логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


II.1.Светите Отци и Учители на Црквата за астрологијата

Zlatko.Brnjarcevski.jpg

II.2. Магите – мудреците и Христовото рождество

Светите Отци на Црквата, во текот на целата нејзина историја, исто така посветиле големо внимание на борбата против гатањето и астрологијата. Самата нивна борба против астрологијата зборува за тоа дека тие биле запознати со ова учење и сведочеле дека астрологијата е една од многубројните непријатели на Црквата. Да се сомневаме во нивната светост значи да се сомневаме и во Црквата, која по зборовите на Апостол Павле е столб и тврдина на вистината (1 Тим 3,16). Астрологијата сака да го дискредитира православното учење, и да го отфрли, и така, дискредитирана религија да не може да биде предмет на почитување и на вера.
Тертулијан во своето дело “За идолите”пишува: “Меѓу различните човечки занимања и не треба да се заобиколат некои вештини или професии, блиски на идолопоклонството. За ѕвездословите (астролозите) не треба дури ни да се зборува, но откако еден од нив науми да се оправда себе си за тоа што и понатаму продолжува да се занимава со оваа професија, имам да кажам неколку зборови по тој повод. Јас нема да кажам, дека сместувањето на имињата на лажните богови на небо, и припишувањето ним некоја наводна семоќ, и одвраќањето на луѓето од принесување на молитви кон Бога со тоа што се наведуваат да веруваат дека нивната судбина е непроменливо определена од ѕвездите,  дека сето ова е рамно и еднакво на поклонувањето на лажните богови. Но, јас тврдам дека ѕвездословецот во таков случај се уподобува на паднатите ангели, отпаднати од Бога заради опрелестување на човечкиот род… Ако магијата е казнива, а астрологијата е еден нејзин подвиг, тогаш заедно со својот вид, на осуда подлежат и подвидовите на таа дејност. Така, од времето на објавувањето на Евангелието, софистите од секој вид, ѕвездословците, волшебниците, маѓесниците и бајачите треба да бидат неизоставно казнети”.   Светото писмо не предупредува: Каква полза има човекот, ако и целиот свет го добие, а својата душа ја повреди? Или, каков откуп ќе даде човекот за својата душа? (Мт.16,26-27).
Еден од столбовите на Црквата, светителот Василиј Велики, решително настапувал против астрологијата: А во минутата на раѓање, како што велат тие, многу голема сила има да се биде под благотворна или под злотворна ѕвезда. Но во овие зборови има многу неразумност, а најмногу нечестие. Зошто, злотворните ѕвезди причината за својата злотворност ја пренесуваат на својот Творец. Ако злото им е природата, тогаш Творецот-е творец на злото. А, ако тие дејствуваат зло според своја волја, тогаш како прво, тие се живи суштества надарени  со слободна волја и намера. Ова да се тврди за недушевни нешта е врв на безумието. Затоа, колку несообразно со разумот е; злото и доброто да се доделуваат некому не според достоинството, туку ѕвездата да биде благотворна, затоа што се наоѓа во некоја положба, и таа да биде злотворна, затоа што слично се наоѓа по некоја друга ѕвезда и повторно да ја остави својата лошотија, ако се отклони од извесна фигура.
Тацијан во “Беседата против Елините”, пишува: “Демоните ги направија луѓето жртви на своето отпадништво. Тие, покажувајќи им го на луѓето распоредот на ѕвездите, како и оние кои фрлаат коцка, ја воведоа судбината која е туѓа на правдата, бидејќи ако некој е обвинител или обвинет, тоа наводно настанало според предодредувањето на судбината…. демоните ја измислиа судбината. Како основа за тоа им послужило сместувањето на животните на небото. Бидејќи, тие ги удостоија со небеска чест ѕверовите со кои живееја, откако беа симнати од небото, влекачи, водоземци, четвороношци кои живеат во шумите, се мисли дека и тие пребиваат на небесата. Според, распоредот на Зодијакот кое е дело на боговите ако светлината на еден од нив е посилна, тогаш тој ја одзема славата на другите, а кој сега е победен, тој може некогаш повторно да биде победник. Тие со задоволство се забавуваат со овие планети, како играчи со “коцка”. Но, ние сме над судбината и наместо заблудените демони знаеме за еден непроменлив Господ, не се потчинуваме на судбината и ги отфрламе нејзините законотворци”

 Повеќе

Zlatko.Brnjarcevski.jpg

   Изработил:
    Жарко Брњарчевски

                                                                                                
Скопје, март 2012

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

20/04/2025 - недела

Воскресение Христово; Свети Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Светиот маченик Калиопиј; Преподобен Данило Перејаславски;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная