логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светиот маченик Евпсихиј

Од благороден род и добро воспитан во благочестивата вера. Во времето на царот Јулијан Отстапник, кога во Кесарија со Црквата Божја управуваше Св. Василиј Велики, Евпсихиј стапи во брак со една угледна девојка. Но не му беше дадено да поживее во брак ниту еден ден. Зашто во времето на неговата свадба се погоди незнабожечкиот празник на принесување жртви на идолот Фортуна. Евпсихиј отиде со другарите и ги искрши сите идоли во храмот, па и самиот храм го разори. Кога слушна за ова царот Јулијан многу се разгневи и нареди виновниците да се убијат, многубројни христијани да се земат за војска, да им се наложи огромен данок на христијаните, на нивна сметка повторно да се изгради храмот на Фортуна, а на градот да му се одземе почесното име Кесарија (кое му го беше дал кесарот Клавдиј) и да се нарече со поранешното име Маза. Свети Евпсихиј најпрво го врзаа за дрво и страшно го мачеа, а потоа го убија во 362 година. Малку потоа свирепиот цар Јулијан патувајќи за Персија го посети овој град, а одеше во војна. Во пресрет му излезе Св. Василиј и во знак на почест и гостопримство изнесе три јачмени лебови. Царот нареди и на светителот како дар му дадоа грст сено. „Ти нам ни се подбиваш цару. Ние ти принесуваме од лебот со којшто се храниме, а ти нам ни даваш скотска храна, којашто ти со својата власт не можеш да ја претвориш во човечка“. На ова царот му одговори: „Знај дека со тоа сено ќе те хранам кога ќе се вратам од Персија!“ Но злобниот отстапник никогаш повеќе не се врати жив од Персија, зашто загина со заслужена и неприродна смрт.

vozdvizenie.jpg

Преподобниот маченик Вадим

За време на персискиот цар Сапор, игуменот на еден манастир, Вадим, маж исполнет со благочестие, беше фрлен во затвор заедно со седуммина свои ученици. Во затворот со нив беше и еден кнез христијанин, Нирсан. Секој ден ги изведуваа и ги тепаа. Се уплаши кнезот Нирсан и вети дека ќе ја напушти верата и ќе му се поклони на сонцето. Ова му беше угодно на Сапор и тој му вети на Нирсан дека меѓу другото ќе му го даде и сиот имот на Вадимовиот манастир, ако тој се согласи со своја рака да го убие Вадим. Нирсан се согласи и на тоа. Раката му се тресеше од страв пред достоинственото лице на Свети Вадим и тој удираше многупати по вратот на светиот игумен дури не го обезглави. Но наскоро по ова падна во очајание и самиот себеси се прободе со меч, примајќи казна од своја рака зашто уби праведник. Свети Вадим пострада во 367 година.

 

Евангелие и поука за 22/04/2021

 
Паримија на денот: Книга пророк Исаија 65:8-16

8.     Вака вели Господ: „Кога во гроздот има сок, не го повредувај, зашто во него има благослов; исто ќе направам и за Моите слуги, та сите да не ги погубам.
9.     И ќе произведам од Јакова потомство, а од Јуда – наследник на Моите гори; и тоа ќе го наследат Моите избрани, таму ќе живеат слугите Мои.
10.     И Сарон ќе биде пасиште за овци, а долината Ахор – пладниште за говедата на Мојот народ, кој Ме побара.
11.     А вас, кои го оставивте Господа, ја заборавивте Мојата света гора, готвите трпеза за Гад и отворате полна чаша за Мени, -
12.     вас ве определив за меч, сите ќе се наведнете за колење, зашто викав – и не одговаравте, говорев – не слушавте, но вршевте зло пред очите Мои и го избиравте она, што не беше по волјата Моја.”
13.     Затоа вака вели Господ Бог: „Ете, слугите Мои ќе јадат, а вие ќе гладувате; слугите Мои ќе пијат, а вие ќе се измачувате од жед;
14.     слугите Мои ќе се веселат, а вие ќе бидете во срам; слугите Мои ќе пеат од срдечна радост, а вие ќе пиштите од срдечна жалост и ќе плачете од отпаднатоста на вашиот дух.
15.     И ќе им го оставите името свое на Моите избрани за проклетство; а тебе ќе те убие Господ Бог, и слугите Свои ќе ги нарече со друго име,
16.     оној, што се благословува на земјата, нека се благословува со вистинскиот Бог; и кој се колне на земјата, нека се колне со вистинскиот Бог, – зашто поранешните жалости ќе бидат заборавени и сокириени од Моите очи.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 46:1-7

1.     И тргна Израил со сe што имаше, па, откако дојде во Вирсавија, Му принесе жртва на Бога од таткото свој Исака.
2.     И му рече Бог на Израила ноќе во видение; „Јакове! Јакове!” А тој одговори: „Еве ме!”
3.     Тогаш Бог му рече: „Јас сум Бог, Бог на таткото твој. Не плаши се да слезеш во Египет, оти таму ќе направам од тебе голем народ.
4.     Јас ќе слезам со тебе во Египет, и Јас пак ќе те вратам ваму; и Јосиф ќе ги заклопи очите твои.”
5.     И тргна Јаков од Вирсавија; и синовите Израилеви го сместија Јакова, таткото свој, и децата свои, и жените свои и имотот свој во колите, што беше им ги пратил Јосиф, за да го доведат.
6.     И го зедоа доботокот свој и имотот свој, што го беа спечалиле во земјата Хананска, и дојдоа во Египет – Јаков и сиот негов род заедно со него.
7.     Тој ги доведе со себе во Египет синовите свои и внуците свои, и ќерките свои и внуките свои, и целото свое потомство.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 23:15-35;24:1-5

15.     Синко, ако твоето срце биде мудро, и моето срце ќе се радува;
16.     ќе се радуваат и моите внатрешности, кога твојата уста говори право.
17.     Срцето твое нека не им завидува на грешниците, туку биди во сите дни свои во стравот Господов;
18.     зашто има иднина, а твојата надеж не е загубена.
19.     Слушај, синко, и биди мудар и управувај го срцето свое по прав пат.
20.     Не биди меѓу оние, што се опиваат со вино, меѓу оние, што се презаситуваат со месо, -
21.     зашто пијаницата, и блудникот и оној што се прејадува, ќе осиромашат, а сонливоста ќе ги облече во партали.
22.     Слушај го, синко татка си свој: тој те родил; не ја занемарувај мајка си кога таа ќе остарее.
23.     Купувај вистина и не продавај мудрост, учење и разум.
24.     Праведниот добро го воспитува синот свој; на умниот свој син, му се радува тој.
25.     Нека ти се радуваат татко ти и мајка ти, нека се радува онаа која те родила.
26.     Синко, дај ми го мене срцето и очите твои да ги гледаат патиштата мои, -
27.     зашто блудницата е длабока пропаст, и туѓа жена – тесен кладенец;
28.     таа како разбојник ги пречекува и ги умножува престапниците на законот меѓу луѓето.
29.     На некого – ах, на некого -ох, на некого – кавга, на некого жал, на некого рани без причина, на некого зацрвенети очи?
30.     На оние, што заседнуваат околу вино, кои одат да бараат вино со ароми.
31.     не го гледај виното како се црвенее, какви се искрите во чашата, како убаво се лее;
32.     отпосле тоа ќе касне како змија и ќе жилне како отровница;
33.     очите твои ќе гледаат туѓи жени, и срцето твое ќе почне да говори развратно;
34.     и ти ќе бидеш како заспан среде море и како задреман на врв на јарбол,
35.     па ќе речеш: „Ме биеја, не ме болеше; ме туркаа, не чувствував. Кога ќе се разбудам, пак ќе го барам истото.”
1.     Синко, не завидувај им на лошите луѓе, и не посакувај да бидеш со нив,
2.     зашто срцето нивно насилство намислува, и устите нивни за лошо зборуваат.
3.     Со мудрост куќа се изградува и со разум се зацврстува,
4.     а со умешност нејзините простории се исполнуваат со секакви скапоцености и добра.
5.     Мудриот човек е подобар од силниот, а разумниот – од оној што има голем имот.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Униние, етимолошки означува, отсуство на грижа за спасение. Освен некои, безмалку ретки исклучоци, сето човештво живее во состојба на униние. Луѓето станаа небрежни за своето спасение. Не го бараат божествениот живот. Се ограничуваат во рамките на телесниот, во потребите на секојдневието, во страстите на светот и во компромисните дела. Сепак, Бог нe создаде ни од што, според Неговиот образ и подобие. Ако ова откровение е вистинско, отсуството на грижа за спасение не е ништо друго, освен смрт на личноста.
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век. Што означува овој последен член во Симболот на Верата? Не можеме да ја издржиме мислата за вечниот живот, освен ако самата вечност не навлезе во нашиот!



Поука на денот: Авва Варсануфиј
Смирението е скратено спасение.

 

Свети Теолипт Филаделфиски

Бегањето од светот кон Христа дава прибежиште. Свет, пак, ја нарекувам љубовта кон сетилните нешта и кон телото. Оној којшто со разбирање на Вистината се отуѓил од тоа станува Христов посвоеник кој ја умножува љубовта Негова, со која ја отфрла севкупноста на овој свет и го купува „скапоцениот бисер“ – Христа.

 


 
   Holy Martyr Eupsychius


Eupsychius was of noble birth and was well instructed in pious beliefs. During the reign of Julian the Apostate and when St. Basil the Great governed the Church of God in Caesarea, Eupsychius entered into marriage with a prominent maiden. However, it was not given to him to live even one day in marriage. For at the time of his wedding, it so happened that there was a pagan feast with sacrificial offerings to the idol Fortune. Eupsychius, with his companions, entered the temple and smashed all the idols and even demolished the temple itself. Hearing of this, Julian became greatly enraged and ordered the culprits beheaded; that many Christians be inducted into the army; that an enormous tribute be imposed upon all Christians; that, at the expense of the Christians, the temple of Fortune be rebuilt again and, that the city be deprived of its honorary name `Caesarea' given it by Caesar Claudius and to be called by its former name, Maza. At first, Eupsychius was tied to a tree, brutally tortured and later was beheaded in the year 362 A.D. Shortly after that, the wicked Emperor Julian visited this city (Maza) on his way to Persia against whom he was waging war. St. Basil the Great went out to meet him and carried three loaves of barley bread as a sign of respect and hospitality. The emperor ordered that a handful of hay be given to the saint as a reciprocal gift. St. Basil said to the emperor: "You make jest of us O Emperor. We offer you bread by which we feed ourselves and you, in turn, give us food for livestock which you, by your authority cannot change into food for men." To that the emperor replied: "Know that I will feed you this hay when I return from Persia." However, the wicked apostate did not return from Persia, for he died a deserving and unnatural death.


Venerable Martyr Vadim


During the reign of the Persian Emperor Sapor, Vadim, the abbot of a certain monastery and a man famous for his generosity was cast into prison with seven of his disciples. With them in prison was a certain Prince Nirsan who was also a Christian. Everyday they were taken out and beaten. Prince Nirsan became terrified and promised to deny the Faith and worship the sun. This was gratifying to Sapor and he promised to give Nirsan, among other things, the entire estate of Vadim's monastery if he would behead Vadim by his own hand. Nirsan agrees to this. With a quivering hand and frightened by the majestic countenance of St. Vadim, he struck this holy man with the sword many times on the neck until he finally beheaded him. Shortly after that, Nirsan succumbed to despair and stabbed himself with the sword and received at his own hand, the due punishment for the murder of the righteous one. St. Vadim suffered in the year 376 A.D.


Gerontikon

They say that some, regarding the way Abba Macarius treated his brethren with no malice, said to him: “Why are you doing this to yourself?” And the elder answered: “Twelve years have I served my Lord to give me this blessing, and you advise me to throw it away?”

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 св. маченик Евпсихиј, преподобен маченик Вадим


9 АПРИЛ


1. Св. мч. Eвпсихиј. Бил oд благoрoднo пoтeклo и вoспитан дoбрo вo благoчeстивата
вeра. Вo врeмeтo на царoт Јулијан Oтстапникoт, кoга вo Кeсарија сo Црквата Бoжја управувал
св. Василиј Вeлики, Eвпсихиј стапил вo брак сo углeдна дeвoјка. Нo нe му билo дадeнo ни eдeн
дeн да пoживee вo бракoт, бидeјќи вo врeмeтo на нeгoвата вeсeлба сe случил нeзнабoжeчки
празник сo жртвoпринeсувањe на идoлoт Фoртуна. Eвпсихиј сo другаритe oтишoл и ги
искршил ситe идoли вo храмoт, па и самиoт храм гo разoрил. Слушнувајќи за oва, царoт
Јулијан мoшнe сe разгнeвил и нарeдил винoвницитe да сe исeчат, мнoзина христијани да сe
зeмат вo вoјска, да сe удри oгрoмeн данoк на христијанитe, на смeтка на христијанитe пoвтoрнo
да ѝ сe изгради храм на Фoртуна и на тoј град да му сe oдзeмe пoчeснoтo имe Кeсарија (кoe му
гo дал кeсарoт Клавдиј) и да сe завика сo пoранeшнoтo имe Маза. Свeти Eвпсихиј првo бил
врзан за дрвo и oстрo мачeн, а пoтoа исeчeн, вo 362 гoдина. Малку пoтoа, oпакиoт цар Јулијан
гo пoсeтил тoј град на свoјoт пат за Пeрсија, прoтив кoја вoјувал. Св. Василиј му излeгoл вo
прeсрeт и му изнeсoл три јачмeнoви лeба вo знак на пoчeст и гoстoпримствo. Царoт нарeдил на
свeтитeлoт да му сe дадe какo дар eдна рака сeнo. Св. Василиј му рeкoл на царoт: “Ти ни сe
пoтсмeваш, o цару, ниe ти принeсувамe лeб сo кoј сe хранимe, а ти ни даваш скoтска храна штo
ти сo свoјата власт нe мoжeш да ја прeтвoриш вo чoвeчка храна”. На тoа царoт oдгoвoрил: “Знај
дeка сo тoа сeнo ќe тe хранам кoга ќe сe вратам oд Пeрсија!” Нo злoбниoт oтстапник никoгаш
пoвeќe нe сe вратил жив oд Пeрсија заштo таму загинал сo заслужeна и нeприрoдна смрт.

2. Прeп. мч. Вадим. Вo врeмeтo на пeрсискиoт цар Сапoр бил и Вадим, игумeнoт на
eдeн манастир и маж прoчуeн пoради благoчeстиeтo, фрлeн вo самица сo сeдум учeници. Сo
нив вo самицата бил и нeкoј кнeз Нирсан, истo така христијнин. Сeкoј дeн ги извeдувалe и ги
тeпалe. Кнeзoт Нирсан сe уплашил и вeтил дeка ќe ја напушти вeрата и ќe му сe пoклoни на
Сoнцeтo. На Сапoра тoа му билo угoднo, нo му вeтил на Нирсана дeка, пoкрај oстанатoтo, ќe му
гo дадe и цeлиoт имoт на Вадимoвиoт манастир, акo тoј сo свoјата рака гo исeчe Вадима.
Нирсан на тoа сe сoгласил. Сo растрeпeрeна рака, застрашeн oд дoстoинствeниoт лик на св.
Вадим, тoј удирал сo мeчoт мнoгу пати пo вратoт на oвoј свeт маж, дoдeка oдвај нe гo исeкoл.
Нo наскoрo пoтoа паднал вo oчајаниe, та самиoт сeбe сe прoбoдeл сo мeч и самиoт oд сeбe
примил казна за убиствoтo на правeдникoт. Св. Вадим пoстрадал вo 376 гoдина.

РАСУДУВАЊE

Сe раскажува за Пeриклe дeка бил чoвeк, бeз малку, сo сoвршeна чoвeчка убавина, нo
дeка главата му била прeмнoгу дoлгунeста и личeла на стoмна, така штo прeдизвикувал
пoтсмeв кoга и да сe пoјавeл гoлoглав. За да гo скријат oвoј нeгoв нeдoстатoк, на oвoј гoлeм чoвeк
на свoјoт нарoд, грчкитe скулптoри сeкoгаш гo правeлe сo шлeм на главата. Кoга нeкoи oд
нeзнабoжцитe знаeлe да ги кријат нeдoстатoцитe на свoјoт ближeн, кoлку пoвeќe смe ниe,
христијанитe, дoлжни тoа да гo правимe? “Натпрeварувајтe сe вo пoчитувањeтo eдeн кoн
друг” (Рим. 12:10), им нарeдува апoстoлoт на oниe кoи сe придржуваат кoн Христа. Какo ќe
рeчeмe дeка сe придржувамe кoн Христа крoткиoт и прeчистиoт, акo сeкoј дeн гo труeмe
вoздухoт сo приказни за туѓитe грeвoви и нeдoстатoци? Да сe криe свoјата дoбрoдeтeл и туѓиoт
нeдoстатoк, вo тoа e главната духoвна мудрoст.

СOЗEРЦАНИE

Да Гo набљудувам вoскрeснатиoт Гoспoд Исус, и тoа:
1. какo Oн сe јавува на Марија Магдалeна вo градината и Марија oтпрвин нe Гo пoзнава;
2. какo Oн краткo ја oслoвува Марија, и Марија Гo пoзнава и Му сe радува, и свoјата
радoст ја сooпштува на учeницитe.

БEСEДА

за пoтрeбата oд смрт заради пoгoлeм рoд
Вистина, вистина ви вeлам: акo зрнoтo пчeничнo, штo падналo на
зeмја, нe умрe, oстанува самo: а акo умрe ќe дoнeсe гoлeм плoд (Јн. 12:24).
Зoштo сeјачoт ја фрла пчeницата вo зeмјата? Дали затoа пчeницата да умрe и да
иструли? Нe, туку за да живee и рoд да рoди. Сeeјќи гo сeмeтo, сeјачoт и нè мисли за смртта и
трулeњeтo на сeмeтo, туку за живoтoт и за нeгoвиoт рoд. Навистина, сo радoст сeјачoт гo сee
свoeтo сeмe, нe мислeјќи за смртта на сeмeтo, туку за живoтoт и за рoдoт.
Сeјач e Христoс Гoспoд, а луѓeтo сe пчeницата Нeгoва. Oн благoизвoли да нe нарeчe
пчeница. Има мнoгу другo сeмe на зeмјата, нo ништo нe e пoдрагoцeнo oд пчeницата. Зoштo нè
пoсeа Гoспoд на Зeмјата? Дали затoа да умрeмe и да иструлимe? Нe, туку за да живeeмe и рoд
да рoдимe. Oн пoпатнo ја спoмeнува нашата смрт, ја спoмeнува самo какo услoв за живoт и за
мнoгу рoд. Цeлта на сeeњeтo нe e смртта, туку живoтoт. Нo сeмeтo мoра првин да умрe и да
иструли; и Oн тoа самo гo спoмeнува, бидeјќи знаe дeка и ниe тoа прeмнoгу дoбрo гo знаeмe.
Самo пoпатнo нè пoтсeтува на тoа, дoдeка Нeгoвoтo Eвангeлиe, главнo, e приказна за живoтoт и
за рoдoт. За тoа Oн мнoгу ни збoрува, бидeјќи знаe дeка ниe тoа нe гo знаeмe и дeка сe
угушувамe oд нeзнаeњe и сoмнeж. И нe самo дeка ни збoрува мнoгу за живoтoт туку и ни гo
пoкажува живoтoт. Сo Свoeтo вoскрeсeниe ни пoкажува пoјаснo oд Сoнцeтo на живoтoт и
гoлeмиoт рoд. И цeлата истoрија на Црквата Нeгoва e јасна карта на живoтoт.
O Гoспoдару на нeсoвладливиoт живoт, спаси нè oд грeвoвна смрт. Избави нè oд
душeвна смрт. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная