логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

 efrem-sirin

15/03/2016   Поуки - совети

Молитвата на свети Ефрем Сириски се чита секојдневно за време на Чесниот пост на крајот од секоја служба (освен во сабота и недела), а верниците тогаш прават метанија и се молат „Боже, очисти ме мене, грешниот“.

Светиот Лука Кримски ја нарекува молитва на чистото срце, затоа што се излеала од совршено очистеното срце на великиот подвижник. Оттука и таквата моќ и таквото таинствено дејство на оваа чудесна молитва врз христијанското срце. Преподобен Ефрем Сириски не само што Го моли Бога да му даде дух на добродетели и да го ослободи од духот на пороците, туку Го моли и да нема ни трага од пороците, и душата да му биде во Христа благомирисна, оти е многу полесно човек да се ослободи од поодделни пороци, отколку од самиот дух на тие пороци.

Бидејќи мрзеливоста е мајка на сите пороци, преподобниот Ефрем Сириски својата молитва ја започнува вака: „Господи и Владико на мојот живот, дух на мрзеливост не давај ми“. Мрзеливоста е особено погубна во духовниот живот. Светиот Лука Кримски вели: „Мрзеливоста на душата е неправењето на добри дела душата ја водат во погибел и ја доведуваат до тоа таа да зарасне во плевелот на гревот. Животот ни е подарен за да итаме кон вршењето на големото дело на чистење на своето срце преку следење на Господ Исус Христос. Чекорењето по Господа е делување и честопати многу тешка работа, а не мрзеливост“.

Поради мрзеливоста паѓаме со духот и затоа преподобниот Ефрем Сириски моли: „Господи и Владико на мојот живот, дух на униние не давај ми“. Дух на униние или дух на мрзоволие всушност е бегање од активната духовна борба. Против унинието треба да се бориме преку молитвата. Молитвата е разговор со Бога и во тој разговор Бог нѐ утешува и го изгонува од нас духот на унинието. Подеднакво е погубно и властољубието, и затоа преподобниот Ефрем Сириски моли: „Господи и Владико на мојот живот, дух на властољубие не давај ми“. Поради властољубие од Небесата паднал и првиот меѓу ангелите. На Своите ученици, а преку нив и на сите нас, Господ ни рекол: „И кој меѓу вас сака да биде прв, нека им слугува на сите“. Светиот Лука Кримски нѐ потсетува дека славата бега од оној кој по неа трча и ја посакува, а ги стигнува оние кои бегаат од неа.

Господ рекол дека за секој празен збор ќе дадеме одговор на Страшниот Суд. Затоа преподобниот Ефрем Сирин Го моли Бога: „Господи и Владико на мојот живот, дух на празнословие не давај ми“.

Свети Лука Кримски вели: „Секој добар и мудар збор живее во човечките срца и со години донесува добри плодови, но и секој лош збор, како клевета, лага, оговарање, исто така живее многу долго и се вовлекува во умот и срцето не само на нашите ближни, туку и на многу други луѓе, и влијае на нивните мисли и желби. Мудрите луѓе, оние кои живеат духовен живот, никогаш не празнословат. Тие секогаш се молчаливи и задлабочени во своите моли. Многу е значајно да се стекне власт на својот јазик! Во своето Соборно послание светиот апостол Јаков вели: »Ако некој не греши со зборови, тој е совршен човек, моќен да го заузда и своето тело«, што значи да го потчини телото на возвишените цели на духовниот живот, да ги заузда своите похоти и страсти, сето она лошо кон коешто нѐ влече телото. Започнете од зауздувањето на јазикот!“

10923260

Преподобниот Ефрем Сириски прво Го моли Бога да го спаси од духот на страшните пороци, а потоа да му дарува добродетели: целомудреност, смиреноумие, трпение и љубов. „Господи и Владико на мојот живот, дух на целомудреност дај ми на мене, слугата Твој“. Светиот Лука Кримски нѐ потсетува дека светиот апостол Павле рекол дека секој грев е надвор од телото – и гордоста, и суетата, и властољубието, и зависта, и гневот, затоа што тоа се страсти на душата, додека блудот и прељубата го сквернават не само нашиот дух, туку и нашето тело. Значи, се работи за целомудреност на телото и духот. Светиот апостол Павле вели дека нашето тело е храм на Духот Свет. Секој храм треба да биде чист и не смее да се сквернави. За да го сочуваат духот на целомудреноста подвижниците се бореле преку молитва и смирение.

Така и великиот подвижник Ефрем Сириски Го моли Бога: „Господи и Владико на мојот живот, дух на смиреноумие дај ми на мене, слугата Твој“. На смирение, Господ нѐ учел преку личен пример: се родил во пештера, бил положен во јасли, со смирение им ги измил нозете на Своите ученици. Господ преку личен пример нѐ учел на смирение, и со зборови нѐ повикал да бидеме смирени: „Поучете се од Мене, зашто Сум кроток и смирен“. Светиот Лука Кримски нѐ потсетува дека смирените луѓе се духовни победници над злото и насилството, дека тоа се вистински Христови војници, а не робови. Светиот апостол Петар вели: а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобивајте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат”. (1Птр. 5,5).

Смирението се стекнува со трпение и затоа преподобниот Ефрем Сириски Го моли Бога: „Господи и Владико на мојот живот, дух на трпение дај ми на мене, слугата Твој“. Во своето Соборно послание светиот апостол Јаков вели: „ Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека ви биде совршена работа, за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. Ако некому од вас не му достига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде. (Јк. 1,2-5). Светиот Лука Кримски нагласува: „На Бога Му е угодно кога Го молиме да ни дарува трпение при носењето на крстот. Бог дарува трпение и му помага на човекот неговото бреме да не биде поголемо од неговите моќи. Треба постојано на ум да имаме дека нашите немоќи не се ништо во споредба со страданијата Господови. Затоа треба да гледаме на Крстот Христов и така да се учиме на трпение“.

Ништо не ни користи ако се ослободиме од духот на пороците и ги стекнеме сите добродетели доколку во нашето срце и нашата душа немаме љубов. За тој најголем дар на благодатта Божја преподобниот Ефрем Сириски Го моли Бога: „Господи и Владико на мојот живот, дух на љубов дај ми на мене, слугата Твој“. Толкувајќи ја оваа прозба на преподобниот Ефрем Сириски, светиот Лука Кримски, меѓу другото, вели: „За љубовта која е навистина исполнување на сиот закон, за таа љубов молиме, оти ако љубов немаме, тогаш, по зборовите на светиот апостол Павле, сме како бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи. Ако имаме дар на пророштво и големо знаење, и таква вера што и гори би преместувале, а љубов немаме, ништо не сме. И ако на сиромашните им го разделиме сиот свој имот, и ако телото свое го предадеме да се изгори, а љубов немаме, ништо не сме. Љубовта е сето она што Исус Христос го велел, сето она што го сторил за време на Својот живот на земјата, а пред сѐ она што го покажал на Голгота. Сето тоа е љубов, но и непрестајна проповед за љубовта. Стекнувањето на љубовта е основна и најголема задача на нашиот живот. За љубов треба упорно да се молиме и без престан, зашто нашата задача е да се приближиме кон Бога, да бидеме совршени како што е совршен Отецот наш небесен. А како да Му се приближиме на Бога без љубов? Љубовта го исполнува срцето на човекот кој се труди да Му угоди на Бога, кој постојано се моли и телото свое го смирува, човекот кој се труди да им помогне на оние околу себе. Љубовта Христова во срцето на таквиот човек се влева така што го исполнува до крај, а потоа започнува да се излева и врз другите. Во древните времиња, особено во апостолско време, срцата на луѓето биле преполни со љубовта Христова. За нив Христос и можел да рече: »По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе«“.

Преподобниот Ефрем Сириски својата молитва ја завршува со прозбата: „Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите гревови, и да не го осудувам братот свој, зашто благословен си во вековите на вековите“. Светиот Лука Кримски пишува: „Во нашето око се наоѓа грев голем како греда, но не го забележуваме, туку го гледаме само трнот во окото на својот брат. Се сеќавате ли како на Господа Му ја доведоа жената фатена во прељуба, и како Господ тогаш рекол: Кој меѓу вас е без грев, прв нека го фрли својот камен на неа“? Секако дека никој не се осудил да го направи тоа. Не сме без грев и баш затоа не смееме да фрламе со камења на осуда.

Извор: http://agapi.mk/velikoposna-molitva-efrem-siriski

Преземено од: Преспанско- пелагониска епрхија

 

sv.efrem.sirin2.jpg

 
Господи и Владико на мојот живот,
Не ми давај дух на мрзливост,
очајание, властољубие и празнословие.
(
1 метанија)
Но мене, на Твојот слуга, подари ми
дух на целомудрие, смирение, трпение и
љубов.
(
1 метанија)
О, Господи Цару, дај ми да ги согледам
моите согрешенија и да не го осудувам
мојот брат, зошто си благословен
во вековите на вековите. Амин!
(
1 метанија)
 
(
12 мали поклони ) со молитвата
Боже очисти ме мене грешниот/та и помилуј ме
Потоа, се чита цела молитва (сите три стиха) па се прави една метанија.
*
Владико Боже, Отче Седржителу, Господи,
Сине Единороден, Исусе Христе и Свети
Душе, едно божество, една сила, смилувај
се на мене грешниот и како што Ти е
угодно спаси ме мене недостојниот Твој
слуга, зошто си благословен во вековите
на вековите. Амин!

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная