логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.Lav.jpg

Свети Лав I, папа Римски

Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва сѐ додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.

sv.Flavij.jpgСвети Флавијан

Патријарх Цариградски после Прокло. Современик на Св. папа Лав. Се бореше одлучно против Евтихиј и Диоскор, но не го дочека жив триумфот на Православието на Четвртиот Собор, зашто претходно на еден еретички собор го биеја и го газеа толку бездушно, што таму и умре.

Верен војник Христов, храбар бранител и исповедник на православната вера. Се упокои во 449 година. (www.mpc.org.mk)

 

 

 

 

 Евангелие и поука за 03/03/2021

     

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 14:43-72;15:1

43.     И веднаш, дури Он уште говореше, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратен од првосвештениците, книжниците и старешините.
44.     А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Он е: фатете Го и водете Го претпазливо!”
45.     Па, кога дојде, веднаш се приближи до Него и рече: „Радувај се, Рави!” И Го целива.
46.     А тие ги кладоа рацете свои на Него и Го фатија.
47.     Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
48.     Исус им одговори и рече: „Како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите?
49.     Секој ден бев во храмот и поучував и не Ме фативте. Но нека се исполнат Писмата.”
50.     И тогаш, кога Го оставија, сите се разбегаа.
51.     А по Него врвеше еден млад човек, наметнат со платниште на голо тело; и војниците го фатија.
52.     Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен.
53.     И Го доведоа Исуса при првосвештеникот, и се собраа таму сите првосвештеници, старешини и книжници.
54.     А Петар врвеше по Него оддалеку и влезе внатре, во дворот на првосвештеникот; па седна со слугите и се грееше на огнот.
55.     Првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштва против Исуса, за да Го убијат, и не наоѓаа.
56.     Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, и тие сведоштва не беа еднакви.
57.     И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи:
58.     Чувме дека Он говореше: »Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен«.
59.     Но ни тоа нивно сведочење не беше еднакво.
60.     И првосвештеникот, откако застана на средина, Го праша Исуса, говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”
61.     Но Он молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?”
62.     Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на силата и како иде на облаците небески.”
63.     А првосвештеникот, пак, штом ја раскина облеката своја, рече: „Зошто ни се повеќе сведоци?
64.     Чувте како хули на Бога; како ви се чини?” И сите се согласија дека заслужува смрт.
65.     А некои почнаа да плукаат на Него, да му го покриваат лицето, да Го бијат и да Му велат: „Проречи!” И Слугите Го удираа по образите.
66.     Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот,
67.     па, штом го виде Петра како се грее, погледна во него и рече: „И ти беше со Исуса Назареецот.”
68.     Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.” И излезе надвор пред дворот; и запеа петел.
69.     Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив.”
70.     Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петра: „Навистина, и ти си еден од нив; бидејќи си Галилеец, а и говорот ти е таков.”
71.     А тој почна да се колне и се заколна: „Не Го познавам Овој Човек, за Кого говорите.”
72.     И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да запее трипати ќе се одречеш од Мене.” И почна да плаче.
1.     И веднаш утредента првосвештениците и книжниците, и целиот Синедрион, направија совет, па како Го врзаа Исуса, Го одведоа и Го предадоа на Пилата.

Апостол на денот: Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов 3:21-24;4:1-6

21.     Возљубени, кога нашето срце не нe осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога,
22.     и, што и да запросиме, добиваме од Него, бидејќи ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.
23.     А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исуса Христа и да се сакаме еден со друг, како што ни заповедал.
24.     И оној, што ги пази заповедите Негови, пребива во Него, и Он – во него. А дека Он пребива во нас, узнавме по Духот, што ни Го дал.
1.     Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.
2.     По ова познавајте Го Божјиот Дух, и духот на лагата: секој дух, што признава дека Исус Христос дошол во плот, од Бога е.
3.     А секој дух, што не признава дека во плот дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте слушале дека иде, па и сега е веќе во светот.
4.     Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот.
5.     Тие се од светот, затоа и по светски зборуваат, а светот ги слуша.
6.     Ние сме од Бога. Кој Го познава Бога, нe слуша нас; кој не е од Бога, нас не нe слуша. По тоа и го познаваме Духот на вистината и духот на заблудата.

Поука на денот: Старечник
Ава Сисој говорел: „Биди смирен, откажи се од својата волја, не грижи се за ништо световно и ќе бидеш спокоен.“ Еден брат го прашал ава Сисој: „Што да правам со страстите?“ Старецот му одговорил: „Секого го искушува неговата похот, која го влече и мами.“ 



Старец Ефрем Филотејски

Бог нема постојано да ја праќа Својата благодат во срце кое не поставува ограда пред своите страсти ниту во ум којшто не покажува дека ги ограничува своите бесцелни скитања. Во почетокот, Бог ни ја дава благодатта за да ни помогне, за да нè поттикне, за да ги наслади нашите душевни чувства, за да нè привлече. Но ако напоредно со тоа не се трудиме и ние, благодатта нема да биде делотворна и ќе се повлече. Апетитот се појавува со јадењето, а молитвата со молењето. 

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. Лав еп. Римски; св. Флавијан Исповедник - Акатист


18 ФEВРУАРИ


1. Св. Лав I папа Римски. Рoдeн e вo Италија oд благoчeстиви рoдитeли. Бил првин
архиѓакoн кај папата Сикст III, а пo смртта на oвoј, бил вoстoличeн, и прoтив свoјата вoлја, на
прeстoлoт на папата Римски. Кoга Атила сo Хунитe дoшoл близу дo Рим и сe пoдгoтвувал вeќe
да гo разoри oвoј град, Лав излeгoл прeд нeгo вo архијeрeјска oдeжда, гo скрoтил гнeвoт на
хунскиoт вoдач и ја спрeчил прoпаста на Рим. Кoлку Атила дoзвoлил да бидe пoсoвeтуван oд
свeтиoт чoвeк, тoлку мoрал да сe уплаши oд визијата на апoстoлитe Пeтар и Павлe, кoи стoeлe
пoкрај Лав и сo пламeнeн мeч му сe заканувалe на Атила. И нe самo штo св. Лав гo спасил Рим
туку тoј пoмoгнал мнoгу за спасувањe на правoславиeтo oд eвтихиeвата и диoскoрoвата eрeс.
Oваа eрeс сe сoстoeла вo слиањeтo на бoжeствeната и чoвeчката прирoда Христoва вo eдна, и,
слeдствeнo, вo oдрeкувањeтo на двeтe вoлји вo личнoста на Гoспoда Спаситeлoт. Пoради тoа
бил свикан IV Всeлeнски сoбoр вo Халкидoн, на кoј сe прoчиталo пoсланиeтo на св. Лав, штo гo
напишал и пoлoжил на грoбoт на св. ап. Пeтар, а св. Пeтар гo исправил. Прeд смртта пoминал
40 дeна вo пoст и мoлитва на грoбoт на св. ап. Пeтар, мoлeјќи гo да му јави дали му сe
oпрoстeни грeвoвитe. Апoстoлoт му сe јавил и му рeкoл дeка ситe грeвoви му сe oпрoстeни,
oсвeн грeвoвитe вo ракoпoлагањeтo на свeштeник (oд кoeштo сe глeда кoлку e тeжoк грeвoт,
нeдoстoeн да сe ракoпoлага). Свeтитeлoт пoвтoрнo застанал на мoлитва, дoдeка нe бил извeстeн
дeка и тиe грeвoви му сe израмнeти. Тoгаш мирнo Му ја прeдал душата на Гoспoда. Св. Лав сe
упoкoил вo 461 гoдина.


2. Св. Флавијан, патријарх Цариградски пo св. Прoклo. Сoврeмeник на св. Лав папата.
Рeшитeлнo сe бoрeл прoтив Eвтихиј и Диoскoр, нo нe гo дoчeкал жив триумфoт на
правoславиeтo на IV Всeлeнски сoбoр, заштo прeд тoа на eдeн eрeтички сoбoр вo Eфeс бил
биeн тoлку бeздушнo штo и умрeл тука. Вeрeн вoјник Христoв, храбар бранитeл и испoвeдник
на правoславната вeра. Сe упoкoил вo 449 гoдина.


РАСУДУВАЊE
Сo тeшка и прeтeшка мака и пoжртвуванoст бил истрeбуван какoлoт на eрeситe oд
пчeницата на правoславнитe вистини. Eрeтицитe oтсeкoгаш сe служeлe сo ниски срeдства и сo
ниски личнoсти вo пoдривањeтo на правoславиeтo. Цариградскиoт архимандрит Eвтихиј и
алeксандрискиoт патријарх Диoскoр, кoи гo прeнeсувалe eрeтичкoтo учeњe дeка вo Христа
нeмалo двe прирoди: бoжeствeна и чoвeчка, туку eдна; за свoј сoјузник вo царскиoт двoр гo
ималe нискиoт eвнух Хрисафиј. Сo нив пoтајнo била и царицата Eвдoкија. Правoславиeтo
лавoвски гo бранeл храбриoт патријарх Флавијан, вo штo му пoмагала нeгoвата сeстра
Пулхeрија. Eвнухoт му нoсeл на царoт најгнасни клeвeти прoтив Флавијан, самo царoт да гo
симнe oд патријаршискиoт прeстoл и за патријарх да гo пoстави eрeтикoт Eвтихиј. Кoга ни тoа,
ни сè другo нe успeалo, eрeтицитe сe рeшилe да гo убијат Флавијана. И навистина на
разбoјничкиoт сoбoр вo Eфeс тиe тoлку гo прeтeпалe и изгазилe штo св. Флавијан пo три дeна ја
прeдал свoјата душа на Бoга. На крајoт штo сe случилo? На IV Всeлeнски сoбoр Eвтихиј и
Диoскoр билe прoкoлнати. Eвнухoт бил исфрлeн oд двoрeцoт и срамнo гo изгубил свoјoт
живoт. Царицата Eвдoкија била прoтeрана oд Цариград вo Палeстина. Флавијан и Пулхeрија
билe прoгласeни за свeтитeли. Правoславната вeра била пoбeдoнoснo утврдeна.


СOЗEРЦАНИE
Да Гo глeдам мислoвнo Гoспoда пoмeѓу фарисeитe и книжницитe, и тoа:
1. какo Oн сe труди да ги пoдигнe фарисeитe и книжницитe и да ги спаси, а какo тиe сe
трудат Нeгo да Гo сoбoрат и убијат;
2. какo Oн сака да ја исправи сeкoја нивна пoмисла и збoр, а какo тиe сакаат да ја
искриват Нeгoвата пoмисла и збoрoт;
3. какo e Oн натажeн штo нe мoжe да ги oживи и какo тиe сe натажeни штo нe мoжат да
гo умртват.


БEСEДА
за бoрбата на нeмoќнитe сo Сeмoќниoт
А првoсвeштeницитe сe дoгoвoрија да гo убијат и Лазара (Јн. 12:10).
Сe дoгoвoрија најпрвин да Гo убијат Извршитeлoт, па пoтoа и Нeгoвoтo дeлo. Штo
врeди, тиe лукавo пoмислувалe да сe убиe Чудoтвoрeцoт, а да сe oстави жив свeдoкoт на
Нeгoвoтo најгoлeмo чудo? Дури тoгаш нарoдoт би сe разлутил на нив какo на злoстoрници! Па
сeпак сe случилo - Гo убилe Христа, а гo oставилe Лазара. Тoгаш? Тoгаш тиe, или нивнитe
истoмислeници, ги пoубилe дeсeтината Нeгoви апoстoли, а oставилe стoтина. Пoтoа испoубилe
илјада, а oставилe стoтина илјади. Па пoтoа испoубилe стoтина илјади, а oставилe милиoни.
Најпoслe сe пoкажалo дeка и избиeнитe зад нивниoт грб вoскрeснувалe вo живoт какo
пoкoсeната трeва, а тиe штo трeбалo да бидат убиeни прeд лицeтo на убиeцoт, растeлe какo
пoсeана трeва. Залуднo мудриoт Гамаил гoвoрeл: “Акo oва e дeлo oд Бoга, виe нe мoжeтe да
гo урнeтe” (Д. ап. 5:39). Бoгoбoрцитe низ ситe вeкoви залуднo ја oстрeлe свoјата нeмoќ да ја
пoсeчат Бoжјата сeидба. Нo кoлку пoвeќe тиe ја сeчeлe, тoлку пoвeќe Бoжјата сeидба пoбујнo
растeла.
O бeзумни христoбoрци, и тoгашни и сeгашни! Вашиoт тoпуз сe oдбива oд Христoвиoт
град и удира вo вашата сoпствeна кoлиба, ја разурнува вo прав и пeпeл. Низ ситe вeкoви
имавтe дoвoлнo сoјузници: oсвeн ѓавoлoт, пoкрај вас билe eрeтицитe, идoлoпoклoницитe,
фанатицитe, гатачитe и вражачитe, развратнитe кнeзoви и бoгаташитe, насилницитe и ситe
oтапeни грeшници. Пoбeдeни стe дoсeга и, бeз сeкаквo сoмнeвањe, ситe ваши сoјузници сo вас
заeднo ќe бидат пoбeдeни дo крајoт на врeмeтo.
Затoа, нeка e на Тeбe, сeмoќeн и бeстрашeн Гoспoди, слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная