логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  

 

Преподобен Тит Чудотворец

Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суете н свет. Заради ова го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“. Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив столб на Божјата Црква. Заради неговото големо смирение и чистота, Бог му даде дар на чудотворство и за време на животот и по смртта. А кога се пресели кај Господ, остави многубројни ученици зад себе. Се престави во 9 век.

Светите маченици Амфијан и Едесија

Две момчиња, браќа по тело. Од градот Патара, од родители угледни но незнабожци. Кога во градот Вирит ги изучуваа светските науки некако се просветија со Духот Божји и ја познаа лажноста на незнабожието, а ја наѕреа вистината на христијанството. Па кога се вратија дома не можеа повеќе да живеат со своите родители и роднини незнабожци, туку тајно побегнаа во Кесарија Палестинска кај презвитерот Памфил, којшто беше познат по светоста и духовната ученост. Кај Памфил дење и ноќе се поучуваа на законот Божји и ги практикуваа христијанските подвизи. За Амфијан велат дека по тело бил стар дваесет години, а според разумот и великодушноста стогодишен. Кога настана гонењето во времето на Максимин, мнозина христијани побегнаа од градот и се сокрија, додека другите драговолно и радосно се предадоа во рацете на мачителите за да пострадаат во името на Оној Кој Самиот прв за нив пострада. Амфијан беше меѓу овие христијани. Дојде во незнабожечкиот храм бестрашно, а овде кнезот Урбан им принесуваше жртви на идолите. Амфијан го фати за раката со која кнезот ја држеше жртвата и му викна да отстапи од служење и жртвопринесување на мртвите идоли, а да Го познае вистинскиот Бог. Некои што ги слушнаа овие зборови и ја видоа оваа храброст на Амфијан се покајаа и ја примија Христовата вера. Но кнезот се разлути и го подложи Амфијан на маки. Меѓу другото му ги обвиткаа нозете со памук и го запалија. Но кога остана жив, го фрлија во морето со камен на вратот. Морето се возмути и го исфрли телото на Светиот маченик. Едесиј најпрво беше испратен во бакарните рудници во Палестина, а потоа го одведоа во Мисир. Во Александрија се исполни со света ревност против еден кнез Ероклеј, којшто ги имаше собрано христијанските монахињи, девојки и чесни жени на плоштадот и за подбив им ги раздаваше на најбесрамните развратници. Едесиј се исполни со света ревност и на бесчесниот кнез му удри шлаканица. За ова тој, како и неговиот брат Амфијан, беше мачен и потопен во морето. Се жртвуваа за Христа како две невини јагниња околу 306 година.

 

             
Евангелие и поука за 15/04/2021
 

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 42:5-16

5.     Така вели Господ Бог, Кој ги создал небесата и нивното пространство, Кој ја раширил земјата со нејзините производи, Кој му дава здив на народот што е на неа, и дух на оние што одат по неа.
6.     Јас, Господ, Те повикав во правда, цврсто ќе Те држам за рака и ќе Те пазам, ќе те поставам за завет на народот, светлина за незнабошците,
7.     за да им ги отвориш очите на слепите, да ги изведеш врзаните од затвор и оние што седат во темнина – од темнина.
8.     Јас сум Господ, тоа е Моето име, и нема да ја дадам славата Своја на друг, ниту честа Своја на идоли.
9.     Ете, претскажаното порано се зби, и ново ќе известам; пред да стане тоа, Јас ќе ве известам.
10.     Пејте Му на Господа нова песна, похвална за Него од земните краишта, вие што пловите по море, и сe, што го полни, островите и оние што живеат на нив.
11.     Нека издигне глас пустињата и нејзините градови, населбите, каде што живее Кидар; нека ликуваат оние што живеат во карпи, нека воскликнуваат од врвовите горски.
12.     Нека Му воздадат слава на Господа, похвалата Негова нека ја возвестат на островите.
13.     Господ ќе излезе како исполин, ревноста ќе ја возбуди како војник; ќе извика и ќе подигне војнички вик; ќе се покаже силен против непријателите Свои.
14.     Долго молчев Јас, трпев и се воздржував; сега ќе викам како родилка, ќе разурнувам и ќе голтам сe.
15.     Ќе опустошувам планини и ридови, и сета нивна трева ќе ја исушам; реките ќе ги направам острови, езерата ќе ги исушам.
16.     Ќе ги поведам слепите по пат, што тие не го знаат, ќе ги водам по нејзини патеки, темнината ќе ја направа светлина пред нив, а кривите патеки – прави: ете, што ќе направам Јас за нив, и нема да ги оставам.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 18:20-33

20.     И рече Господ: „Голем повик е против Содом и Гомор, и гревовите нивни се претешки.
21.     Затоа ќе слезам за да узнаам и да видам дали така се прави, како што повикот доаѓа до Мене, или не.”
22.     Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам уште стоеше пред лицето на Господа.
23.     Тогаш Авраам се приближи и рече: „Сакаш ли да го уништиш и праведниот со неправедниот и ќе биде ли праведниот како неправедниот?
24.     Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ќе ги погубиш и нив, а да не му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него?
25.     Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не, тоа од Тебе не; зарем Судијата на целата замја нема да суди право?”
26.     И рече Господ: „Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ќе го запазам градот и целото место заради нив.”
27.     А Авраам одговори и рече: „Еве, се осмелив да Му проговорам на Господа, иако сум земја и пепел.
28.     Можеби да има праведници од педесет пет помалку; зар заради тие пет ќе го затреш целиот град?” Он одговори: „Нема тоа да го направам, ако најдам четириесет и пет.”
29.     И го продолжи разговорот со Него и рече: „Можеби ќе се најдат таму четириесет?” Он, пак, одговори: „Нема да го направам ни поради тие четириесет.”
30.     Потоа рече: „Нека не се налути Господ, ако речам – можеби ќе се најдат триесет?” – Он рече: „Нема да го направам, ако најдам триесет.”
31.     И пак рече: „Еве, се осмелувам одново да Му проговарам на Господа – можеби ќе се најдат дваесет?” „Нема да го уништам – рече – ни заради тие дваесет.”
32.     Најпосле рече: „Нека не се налути, Господ, ако уште еднаш проговорам – можеби ќе се најдат десет?” – Он рече: „Нема да ги искоренам ни заради оние десет.”
33.     И Господ замина, откако престана да зборува со Авраама; а Авраам се врати во своето место.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 16:17-33;17:1-17

17.     Патот на праведните е отстранување од злото: патиштата на праведните водат кон долг живот; кои примаат поука – добрини ќе видат, а кои примаат прекори – помудри ќе бидат; кој ги пази своите патишта – душата своја ќе ја запази; кој го сака животот свој – тој внимава што зборува.
18.     Пред погибел гордоста врви, и пред паѓање – надуеноста.
19.     Подобро е да се смируваш во духот со кротки, отколку да делиш грабеж со горделиви.
20.     Кој ја води разумно работата своја, добро ќе најде, и кој се надева на Господа, блажен е.
21.     Мудрите по срце, разумни ќе ги наречат, и слаткиот збор го зголемува знаењето.
22.     Разумот за оние, што го имаат, е извор на животот, а ученоста на безумниот е зло.
23.     Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар, разумнот се пројавува и во устата негова.
24.     Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити.
25.     Има патишта, кои на човекот му изгледаат прави, но крајот им е пат кон смртта.
26.     Кој се труди, се труди за себеси, зашто кон тоа устата го упатува; подмолниот во својата уста ја носи својата пропаст.
27.     Лукав човек зло на себеси прави, во устата своја – оган разгорува.
28.     Подмолен човек сее раздор, и клеветник пријатели разделува.
29.     Насилник човек го мами својот ближен и го води кон лош пат;
30.     замижува со очите, за да измисли подмолност: прекасувајќи си ги усните, извршува зло; тој е оган од злоба.
31.     Староста е венец на славата, таа води по патот на правдата.
32.     Долготрпеливиот е подобар од храбриот, и кој владее со себеси, подобар е и од завојувачот на градови.
33.     Жреб се фрла во скут, но сe што решава тој, од Господа е.
1.     Подобро сув залак и со него мир, отколку куќа полна со заклан добиток, но во раздор.
2.     Разумен слуга господари над развратник и со браќата ќе го подели наследството.
3.     Топилницата е за сребро, печката – за злато, а срцата Господ ги испитува.
4.     Лош човек се вслушува во беззакона уста; праведникот лажлива уста не слуша.
5.     Кој се подбива со сиромав, Создателот Му го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет, а милосрдниот ќе биде помилуван.
6.     Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родителите ниви. Во верникот има огромно богатство, а во неверниот нема ни пара.
7.     На безумен умен збор не му прилега, уште повеќе на големец – лажлива уста.
8.     Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го има: каде и да се сврти ќе успее.
9.     Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател.
10.     Врз разумниот посилно дејствува прекорот, безумниот – и кога го бијат не чувствува.
11.     Будалиот бара само зло, затоа жесток ангел ќе биде испратен против него.
12.     Подобро човек на сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство.
13.     Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова.
14.     Почеток на караницата е како кога водна брана се отвара: отстапи од караницата пред да се разгори.
15.     Кој оправдува нечесен и кој обвинува праведен – и обајцата се одвратност пред Господа.
16.     Што ќе му се пари во рацете на безумен? За да купи мудрост, но тој нема разум. Кој си прави висока куќа, бара да се сотре, а кој се остранува од учењето, запаѓа во беда.
17.     Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на неволја.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Христос рече: Ако некој ...не ги намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик (не може да Ме следи) (Лука, 14, 26). Ова Слово Господово е многу сериозно. Не станува збор за една кариера и за дребните нешта од овоземниот живот, туку за совладување на страстите и гревовите на овој свет, за да живееме вечно со Отецот. После падот, човековата природа во сите свои пројави се противи на она што небесниот Отец го очекува од нас. Еве, зошто сме должни да се намразиме себеси во состојбата во која се наоѓаме во овој свет после падот.

Поука на денот: Свети Максим Исповедник
Оној кој Го љуби Христа секако и Го подражава според своите сили. Значи, Христос не престана да им чини добро на луѓето и кога изостана нивната благодарност, и кога Го навредуваа беше долготрпелив. И кога Го биеја, и кога Го убија претрпе, никому не мислејќи му зло. Тие три нешта се делата на љубовта кон ближниот, без кои оној што вели дека Го љуби Христа или се надева дека ќе го наследи Неговото Царство, се мами. Зашто Господ рече ’Не секој што Ми вели Господи, Господи, ќе влезе во Царството небесно, но оној што ја твори волјата на Мојот Отец (Мат. 7, 21) и повторно: ’Кој Ме љуби ќе ги држи заповедите Мои’ (Јован 14, 15) и останатото.
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Да се молиме за другиот, значи да му помагаме! Благодарение на благото расположение на нашето срце спрема него, да може да им се спротивстави на негативните помисли кои не без причина може да ги има против нас. Наспроти тоа, да не се молиме за него, значи дека ги оправдуваме, немајќи љубов од наша страна, лошите помисли што може да ги има против нас. Да го зачуваме единството во молитвата, околу чашата Христова и ќе видиме дека е лесно да љубиме!

 

Свети Силуан Атонски

Во доброто помага Бог, а во лошото демоните. Но, тоа зависи од нашата волја. Треба себеси да се принудуваме на доброто, но знаејќи ја својата мерка. Треба да ја проучиме својата душа и она што е полезно за неа. На некого му е полезно да се моли повеќе, на некого да чита или да пишува. И да се чита е полезно, но подобро е да се молиш нерасеано, а уште подобар е плачот. Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот.

 

Elder Ephraim of Philotheou

My children, prayer and humility are the all-powerful weapons which we must keep continuously in our hands with sleepless attentiveness, because these, with God’s help, will give us the victory against the demons.


Venerable Titus, the Miracle-Worker


From his youth, Titus loved Christ the Lord and detested the vanities of the world. Because of this, he retreated from the world, entered a monastery and received the Great Angelic Habit (The Great Schema). Not feeling any remorse, he dedicated himself to the somber and narrow path of monasticism. Through great patience, he attained two basic virtues: that of humility and obedience. In these virtues, he surpassed "not only the brethren, but also all men." From his youth he preserved the purity of his soul and body. At the time of the Iconoclastic heresy he proved himself to be an unwavering pillar of the Church of God. Because of his great humility and purity, God bestowed upon him the gift of performing miracles, both during his life-time and after his death. When he was translated to the Lord he left behind a countless number of disciples. He died peacefully in the ninth century.


Holy Martyrs Amphianus and Edesius


These two young men were blood brothers from the city of Patara of distinguished but pagan parents. While they were studying the secular sciences in the city of Beirut, they were enlightened by the Spirit of God, and acknowledging the falsehood of paganism, discerned the truth of Christianity. When they returned home they could no longer live with their pagan parents and kinsmen and secretly fled to Caesarea in Palestine to the presbyter Pamphilius, renowned for his sanctity and spiritual learning. With Pamphilius, they studied the Law of God day and night and practiced Christian asceticism. It is said of Pamphilius that he was twenty years old according to the flesh but, in understanding and generosity, he was a hundred years old. When a persecution began during the reign of Maximian, many Christians fled the city and hid themselves. Others, willingly and rejoicefully, gave themselves into the hands of the persecutors in order to suffer for the Name of Him, Who first suffered for them. Amphianus was among the latter. Unafraid, he entered a pagan temple where Prince Urban was offering sacrifices to the idols, grabbed the prince by the hand which was holding the sacrifice and cried to him to refrain from serving and making sacrificial offerings to dead idols and to acknowledge the True God. Some of the pagans who heard these words and witnessing the great courage of Amphianus, repented and embraced the Faith of Christ. The enraged prince subjected Amphianus to torture. Among the other tortures, they wrapped the legs of Amphianus with cotton and set them on fire. When he remained alive, they tossed his body into the sea with a stone around his neck. The sea became turbulent and hurled his martyred body back into the city. At first, Edesius was sent to a cooper mine in Palestine and was later taken to Egypt. In Alexandria, Edesius was filled with holy zeal against a certain Prince Hierocles who, in the market place, assembled Christian nuns, maidens and virtuous women and handed them over to the most shameful perverts for derision. Edesius, filled with holy zeal, struck the disgraceful prince. For that, he was tortured and drowned in the sea as was his brother Amphianus. As two innocent lambs, they were sacrificed for Christ about the year 306 A.D. and were translated to the glorious mansions of the Lord.


 
Elder Ephraim of Philotheou

My children, prayer and humility are the all-powerful weapons which we must keep continuously in our hands with sleepless attentiveness, because these, with God’s help, will give us the victory against the demons.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

  Преп. Тит Чудотворец

2 АПРИЛ

1. Прeподобен Тит Чудoтвoрeц. Oд млади гoдини Гo вoзљубил Христа Гoспoда и гo
намразил свeтoт суeтeн. Заради тoа гo oставил свeтoт, oтишoл в манастир и примил ангeлски
oбраз. Нe жалeјќи сe сeбe си, тoј му сe прeдал на мачниoт и тeсeн мoнашки пат. Низ гoлeма
трпeливoст ги стeкнал двeтe oснoвни дoбрoдeтeли: смирeниeтo и пoслушнoста, и вo oвиe
дoбрoдeтeли ги надминл “нe самo браќата, туку и ситe луѓe”. Чистoтата на душата и тeлoтo ја
сoчувал уштe oд свoјата младoст. Вo врeмeтo на икoнoбoрската eрeс сe пoкажал какo
нeпoкoлeблив стoлб на Црквата Бoжја. Пoради нeгoвoтo гoлeмo смирeниe и чистoта, му сe
пoдарилo oд Бoга дарoт на чудoтвoрствoтo и за живoтoт и пo смртта. А кoга сe прeсeлил кoн
Гoспoда, oставил мнoгубрoјни свoи учeници. Мирнo сe упoкoил вo IV вeк.

2. Св. мч-ци Амфијан и Eдeсиј. Двe мoмчиња, двајца рoдeни браќа. Oд градoт Патара,
oд пoзнати, нo oд рoдитeли кoи нe знаeлe за Бoга. Кoга ги учeлe свeтскитe науки вo градoт
Вирита, сe прoсвeтилe нeкакo сo Духoт Бoжји, та пoзнавајќи ја лагата на нeзнабoштвoтo ја
наѕрeлe вистината на христијанствoтo. Па кoга сe вратилe дoма, нe мoжeлe да живeат пoвeќe сo
нeнабoжнитe рoдитeли и рoднини туку тајнo избeгалe вo Кeсарија Палeстинска кај
прeзвитeрoт Памфил, пoзнат пo свeтoста и духoвната учeнoст. Кај Памфила сe пoучувалe на
закoнoт Бoжји дeнoнoќнo и ги практикувалe христијанскитe пoдвизи. За Амфијана сe кажува
дeка сo тeлoтo бил 20 гoдини стар, а сo разумoт и гoлeмoдушнoста стoлeтeн. Кoга настаналo
гoнeњeтo вo врeмeтo на Максимин, мнoзина христијани избeгалe oд градoт и сe скрилe, дoдeка
други дoбрoвoлнo и радoснo сe прeдалe вo рацeтe на мачитeлитe за да пoстрадааат за имeтo на
Oнoј Кoј првo за нив пoстрада. Амфијан бил мeѓу oвиe пoслeднивe. Тoј дoшoл нeбoјажливo вo
храмoт нeзнабoжeчки кадe штo кнeзoт Урбан им принeсувал жртви на идoлитe, па гo фатил
кнeзoт за раката, сo кoја ја држeл жртвата, и му викнал да сe oткажe oд служeњeтo и
жртвoпринeсувањeтo на мртвитe идoли и да Гo пoзнаe вистинскиoт Бoг. Нeкoи штo ги
слушналe oвиe збoрoви и ја видeлe тoлкавата храбрoст на Амфијан, сe пoкајалe и ја примилe
вeрата Христoва. Нo кнeзoт разлутeн гo фрлил Амфијана на маки. Пoмeѓу oстанатитe маки, му
ги завиткалe нoзeтe сo памук, па ги запалилe. Нo, кoга oстанал жив, гo фрлилe в мoрe сo камeн
на вратoт, нo мoрeтo сe разбранилo и гo исфрлилo тeлoтo на мачeникoт вo градoт. Eдeсиј
најпрвo бил испратeн вo бакарнитe рудници вo Палeстина, пoтoа бил oдвeдeн вo Eгипeт. Вo
Алeксандрија сe испoлнил сo свeта рeвнoст прoтив нeкoј кнeз Eрoклeј, кoј на плoштадoт ги
сoбрал христијанскитe мoнахињи, дeвoјки и чeсни жeни, и ги раздавал на најбeсрамнитe
развратници на ругањe. Eдeсиј сe испoлнил сo свeта рeвнoст и му удрил шлаканица на
бeсчeсниoт кнeз. Пoради тoа бил мачeн и вo мoрeтo пoтoпeн, какo и брат му Амфијан. Какo
двe нeвини јагниња сe жртвувалe за Христа oкoлу 306 гoдина и сe прeсeлилe вo прeкраснитe
двoрoви Гoспoдoви.

РАСУДУВАЊE
“Пoдoбрo e да нe знаeш ништo а сo љубoвта да сe приближуваш кoн Бoга, oткoлку сè да
знаeш и вoeднo да бидeш нeпријатeл на Бoга”. Тoа сe збoрoви на св. Иринeј Лиoнски,
свeштeнoмачeник. Вистинитoста на ситe тиe збoрoви сe пoтврдувала вo ситe врeмиња, па сe
пoтврдува и вo нашe врeмe. Самo на oва мoра eднo да сe дoдадe. Имeнo, љубитeлитe на Бoга нe
сe луѓe штo ништo нe знаат, бидeјќи тиe за Бoга знаат тoлку штo мoжат да Гo љубат. Oд ситe
чoвeчки знаeња, тoа знаeњe e најважнo и најгoлeмo. И уштe мoра да сe дoдадe дeка
нeпријатeлитe Бoжји нe мoжат сè да знаат, иакo тиe сe смeтаат за такви, бидeјќи нивнoтo
знаeњe нeминoвнo e хаoтичнo затoа штo нeма глава, а нeма ни рeд. Главата и рeдoт на сeкoe
знаeњe e Бoг. Нeкoи oд свeтитeлитe, какo Павлe Прoстиoт, нe знаeлe ни да читаат ни да
пишуваат, нo сo силата на свoјoт дух и сo бoжeствeната љубoв гo надминувалe цeлиoт свeт. Кoј
сe приближува сo љубoв кoн Бoга, тoј нe e спoсoбeн за злoстoрствo. А учeнoста бeз љубoв кoн
Бoга e зачната сo духoт на злoстoрoт и бoрбата. Св. Eфтимиј Вeлики пoучува: “Имајтe љубoв,
бидeјќи штo e сoлта за јадeњeтo, тoа e љубoвта за сeкoја дoбрoдeтeл”. Нeвкусна и студeна e
сeкoја дoбрoдeтeл, акo нe e пoсoлeна и затoплeна сo бoжeствeна љубoв.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса вo адoт, и тoа:
1. какo Нeгoвиoт план за спасeниe e oбeмeн, ги oпфаќа ситe кoлeна и ситe врeмиња oд
пoчeтoкoт дo крајoт;
2. какo Oн дoшoл на Зeмјата вo тeлo нe самo заради oниe кoи тoгаш живeeлe на Зeмјата,
туку и заради oниe кoи ќe живeат, какo и за oниe кoи живeeлe;
3. какo Oн, дoдeка Нeгoвoтo мртвo тeлo лeжeлo вo грoбoт, сo душата слeгoл вo адoт за да
гo oбјави спасeниeтo и oслoбoдувањeтo на oкoванитe.

БEСEДА
за живиoт Бoг и за Нeгoвитe живи дeца
...Спoрeд тoа живeeмe ли, умирамe ли Гoспoдoви смe (Рим. 14:8).
Чии смe кoга живeeмe? Гoспoдoви. Чии смe кoга умирамe? Гoспoдoви. Чии сe
правeдницитe? Гoспoдoви. Чии сe грeшницитe? Гoспoдoви. Гoспoд ги oпфаќа ситe, и живитe и
умрeнитe, и сeгашнитe, и минатитe и иднитe. Никoј нe e така сeoпфатeн какo Гoспoд Исус. Кoј
oд таканарeчнитe дoбрoтвoри на чoвeштвoтo, oд учитeлитe, вoдачитe, прoсвeтитeлитe, нeкoгаш
прoбал да им направи нeкoe дoбрo на пoчинатитe? Oвдe мoжe рeшитeлнo да сe oдгoвoри:
“Никoгаш, никoј”. И самата пoмисла би му била смeшна на сeцeлиoт свeт - да им сe направи
нeкoe дoбрo на умрeнитe! Тoа e смeшнo на ситe oниe кoи мислат дeка смртта e пoсилна oд Бoга
и дeка oна штo таа ќe гo прoгoлта гo уништува засeкoгаш. Нo да сe грижи за мртвитe, и да сe
прави дoбрo на мртвитe, прeстаналo да бидe смeшнo oд Oткрoвeниeтo на Гoспoда Исуса кoј
oткри дeка Бoг e Бoг на живитe, кoј тoа и на дeлo гo пoкажа слeгувајќи вo адoт да ги oслoбoди и
да ги спаси душитe на пoчинатитe правeдници сè oд Адам, па дo Нeгoвата смрт на крстoт.
Сeoпфатeн e нашиoт прeславeн Гoспoд, какo сo Свoјата видoвита мисла, бидeјќи мисли
за ситe и глeда сè oд жeна рoдeни, и над грoбoвитe и вo грoбoвитe; така и сo Свoјата љубoв,
бидeјќи ги прeгрнува душитe на правeдницитe, бeз oбѕир кoe врeмe или мeстo ги криe; истo
така и сo Свoјoт труд, бидeјќи сe труди за ситe нив, ситe да ги oслoбoди, да ги спаси, да ги
вoвeдe вo царствoтo и да ги прoслави прeд лицeтo на Свoјoт Oтeц Нeбeсeн, Свeтиoт и
Живoтвoрeн Дух и бeзбрoјнитe свeти ангeли. Гoспoди, на Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная