логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Во ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА НА ВЕЛИКИОТ ПОСТ


ПОВЕЧЕРИЕ

Го пееме продолжението од канонот на свети Андреј Критски. Глас 6.
Песна 1

Ирмос (по двапати): Помошник и покровител ми стана во спасението. Он е мојот Бог и ќе Го прославам - Бог на мојот татко, и Него ќе Го возвисам, оти славно се прослави.
Припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме.
Каиновото убиство го надминав и своеволно станав убиец на совеста душевна, откако телото го оживеав и против него војував со моите зли дела.
На правдата Авелова, Исусе, не се уподобив, Тебе пријатен дар никогаш не Ти принесов: ни дела божествени, ниту жртва чиста, ниту живот непорочен.
Како Каин и ние, бедна душо, на Создателот на се Му принесовме дела нечисти, и жртва порочна, и живот неполезен: затоа и се осудивме.
Кога калта ја оживеа, Создателу, Ти си ми дал тело и коски, и дишење и живот: но, о Творецу мој, Избавителу мој и Судијо, мене кој се каам, прими ме.
Ти ги исповедам, Спасителу, гревовите што ги направив, и раните на мојата душа и тело, што ми ги нанесоа убиствените и разбојнички помисли.
Иако згрешив, Спасителу, знам дека си Човекољубец и дека милостиво казнуваш, и топло милуваш; оној што солзи рони го гледаш, и како таткото притрчуваш, заблудениот (син) да го примиш.
Слава: троичен: Надсуштествена Троице, почитувана во Единица, тешкото бреме гревовно земи го од мене и, како Милосрдна, дај ми солзи на покајание.
Богородичен: Богородице, на оние што ти пеат, надеж и застапнице! Тешкото бреме гревовно земи го од мене и, како чиста Владичица, мене кој се каам, прими ме.

Песна 2
Ирмос: Чуј ме, небо, и ќе прозборам и Христа ќе Го воспеам, Кој во тело дојде од Дева.
Гревот, кој од боготкаената облека ме лиши, кожна риза ми соши.
Обложен сум со облека срамна, како со лисја смоквини, заради осуда на моите страсти доброволни.
Се облеков во риза срамна и гнасно окрвавена, со течењето на страсниот и сластољубив живот.
Во гибел страсна и гнилеж вештествена паднав и оттогаш па до сега, ѓаволот ме исмејува.
Во животот повеќе го ценев богатството и телесните наслади, отколку сиромаштвото, Спасителу, затоа сега сум обложен со тешко бреме.
Својот телесен кип го украсив со разни накити од нечисти мисли и со тоа се осудувам.
Ревносно се погрижив само за надворешното украсување, откако ја презрев внатрешната боголика скинија.
Со страсти ја погребав првата убавина на ликот, Спасителу, но Ти, побарај ја и најди ја, како некогаш драхмата (загубена).
Како блудницата Ти повикувам: Згрешив, Спасителу, Тебе единствено Ти згрешив, прими ги и моите солзи како мирото.
Како митарот Ти повикувам: Очисти ме, Спасителу, очисти ме, зашто никој од синовите Адамови не Ти згрешил како мене.
Слава: троичен: Го воспевам единствениот Бог на сите во три лица: Отецот и Синот и Светиот Дух.
Богородичен: Пречиста Богородице Дево, единствена сепеана, прилежно моли се, да се спасиме.

Песна 3
Ирмос: Господи, утврди го моето расколебано срце врз каменот од Твоите заповеди, зашто си единствен свет и Господ.
Мојот извор на живот е во Тебе - Победителот на смртта: затоа, пред крајот, од се срце Ти викам: Згрешив, очисти ме и спаси ме.
Згрешив, Господи, Тебе Ти згрешив, очисти ме, оти меѓу луѓето нема грешник кого не сум го надминал со моите гревови.
Сакав да ги подражавам, Господи, оние што блудствуваа за времето на Ноја, но ја наследив и нивната осуда - уништување во потопот.
Душо моја, ти го подражаваше примерот на Хам кој не покажа почит кон својот татко (Ное), кога не го покри неговиот срам, повлекувајќи се и наназад гледајќи.
Душо моја, бегај од гревот како Лот од огнот, бегај од Содом и Гомор, бегај од пламенот на секаква безумна желба.
Помилуј ме, Господи, Ти викам: Помилуј ме, кога ќе дојдеш со Твоите ангели да им дадеш на сите според нивните дела.
Слава: троичен: Троице проста, несоздадена, беспочетно естество, во три ипостаси пеана: спаси не нас, кои со вера на Твојата моќ и се поклонуваме.
Богородичен. Безвремениот Син на Отецот, во времето без маж си Го родила, Богородице! Необично чудо - доејќи, остануваш Дева.

Песна 4
Ирмос: Пророкот го слушна доаѓањето Твое, Господи, и се исплаши, дека сакаш од Дева да се родиш и на луѓето да им се покажеш, и говореше: го слушнав гласот Твој и се исплашив: слава и на силата Твоја, Господи.
Биди будна, душо моја, и бори се како некогаш големиот патријарх (Јаков), да стекнеш дела со разум, да бидеш ум што Го гледа Бога, да го достигнеш незаодниот самрак на божественото созерцание и да бидеш негов голем корисник.
Кога големиот патријарх (Јаков) ги роди дванаесетте патријарси, таинствено направи скала, душо моја, за твоето делотворно искачување, премудро поставувајќи ги децата за темели и скалила за искачувањето.
Исав омразениот си го подражавала, душо, на твојот измамник си му го отстапила првенството на првата доброта, и од татковскиот благослов си се лишила и двапати си се лизнала, бедна: со дело и со разум; затоа сега покај се.
Исав се нарече Едом, поради неговата крајно женопохотлива природа, бидејќи постојано беше распалуван од невоздржување и од страсти осквернуван. Тој беше именуван Едом, што значи разгорување на душа гревољубива.
Кога си слушнала, душо моја, дека Јов се оправдал на ѓубриште, примерот на неговата храброст не си го следела, иако од оние што ги знаеш и што си ги искусила, поцврст пример од неговиот не си имала, сепак си се покажала нетрпелива.
Оној што отпрвин на престол седеше, сега гол и гнојосан на ѓубриште лежи; порано многудетен и славен, сега ненадејно бездетен и бездомен; палатата беше заменета со буниште, а бисерите со красти.
Слава: троичен: Неразделно по суштина, неслеано по лица, Те богословам, Троично Божество и единствено, како едноцарствено и сопрестолно, Ти пеам песна голема, во висините тројно славена.
Богородичен: И раѓаш и девствуваш, и во двете по природа остануваш Дева. Оној што се роди, законите на природата ги обновува, зашто раѓа утроба, како да не раѓа. Каде што сака Бог, го победува природниот поредок, оти се што сака Он тоа и го прави.

Песна 5
Ирмос: Мене, кој од ноќта поранувам, просвети ме Човекољупче, и се молам: Упати ме на заповедите Твои и научи ме, Спасителу, да ја творам волјата Твоја.
Си слушнала за кошничето Мојсеево, душо, носено од водите и брановите речни, како во царска палата, кој бегаше од лошата намера на фараонот што сакаше да го убие.
Иако на бабиците им беше заповедено да ги убиваат машките (еврејски) деца, тие го послушаа советот на мудроста, бедна душо, и тоа не го правеа: сега и ти, како големиот Мојсеј, цицај (млеко) од Премудроста.
Како што големиот Мојсеј го уби Египќанецот, така и ти, бедна душо, си го ранила умот, но не си го убила: како тогаш ќе се вселиш во пустината на страстите, со покајание, кажи ми!?
Големиот Мојсеј се насели во пустината; затоа оди и ти, душо, и неговиот живот подражавај го, та и ти да го созерцаваш јавувањето на Бога во капината.
Размислувај, душо, за жезолот Мојсеев, кој го удира морето и го згуснува дното, како праобраз на божествениот крст, со кој можеш и ти да правиш големи работи.
Арон Му принесуваше на Бога оган чист и непорочен; но Офниј и Финес, како и ти душо, му принесуваа живот нечист и необичен.
Слава: троичен: Тебе, Троице, Те славиме, единствениот Бог: Свет, Свет, Свет си Оче, Сине, и Духу: просто суштество, Единице секогаш славена.
И сега: богородичен: Од тебе - нетлена, безмажна, Мајко Дево, Бог Кој ги создаде вековите, го прими нашето тело и со Себе ја соедини човечката природа.

Песна 6
Ирмос: Повикав од се срце кон Штедриот Бог, и ме слушна од најдолниот ад и го изведе од гибел животот мој.
Брановите од моите гревови ненадејно ме потопија, Спасителу, како некогаш Црвеното Море Египќаните.
Си направила неразумен избор, душо моја, како некогаш Израил: наместо божествената мана, безумно го избра сластољубивото прејадување со страстите.
Душо, си ги претпочитала кладенците на хананејските мисли, одошто изворот од каменот, од кого, како од чаша, се излева река на премудроста и на богопознанието.
Свинско месо и казани, и египетска храна си претпочитала, душо моја, повеќе одошто небесната (храна), како некогаш неразумните луѓе во пустината.
Кога Твојот слуга Мојсеј со жезолот го удри каменот, ги прасликуваше Твоите живоносни ребра, Спасителу, од кои сите ние црпеме вода на животот.
 
Испитај, душо, и разгледај, како Исус Навин земјата ветена, каква е, и всели се во неа, пазејќи ги законите.
Слава: троичен: Троица сум проста, нераздела, а по лица разделна; и Единица сум, по природа соединета, вели Отецот и Синот и Светиот Дух.
Богородичен: Утробата твоја Бога ни Го роди, според наш образ: Него, како Создател на сите, моли Го, Богородице, по твоите молитви да се оправдаме.
Кондак: Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш, крајот се приближува, ќе се збуниш. Затоа разбуди се, за да те поштеди Христос Бог, Кој е насекаде и се исполнува.

Песна 7
Ирмос: Згрешивме, против законите живеевме, неправедни бевме пред Тебе. Ниту запазивме, ниту извршивме како што си ни заповедал. Но не отфрлај не до крај, Боже на татковците.
Кога Ковчегот (на заветот) беше носен на кола, некој си Зан се допре до него, кога воловите скршнаа; но поради тоа го искуси гневот Божји. Немој да ја подражаваш смелоста негова, душо, туку чесно почитувај ги божествените нешта.
Си слушала за Авесалом и за неговиот бунт против природата; знаеш за неговите скверни дела, со кои ја оскверни постелата на татка си Давида! Но ти, душо, сепак си ги подражавала неговите страсни и сластољубиви желби.
Твоето слободно достоинство, на телото свое си му го покорила и, кога најде друг непријател - Ахитофел, душо, неговиот совет си го послушала. Но овие Самиот Христос ги уништи, за да бидеш ти сигурно спасена.
Чудесниот и со благодатта на Премудроста исполнет Соломон, кога еднаш пред Бога зло направил, од Него отстапил. А ти, душо, со твојот проклет живот, нему си се уподобила.
Љубителот на премудроста (Соломон), привлечен од сладоста на своите страсти, се оскверни и, за жал, стана љубител на блудни жени и од Бога се отуѓи. А ти, душо, него со умот си го подражавала, со желби сладострасни.
Ровоама си го подражавала, душо, кој татковиот совет не го послуша, како и поранешниот отпадник, лошиот слуга Јеровоам. Но од подражавањето бегај и кон Бога повикај: Згрешив, помилувај ме.
Слава: троичен: Троице проста, неразделна, едносушна и естество едно: Светлини и Светлина; и Тројца Свети, и Едно Свето - се пее Бог Троица. Но, душо, запеј и прослави Го Животот и Животите, и Бога на сите.
Богородичен: Ти пееме, те благословуваме, ти се поклонуваме, Богородице, зашто си Го родила единствениот Христос Бог, Кој е неразделен од Троица, и самата си ни ги отворила небесата, нам кои сме на земјата.

Песна 8
Ирмос: Оној што небеските војски Го слават, и од кого треперат херувимите и серафимите, се што дише и секоја твар, пејте Му, благословувајте Го и превозносете Го во сите векови.
Следејќи го примерот на Озиј, душо, си ја заработила и неговата двојна лепра: бидејќи неумесно мислиш и противзаконски дела правиш; затоа остави се што имаш и започни да се каеш.
Си слушала за Ниневјаните кои се каат пред Бога, во вреќи и пепел, душо, но нивниот пример не си го следела, туку си се покажала полоша од сите, коишто и пред законот, и по законот згрешиле.
Си слушала за (пророкот) Јеремиј, душо, кој во јама од кал градот Сион го оплакуваше и солзи бараше: неговиот живот плачовен подражавај го и ќе бидеш спасена.
Кога го предвиде обраќањето на Ниневјаните, Јона во Тарс побегна, оти како пророк го разбра Божјото милосрдие: затоа се трудеше пророштвото да не се покаже лажно.
Си слушала, душо, за Даниил кој во јамата им ги затвори муцките на ѕверовите. Си дознала и за момчињата кои беа со Азариј, како со вера огнот во разгорената печка го изгаснаа.
Сите примери од Стариот Завет ти ги приведов, душо: богољубивите дела на праведниците подражавај ги, а примерите на лошите одбегнувај ги.
Слава: троичен: Беспочетен Оче, Сину собеспочетен, Утешителу Благи, Духу вистински: на Словото Божјо Родителу, на беспочетниот Отец - Слово, Духу Кој живееш и твориш - Троице-Единице, помилуј не.
Богородичен: Како од тенко црвено платно, Пречиста - умна багренице Емануилова, во твојата утроба Неговата плот беше исткаена. Затоа навистина те почитуваме како Богородица.

Песна 9
Ирмос: ОД бессеменото зачнување, раѓање неискажливо; од безмажна мајка, нетлен плод; оти Божјото раѓање ја обновува природата; затоа сите народи, како Богоневесна Мајка, православно те величаме.
Христос искушуван беше, а ѓаволот Го искушуваше, барајќи од Него камењата лебови да ги направи; на (висока) планина Го одведе, за миг сите царства да ги види. Душо, од стапицава исплаши се, отрезни се, и во секој час на Бога моли Му се.
Грлицата пустинољубива, гласот на оној што вика, Христовиот светилник, кој проповеда покајание: Ирод незаконски со Иродијада живее. Гледај, душо, да не се заплеткаш во противзаконски замки, но покајанието прегрни го.
Во пустината се всели Претечата на благодатта, и кога слушнаа, од цела Јудеја и Самарија трчаа кај него и гревовите свои ги исповедаа, и се крштаваа. Душо, ти нив не си ги подражавала!
Бракот е чесен, постелата е неосквернета, зашто Христос и двата порано ги благослови, кога во тело јадеше, и на свадбата во Кана водата во вино ја претвори, и првото чудо го направи, за да се измениш ти, о душо.
Христос го крена раслабениот, кој својот одар го зеде; го воскресна умрениот син на вдовицата и слугата на капетанот и, кога и се јави на Самарјанката, те научи, душо, на Бога да Му се поклонуваш со дух и вистина.
Со допир до крајот од Неговата облека Господ ја излекува жената крвоточива, лепрозните ги очисти, слепите и куците ги исправи, откако ги просветли; а глувите и немите, и жената згрчена, со збор ги исцели, та и ти да се спасиш, бедна душо.
Слава: троичен: Отецот да Го прославиме, Синот да Го превознесеме, на Божествениот Дух верно да Му се поклониме, на Троица неразделна, Единица по суштина, како на Светлина и Светлини, Живот и Животи, Кој живот твори и сите краишта ги просветлува.
Богородичен: Градот твој пази го, Богородице Пречиста, зашто со твоја помош тој верно царува, во тебе се утврдува, и со тебе победува секое искушение, и воини запленува и напредува во послушание.


Преподобен оче Андрее, моли Го Бога за нас.

sv.andrej.kritski.jpg


На св. Андреј: Андрее чесен, и оче најблажен, пастиру Критски, не престанувај да се молиш за оние што ти пеат: да се избавиме сите од гнев и неволи, и гибел, и безмерни прегрешенија, ние кои твојот спомен верно го почитуваме.


Потоа и двата хора (певници) го пеат ирмосот: Од бессеменото зачнување, раѓање неискажливо; од безмажна мајка, нетлен плод; оти Божјото раѓање ја обновува природата; затоа сите народи, како Богоневесна Мајка, православно те величаме.

 Која е смислата и значењето на канонот на Свети Андреј Критски?

Значењето на овој канон е повикот за покајание, повикот за промена на начинот на нашиот живот, според учењата на Спасителот Христос. Канонот се нарекува Голем, бидејќи во него има околу 250 тропари. Содржината на тие тропари нè упатува на Светото Писмо. Во канонот се опишани голем број на настани од Свештената историја. Преку примерот на библиските настани, се покажува дека Бог им простува на луѓето, дури и покрај големите падови, потсетувајќи не дека покајанието – е промена во начинот на живот, односно радикална промена во животот.

Во еден од тропарите на канонот постои таков израз:„Самиот на себе идол си станав, со страсти наштетувајќи и на душата моја, Милосрден“). Значењето на овие зборови е многу длабоко: човек, задоволувајќи ги своите страсти, станува идол на самиот себеси. Ние самите си служиме и се фалиме себеси, правиме сè за себе, се гледаме себеси како извор на нашата сила и успех, веруваме само во себе и се потпираме само на нас самите. Ете, кон што нè доведува угодувањето на страстите. Во канонот, исто така, се говори дека ние не треба да бидеме идоли на самите себеси, односно да не постоиме заради угодување на себеси, туку да живееме според Божјите Заповеди. Канонот на Свети Андреј Критски, е потсетник дека Бог е Оној, Кој спасува, простува и милува, и ни дава можност да се преродиме духовно.

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

 

Друго:

12ти март 2019 лето Господово

 

 

Преминпортал (к.т.)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная