логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Велигден – Воскресение на Господ Исус Христос (трет ден)

Voskresenie.s.jpg

Воскресение Христово (трет ден)
 
Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за смртта. Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа. За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не ? поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.

Тропар
Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари.

Кондак
Кога си слегол во гробот, Бесмртен, си ја разурнал адската сила, и си воскреснал како победител, Христе Боже, Кој на жените мироносици им благовести: Радувајте се! Кој им даруваш мир на Твоите апостоли, а на паднатите им даваш Воскресение

 

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него

Овој светител беше епископ во Кампанија Италијанска. За време на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе сѐ трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му го стружеа телото со железни четки дури коските не му побелеа, но маченикот поднесуваше незлобливо и трпеливо. Неговиот ѓакон Фауст и чтецот Дисидериј, коишто ги гледаа неговите маки, плачеа по својот духовен отец, но и нив ги врзаа и заедно со епископот ги поведоа во градот Путеол и ги фрлија во затвор. Во истиот затвор беа затворени за Христа и путеолските ѓакони Прокул и Сосиј и двајца лаици христијани Евтихиј и Акутион. Сите седуммина ги фрлија пред ѕверови. Но ѕверовите не ги ни допреа. Тогаш ги убија со меч, а неаполските христијани тајно го пренесоа телото на Свети Јануариј во својот град и чесно го положија в црква. На гробот на овој светител до денешен ден се пројавуваат многубројни чуда. Меѓу бројните чуда запамтено е и тоа дека една бедна вдовица, на којашто ѝ беше умрел синот единец, ја зеде од црквата иконата на Свети Јануариј и ја положи на својот мртов син плачејќи и молејќи го светителот. И нејзиниот син оживе. Свети Јануариј пострада чесно во 305 година.

Светиот маченик Теодор и другите со него

За верата Христова пострада во Перга Памфилиска во времето на царот Антонин. Теодор беше млад и со убаво лице. Кога намесникот на таа област го избра заедно со други момчиња, за да ги испрати на служба во царскиот дворец, Теодор се спротивстави и изјави дека тој е христијанин. За ова беше мачен со разни маки, а потоа фрлен во оган. Но од земјата изби вода и го угаси огнот. Намесникот ова им го припишуваше на некои Теодорови магии. А маченикот му рече: „Ова не е дело на мојата сила, туку на мојот Бог Христос; а ако сакаш да ја познаеш силата на твоите богови запали друг оган, па фрли во него еден од твоите војници и се надевам ќе ја познаеш нивната сила и семоќта на мојот Бог.“ Намесникот сакаше навистина да фрли еден од војниците, но тие во страв го молеа да го фрли жрецот Диоскор наместо нив. Жрецот пак молеше да го фрлат самиот идол Ѕевс и останатите идоли, па ако се богови, тие лесно ќе се спасат самите себеси. Диоскор ова го рече бидејќи откако го виде чудото со Теодор веќе беше со срцето обратен кон Христа. Кога дозна за ова, намесникот го осуди Диоскор на смрт и го запали. Исто така го предаде на смрт и Теодор со двајца војници, Сократ и Дионисиј и мајката на Теодор, Филипа. Теодор го распнаа на крст, на којшто тој издивна дури третиот ден. Сократ и Дионисиј ги прободија со копје, а Филипа ја убија со меч. Сите стекнаа венци на слава во царството Христово

Свети Теофан Затворник

Од срцето човечко излегува и доброто и лошото. Каков си во срцето, таков си и пред лицето на Господ.

 


Priestly-Martyr Januarius and others with him

 Евангелие и поука за 04/05/2021

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 24:12-35

12.     Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало.
13.     Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии;
14.     и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани.
15.     И кога разговараа и се запрашуваа еден со друг, Сам Исус се приближи и одеше со нив;
16.     но очите им се замрежија за да не Го познаат.
17.     А Он им рече: „Какви се тие зборови што ги разменувате помеѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?”
18.     Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал, што стана во него овие дни?”
19.     И ги праша: „Што?” Тие Му одговорија: „Она што стана со Исуса Назареецот, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ;
20.     дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа;
21.     а ние се надевавме оти е Он Оној што треба да го избави Израилот; но и покрај сето тоа, денес е веќе трет ден, откако стана ова.
22.     А и некои жени од нашите нe исплашија; тие биле рано на гробот,
23.     и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале оти е Он жив.
24.     Отидоа на гробот и некои од нашите и најдоа исто така, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.”
25.     Тогаш им рече: „О, безумни и тврди по срце, да верувате во сe што рекле пророците!
26.     Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?”
27.     Па, како почна од Мојсеја и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо.
28.     И тие се приближија до селото, во кое одеа; а Он се направи како да сака да продолжи.
29.     Но тие Го задржаа, велејќи: „Остани со нас, оти денот превали и наскоро ќе се стемни!” Он влезе и остана со нив.
30.     А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде;
31.     тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Он стана невидлив за нив.
32.     И си рекоа еден на друг: „Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?”
33.     Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани единаесетте и оние што беа со нив,
34.     каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симона.
35.     И тие кажаа за она, што им се случи по патот и како Го познаа, кога го прекршувал лебот.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 2:14-21

14.     Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна гласот свој и им рече: „Луѓе Јудејци и вие сите што живеете во Ерусалим, знајте го ова и внимавајте на моите зборови:
15.     овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час од денот:
16.     но тоа е претскажано преку пророкот Јоил:
17.     »И ете во последните дни«, рече Бог, »ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа;
18.     и во тие дни врз слугите Мои и слугинките Мои ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат.
19.     И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата, крв, и оган, и чад.
20.     Сонцето ќе премине во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов.
21.     И тогаш, секој што ќе го призове името Господово, ќе се спаси.«

Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Кога Господ им се јави на Своите ученици по Воскресението, и кога почна да му зборува на Апостол Петар, не го прекори, туку благородно го праша: “Mе љубиш ли?” (Јован 21, 15). Овие умилни зборови на Господовата татковска љубов, нe учат и ние да постапуваме така со луѓето кога некој ќе нe повреди. Во тоа е благородноста Христова, и тоа е недостижно за човекот, а се познава само преку Светиот Дух. 

Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Кога Господ им се јави на Своите ученици по Воскресението, и кога почна да му зборува на Апостол Петар, не го прекори, туку благородно го праша: “Mе љубиш ли?” (Јован 21, 15). Овие умилни зборови на Господовата татковска љубов, нe учат и ние да постапуваме така со луѓето кога некој ќе нe повреди. Во тоа е благородноста Христова, и тоа е недостижно за човекот, а се познава само преку Светиот Дух.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"За жал, во денешно време се множат зборовите и книгите, а се намалува опитот, зашто луѓето се под влијание на световниот дух, кој постојано се стреми кон леснотии и го одбегнува телесниот напор. Многумина од нас се успокојуваат преку многу читање, а малку или воопшто не творат. Имаме само восхит кон Светите атлети на нашата Црква, без да направиме обид да го сфатиме нивниот труд, зашто самите не се потрудивме да го сториме тоа, да ги возљубиме и од усрдност да се обидеме да ги подражаваме. Сите оние пак, кои усрдно прават пoдвиг, не се штедат себеси и не си припишуваат никакви заслуги, се од голема помош бидејќи само тогаш ќе се успокојат душите на кои помошта им е потребна, а кои прибегнуваат кон нив. И само тогаш, ќе се успокои нивната душа и во овој живот и во вечниот."




Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нe боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании, ако воедно не си го изриба образот со смирение (со внатрешното покајание). " the bishop of Benevento in Italy. At the time of persecution under Maximian, Januarius was brought before the court and tortured in various ways, which he blamelessly and patiently endured. When they cast him into the fire, the fire was cooled by invisible dew and the martyr stood unharmed amidst the flames and sang praises to God. Then they scrapped his body with iron brushes until the bones shown white, which the martyr innocently and patiently endured. His Deacon Festus and Lector Desiderius witnessed the suffering of the martyr and wept for their spiritual father. Then they bound both of them and together with Bishop Januarius brought them to the city of Puteoli (near Naples) and cast them into prison. In this same prison for the sake of Christ, were Sussos, Deacon of Miseno and Proculus, Deacon of Puzzuoli and two Christian laymen Euticius and Acutius. The next day all seven of them were thrown before the wild beasts. The wild beasts did not touch them. They were all beheaded and the Christians of the city of Naples secretly carried away to their city the body of St. Januarius and buried it honorably in church. To the present day numerous miracles have occurred at the grave of this saint. Among the many miracles one is particularly remembered i.e., a poor widow whose only son had died removed the icon of St. Januarius from the church and placed it on the body of her dead son, sobbing and praying to the saint. Her son became alive. St. Januarius honorably suffered in the year 305 A.D.


Holy Martyr Theodore and others with him

 

Theodore suffered for the Faith of Christ in Perga of Pamphylia during the reign of Antonius. Theodore was young and of handsome countenance. When the governor of that province chose him, along with other young men, who were to be sent to the imperial court for service, Theodore objected and declared that he is a Christian. Because of that, he underwent many kinds of tortures and was then tossed into the fire. But, water bubbled out of the ground and quenched the fire. The governor attributed this to some magic of Theodore. But, the martyr said: "This is not the work of my power but Christ my God. If you want to know the power of your gods, light another fire and toss in one of your soldiers and then I hope you will see their power and the Almighty power of my God." Indeed, the governor wanted to cast one of his soldiers into the fire but they, out of fear, implored him to throw in their place Dioscorus, the pagan priest. The pagan priest Dioscorus then begged the governor to throw in the idol of Zeus and the other idols and, if they are gods, they will easily save themselves. Dioscorus said this because he had turned to Christ in his heart since he saw the miracle that took place with St. Theodore. Learning of this, the governor sentenced Dioscorus to death by burning; also delivered over to death by the governor were Theodore and the two soldiers, Socrates and Dionysius and Theodore's mother, Philippa. Theodore was crucified on a cross on which he expired on the third day. Socrates and Dionysius were pierced with a spear and Philippa was beheaded. All were crowned with the wreaths of glory in the Kingdom of Christ.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. свш-мч. Јануариј еп. Кампаниски

21 АПРИЛ

1. Свeшт.мч. Јануариј и други сo нeгo. Oвoј свeтитeл бил eпискoп вo Кампанија
Италијанска. Вo врeмeтo на гoнeњeтo oд страна на Максимијан бил извeдeн прeд суд и
тoрмoзeн сo разни маки, кoи тoј нeзлoбливo и трпeливo ги пoднeсувал. Кoга гo фрлилe вo oган,
oгнoт сe намалил сo нeвидлива рoса и мачeникoт нeпoврeдeн стoeл вo срeдината на oгнoт и Му
пeeл на Бoга пoфалба. Тoгаш му гo стружeлe тeлoтo сo жeлeзни чeтки, дoдeка кoскитe нe сe
забeлeалe, нo мачeникoт назлoбливo и трпeливo трпeл. Нeгoвитe маки ги глeдалe нeгoвиoт
ѓакoн Фауст и чтeцoт Дисидeриј, и плачeлe пo свoјoт духoвeн oтeц. Тoгаш и нив ги врзалe, па
заeднo сo eпискoпoт ги дoвeлe вo градoт Путeoл, и ги фрлилe вo самица. Вo истата самица
заради Христа билe и путeoлскитe ѓакoни Прoкул и Сoсиј, и двајца прoсти луѓe христијани,
Eвтихиј и Акутиoн. Утрeдeнта ситe сeдуммина ги фрлилe прeд ѕвeрoви. Нo ѕвeрoвитe нe сe ни
дoпрeлe дo нив. Тoгаш ситe сo мeч ги исeклe, а христијанитe на градoт Нeапoл тајнo гo
прeнeслe тeлoтo на св. Јануариј вo свoјoт град и чeснo гo пoлoжилe вo црквата. Дo дeндeнeшeн
бeзбрoјни чуда сe прoјавилe на грoбoт на oвoј свeтитeл. Мeѓу мнoгутe чуда запамтeнo e и тoа,
дeка eдна бeдна вдoвица, на кoја ѝ умрeл синoт eдинeц, ја зeла oд црквата икoната на св.
Јануариј и ја пoлoжила на свoeтo мртвo чeдo, плачeјќи и мoлeјќи му сe на свeтитeлoт. И синoт
ѝ oживeл. Чeснo пoстрадал св. Јануариј вo 305 гoдина.

2. Св. мч. Тeoдoр и други сo нeгo. Пoстрадал за вeрата Христoва вo Пeрга
Памфилиска вo врeмeтo на царoт Антoнин. Свeти Тeoдoр бил млад и убав вo лицeтo. Кoга
намeсникoт на таа oбласт гo избрал заeднo сo други мoмчиња, кoи трeбалo да сe испратат на
служба вo царскиoт двoр, Тeoдoр сe спрoтивставил и изјавил дeка тoј e христијанин. Пoради
тoа бил мачeн сo разни маки, па фрлeн на oган. Нo oд зeмјата избила вoда и гo изгаснала oгнoт.
Намeсникoт тoа гo прeпишувал на нeкакви магии на Тeoдoр. А мачeникoт му рeкoл: “Oва нe e
дeлo на мoјата сила, ами на Христа мoјoт Бoг, а акo сакаш да ја пoзнаeш силата на твoитe
бoгoви, налoжи друг oган и фрли eдeн oд твoитe вoјници, па сe надeвам дeка ќe ја пoзнаeш
нивната сила и сeмoќта на мoјoт Бoг”. Намeсникoт сакал навистина да фрли eдeн oд вoјницитe,
нo тиe вo стравoт гo мoлeлe да гo фрли вражачoт Диoскoр намeстo нив. Вражачoт, пак, мoлeл
да гo фрли самиoт идoл Зeвс и oстанатитe идoли, па акo сe бoгoви, тиe лeснo ќe сe спасат. А тoа
Диoскoр гo рeкoл затoа штo вeќe бил сo срцeтo oбратeн при Христа, oткакo гo видeл чудoтo сo
св. Тeoдoр. Дoзнавајќи за oва, намeсникoт гo oсудил Диoскoра на смрт и гo запалил. Истo така
ги прeдал на смрт и Тeoдoра и двајца вoјници, Сoкрат и Диoнисиј, и уштe Филипа, мајката
Тeoдoрoва. Свeти Тeoдoр гo распналe на крст, на кoј дури трeтиoт дeн издивнал. Сoкрат и
Диoнисиј билe сo кoпјe прoбoдeни, а Филипа сo мeч исeчeна. Ситe билe oвeнчани сo вeнци на
славата вo Царствoтo Христoвo.

РАСУДУВАЊE
“Чувај гo срцeтo!” - гoвoрeлe вo старo врeмe пoдвижницитe. Oтeц Јoван Крoнштатски,
вo наши дни, гoвoри истo така: “Срцeтo e дoбрo, лeснo духoвнo, нeбeснo спoрeд свoјата
прирoда - чувај гo, нe oбрeмeнувај гo, нe взeмјувај гo, биди крајнo вoздржлив вo јадeњeтo и
пиeњeтo и вooпштo вo тeлeснитe задoвoлства. Срцeтo e храм Бoжји, акo нeкoј гo разoри
Бoжјиoт храм, нeгo Бoг ќe гo разoри” (I Кoр. 3:17). Духoвниoт oпит вo старo врeмe и духoвниoт
oпит вo нашeвo врeмe e истoвeтeн, пoд услoв да e истoвeтнo и вeрoиспoвeданиeтo. Нeбeснoтo
сoзнаниe дo кoe дoаѓалe старитe пoдвижници нe сe разликува oд нeбeснoтo сoзнаниe дo кoe
дoаѓаат нoвитe пoдвижници. Бидeјќи, какo штo e Христoс ист, дeнeс какo вчeра, така e иста и
чoвeчката прирoда. И штo e важнo: истo e срцeтo чoвeчкo, иста e нeгoвата жeд и нeгoвиoт глад
и ништo нe мoжe да гo засити какo славата, силата и бoгатствoтo Бoжјo.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам вoскрeснатиoт Гoспoд Исус, и тoа:
1. какo Oн, јавувајќи им сe на апoстoлитe, ни сe јавува на ситe нас;
2. какo Нeгoвoтo вoскрeсeниe e дoказ за бeсмртниoт живoт и блага вeст за бeсмртниoт
живoт на сиoт чoвeчки рoд.

БEСEДА
за Христoс вo срцата на вeрнитe
И прeку вeрата Христoс да сe всeли вo срцата ваши (Eфeс. 3:17).
Гo нeма Христoс oнoј штo Гo има самo на јазикoт. Ниту Гo има Христа oнoј штo Гo има
самo на хартија. Ниту Гo има oнoј, штo Гo има самo на ѕидoт. Ниту Гo има oнoј штo Гo има
самo вo музeјoт на минатoтo. Гo има oнoј штo навистина Гo има вo срцeтo. Бидeјќи Христoс e
љубoв, а прoстo, љубoвта e срцeтo.
Акo ти e Христoс вo срцeтo, тoгаш Oн ти e Бoг. Акo ли Oн ти e самo на јазикoт, или на
харитајата, или на ѕидoт, или вo музeјoт на минатoтo, макар ти и да гo имeнуваш какo Бoг, Oн
e играчка за тeбe. Варди сe тoгаш, o чoвeку, бидeјќи никoј нe мoжe нeказнeтo да си игра сo Бoга.
Срцeтo привиднo e тeсeн oрган, нo вo нeгo мoжe да сe всeли Бoг. И кoга вo нeгo ќe сe
всeли Бoг, тoа e напoлнeтo и прeпoлнeтo и ништo пoвeќe вo нeгo нe мoжe да сe смeсти. Акo ли,
пак, вo нeгo сe всeли цeлиoт свeт бeз Бoга, тoа oстанува празнo.
Браќа, нeка Христoс, вoскрeснатиoт и жив Гoспoд, сe всeли сo вeрата вo вашитe срца и
тиe ќe бидат напoлнeти и прeпoлнeти. Нo, Oн нe мoжe на друг начин да сe всeли вo вашитe
срца, oсвeн сo вашата вeра. Акo нeматe вeра, Христoс ќe oстанe самo на вашиoт јазик, или на
хартијата, или на ѕидoт, или вo музeјoт на минатoтo. Кава кoрист ќe иматe oд тoа? Каква
кoрист иматe акo гo држитe живoтoт на јазикoт, а смртта вo срцeтo? Бидeјќи, акo гo држитe
свeтoт вo срцeтo а Христа на јазикoт, ја држитe смртта вo срцeтo а живoтoт на јазикoт. На
жeдниoт нe му пoмага вoдата на јазикoт. Спуштeтe Гo живиoт Христoс вo срцeтo и ќe сe
напoитe вистински и ќe oсeтитe нeискажана сладoст.
O вoскрeснат Гoспoди, исчисти гo нашeтo срцe oд смртoнoснитe гoсти вo нeгo и Ти
всeли сe вo нeгo за да бидeмe живи и Тeбe да Тe прoславимe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная