свети и Едно Свето, се пее Бог Троица; но запеј, прослави Го, душо, Животот и Животите, Бога на сите.
Богородичен: Ти пееме, те благословуваме, ти се поклонуваме, Богородице, зашто од неразделна Троица си Го родила единствениот Христос Бог, и нам кои сме на земјата, самата ни го отвори она што е небесно.

Песна 8
Ирмос: Оној што небеските војски Го слават, и од кого треперат херувимите и серафимите, се што дише и секоја твар, пејте Му, благословувајте Го и превозносете Го во сите векови.
Мене кој згрешив, Спасителу, помилуј ме; умот мој подигни го за обраќање; прими ме мене, кој се каам, смилувај се на мене, кој викам: Ти згрешив, спаси ме; против законите работев, помилуј ме.
Коларот Илија, со колата на добродетелите се искачи на небото, издигнувајќи се тогаш над се што е земно: за вакво издигнување размислувај, душо моја.
Елисеј некогаш, кога ја прими наметката од Илија, прими двојна благодат од Бога: Ти, пак, душо моја, не ја прими оваа благодат, поради невоздржување.
Течението на Јордан застана и од едната и од другата страна, кога Елисеј го удри со наметката на Илија: ти, пак, душо моја, не прими од ова благодат, поради невоздржување.
Жената Сунамитка со добра нарав, некогаш угости праведник: а ти, душо моја, во својот дом не си вовела ни туѓинец, ниту патник: затоа со плачење ќе бидеш исфрлена од брачната палата.
Бедна душо, секогаш си го подражавала осквернетиот разум Гиезиев: барем на старост, отфрли ја неговата алчност, бегај од огнот пеколен и отстапи од твоите лошотии.
Слава: троичен: Беспочетен Оче, Сину собеспочетен, и Утешителу Благи, Духу вистински: Родителу на Божјото Слово, Слово на беспочетниот Отец, Духу Кој живееш и твориш; Троице, Единице, помилуј не.
Богородичен: Како од тенко црвено платно, Пречиста - умна багренице Емануилова, во твојата утроба беше исткаено телото Негово. Затоа навистина те почитуваваме како Богородица.

Песна 9
Ирмос: О д бессеменото зачнување, раѓање неискажливо; од безмажна мајка, нетлен плод; оти Божјото раѓање ја обновува природата; затоа сите народи, како Богоневесна Мајка, православно те величаме.
Умот ми е крастосан, телото се разболе, духот боледува, зборот изнеможе, животот се умртви, крајот е пред вратите: затоа, душо моја бедна, што ќе направиш кога ќе дојде Судијата да испита се што е твое?
Ти го предочив, душо, создавањето на светот, според Мојсеја, и сето Старозаветно писмо од него, кое ти ја раскажува историјата на праведните и неправедните: но ти, душо, си ги подражавала вторите, а не првите, на Бога грешејќи Му.
Законот изнеможе, Евангелието не делува, небрежен беше кон целото Писмо, пророците повеќе немаат моќ, како и секој праведен збор: раните твои, душо, се намножија, оти немаш повеќе лекар да те излекува.
Ти приведувам примери од Новиот завет, кои те водат, душо, кон покајание: праведните подражавај ги, а од грешните одвраќај се, и умилостиви Го Христа со молитви и пост, во чистота и набожност.
Христос се вочовечи, и ги повика на покајание разбојниците и блудниците: душо моја, покај се, вратата на Царството веќе се отвори, и го преземаат фарисеите и митарите, и прељубодејците, кои се каат.
Христос се вочовечи, и со моето тело се соедини, и се што е од нашата природа, освен гревот, доброволно го прими, покажувајќи ти со тоа, о душо, пример и слика на Своето понижување.
Христос мудреците ги спаси, пастири повика, мноштво дечиња - маченици ги покажа, старци прослави и стари вдовици: а ти, душо, нив не си ги подражавала, ни со дела ни со живот: но тешко тебе, кога ќе бидеш судена.
Откако испости четириесет дена во пустината, Господ најпосле огладне, покажувајќи го Своето човештво: душо, да не се обесхрабриш, ако непријателот те нападне, со молитва и пост од нозете твои ќе се одбие.
Слава: троичен: Отецот да Го прославиме, Синот да Го превознесеме, на Божествениот Дух верно да Му се поклониме - на Троица неразделна, по суштина Единица, како на Светлина и Светлини, Живот и Животи, животворен и Кој ги просветлува сите краишта.
Богородичен: Градот твој пази го, Богородице Пречиста, зашто со твоја помош тој верно царува, во тебе се утврдува, и со тебе победува секое искушение, и воини запленува и напредува во послушание.

 

Преподобен оче Андрее, моли Го Бога за нас.
На Андреј: Андрее чесен, и оче најблажен, пастиру критски, не престанувај да се молиш за оние што ти пеат: Да се избавиме сите од гнев и неволи, и гибел, и безмерни прегрешенија, ние кои твојот спомен верно го почитуваме.


Потоа обата хора го пееме ирмосот: Од бессеменото зачнување: и остатокот од службата на Големо Повечерие.

 sv.andrej.kritski.jpg

Свети Андреј, архиепископ Критски

Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и се потстрижи во лаврата на Св. Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската (едноволничка) ерес - којашто учеше дека Господ Исус ја немаше човечката волја, туку само Божетсвената - во Цариград се собра Шестиот Вселенски Собор, во 681 година, во времето на царувањето на Константин Брадестиот. Ерусалимскиот патријарх Теодор не можеше да оди на Соборот, туку го испрати како свој ополномоштеник овој Андреј, тогаш архиѓакон. На Соборот Андреј ја покажа својата надареност, беседништво, ревност кон верата и необичната расудливост. Откако помогна да се утврди Православната Вера, Андреј се врати на својата должност во Ерусалим. Подоцна беше избран и поставен за епископ на островот Крит. Како архиереј беше многу омилен кај народот. Ревнуваш многу за Православието и ги сотираше крепко сите ереси. Со своите молитви чудотвореше. Ги протера Сарацените од островот Крит. Напиша многу поучни книги, песни и канони, од кои најпознат е Великиот Канон на Пресвета Богородица, којшто се чита во четвртокот на петтата недела од Чесниот Пост. По надворешниот изглед беше таков, што секој којшто ќе го видеше неговото лице и ќе ги чуеше неговите медоточни зборови, се насладуваше и се поправаше.“ Смртта си ја претскажа еднаш кога се враќаше од Цариград кон Крит, велејќи дека нема да стаса дома. Така и се случи. Додека коработ минуваше крај островот Митилена, овој светилник на Црквата го заврши својот земен живот и се пресели со душата во Царството на Христос, во 712 година.(Од Верскиот календар на МПЦ)

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

 

Друго:

 

11ти март 2019 лето Господово

 

Преминпортал (к.т.)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная