логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Ни треба помош, после Бога ни треба духовен раководител – пишува Свети Доротеј од Газа во шестиот век. Веќе од почетокот на христијанската историја, многумина, според потеклото од секаков општествен слој, копнеејќи да го исполнат својот всаден повик, да го најдат патот на срцето и да ги искачат светите скалила што водат кон Бога, бараа духовни раководители способни да ги поведат по тесниот пат на спасението. Векови на ред, барајќи совет, утешително слово или вдахновение, многумина мажи и жени ја повторуваат оваа изрека, толку мила на Отците од пустината: Авво, кажи ми слово. Духовното очинство, дар на Светиот Дух, е живо срце на Православната Црква. Тоа е златен синџир на преданието, кое нè потсетува дека Христијанството не е книшка религија, туку, откровение на тајната на личноста (tou proswpou).

Старец Софрониј е светол сведок на ова откровение. Тој разликува два вида слова во своето учење: слово што соопштува и слово што причестува. Слово што сведочи и слово што вдахновува. Душевното слово (во дадениот случај со религиозна тема), и духовното слово, носител на Светиот Дух, на продолжената Педесетница. Ова е соодветно со преданието на Црквата, на Телото Христово. Како спроводник на божествената благодат, духовното слово е ретко. Имајќи за темел една силна догматска свест, тоа не е теоретско. Богословско, со длабоко значение на зборот, ова слово не се раѓа од книгите или од теоретското знаење, туку, од подвигот и од молитвата, од истоштението*, и од опит на Бога. Значи, треба да се испразниме од страстите и од сопствената волја, за да можеме да се исполниме со Светиот Дух, изворот на секоја вистина. Треба да го повикуваме Името, кое ги содржи сите имиња, Името на Исус Христос, да го симнеме умот во скришното место на срцето, за да навлеземе во бескрајно молчание, каде што Бог ни говори, и од каде што можеме да проговориме вистински во срцето на ближниот. Потребно е да ја раскинеме темнината на нашиот личен, внатрешен пекол, за да се преродиме од несоздадената Светлина што зрачи од воплотеното Слово.

 

+++

 Старец Софрониј не се стреми ниту да убедува, ниту да плени. Неговото слово или ја допира душата, или не ја допира. Една семка не може да се вкорени и да даде плод освен посеана на земја подготвена да ја прими. Сè зависи од нашата способност да слушаме, од нашиот копнеж да се преобразиме и од нашата волја да кажеме “да”. Дали сме подготвени да се отвориме и да се принесеме? Слободни сме!

На секое слово може да му се противстави некое друго слово, но на животното сведоштво кој ќе се противстави? – велеше Свети Григориј Палама.

Повеќе

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

21/07/2026 - вторник

+Светиот великомаченик Прокопиј; Свети Прокопиј Јуродив; Преподобен Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2026

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2026

Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога,

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная