логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Преподобен Авксентиј

Мошне угледен богаташ меѓу големците и дворјаните на царот Теодосиј Помладиот. Горејќи со љубовта Христова Авксентиј се замонаши и пребиваше уште недолго време во Цариград. Кога почнаа за него да зборуваат пофално, побегна од човечките пофалби и се оддалечи на една гора близу Халкидон, којашто потоа се нарече Авксентиева Гора. Не му се оствари желбата да остане таму засекогаш скриен од луѓето, зашто го најдоа овчарите и разгласија за него. И почнаа кај него да донесуваат болни за исцеление. И тој многумина ги исцели. На слеп му го врати видот, очисти лепрозни, ги помаза со елеј, подигна еден фатен и мнозина демонизирани ги ослободи од демоните. Уште поголем восхит предизвикува неговото смирение со кое ги примаше оние што ќе одведеа кај него болни заради молитвена помош. Или ќе ги помолеше присутните да застанат на заедничка молитва кон Бога за болниот, или прво ја утврдуваше верата кај луѓето па ги уверуваше дека ќе им биде според верата, или над главата на болниот изговараше: „Те исцелува Господ Исус Христос“. Сето ова го правеше само за да не му се припишува чудотворството нему, туку на Бога Кој е семоќен. Учествуваше на Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон и многу силно го штитеше Православието од ересите на Евтихиј и Несториј. Господ ја зеде неговата душа кај Себе кога беше во длабока старост. Се упокои во 470 година.

markov.prezde4.jpg

Преподобен Исакиј, затворник Печерски

Живееше во времето на Светите Антониј и Теодосиј. Во манастирот дојде како богат трговец. Остави сѐ и им раздели на сиромасите, а самиот се предаде на најстрог подвиг во заѕидана келија. Самиот Св. Антониј низ прозорчето му подаваше по една просфора секој втор ден. Опрелестен од демоните коишто му се јавија во ангелска светлина тој им се поклони ним, а потоа и на самиот сатана, уверен дека Му се поклонува на Христос. Од ова се разболе и одлежа две години, после што оздраве и стана попретпазлив и поискусен подвижник, заради што пред крајот му се даде изобилна благодат. Се упокои во 1090 година.

 

 † Упокоение на св. Кирил Солунски;

(Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни  )  

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

      
   
Евангелие и поука за 27/02/2021
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 20:45-47;21:1-4

45.     И кога сиот народ слушаше, Он им рече на учениците Свои:
46.     Чувајте се од книжниците, што милуваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места по синагогите и да се први на гозбите;
47.     што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат; тие ќе добијат потешка пресуда.
1.     Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаа своите прилози во црковната каса;
2.     виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти,
3.     па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе пушти;
4.     сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти – сe што имаше за својот живот.”

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Тимотеј 3:1-9

1.     Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки.
2.     Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни,неправедни,недружељубиви,
3.     непомирливи,клеветници,невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,
4.     предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци,
5.     на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувај се!
6.     Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени, што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,
7.     жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до познавањето на вистината.
8.     Па, како што му се противеа на Мојсеја Јаниј и Јамвриј, така и тие ? се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, неискусни во верата.
9.     Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе се открие пред сите, како и на оние двајца.

Поука на денот: Старец Ефрем Катунакиски
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).

Поука на денот: Старец Ефрем Катунакиски
Послушанието ќе ги донесе сите дарови. Послушанието ќе ја донесе благодатта Божја. И најмалата непослушност кон Старецот ја одгонува божествената благодат. Сите страсти постепено биваат исцелени со помош на послушанието. Не спасува ниту свештеничкиот чин, ниту постот, ниту пак подвигот. Спасува само послушанието. Послушанието чини чуда. Послушанието е смирение. Поради послушанието Бог му го дава на човекот дарот на молитвата. Молитвата е последица на послушанието. Кога си во послушание ќе ја најдеш и молитвата, ќе го најдеш и богословието. Кога немаш послушание, нема да најдеш ништо. Па и да имаш нешто, и тоа ќе го загубиш. Послушанието е извор на молитвата. А молитвата е извор на благодатта, на дарот на солзите, на божественото просветлување, на топлата и божествена ревност. 

Поука на денот: Старец Ефрем Катунакиски
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).

 

Старец Паисиј Светогорец

Колку човекот станува подуховен толку помалку права има во овој живот. Должен е да трпи, да ја прима неправдата, да ги прима лошите зборови од другите. Еден никаквец (расипан човек) којшто е далеку од Бог има многу повеќе права: да напаѓа и да вика и да постапува неправедно. Нашите права Господ ни ги задржува за другиот живот. Иако го знаеме тоа, ние сепак често си ги бараме своите права овде. Ајде да не ги нарушуваме нештата ни малку. Ако некој нешто ни рече, веднаш му кажуваме што е право. А потоа мислиме дека веруваме во Бог. Тоа е вистинска смешка. Човечката правда на духовниот човек не му значи ништо, а има големо значење за една изопачена личност…

 Venerable Auxentius

Auxentius was a very prominent aristocrat among the noblemen and courtiers at the court of Emperor Theodosius the Younger in Constantinople. Enflamed with love for Christ, Auxentius was tonsured a monk and remained for a short time in Constantinople. When men began to praise him, he fled from their praise and settled on a mountain called Skopa near Chalcedon, which later was referred to as Auxentius' Mountain. His desire to remain there permanently, hidden from men, was not realized for some shepherds discovered him and made his whereabouts known. They began to bring the sick to him for healing. He healed many. He restored sight to the blind; cleansed lepers anointing them with oil; he also raised the palsied and freed many who were demon possessed. All of this was reason for amazement, but his humbleness was cause for even greater amazement. Whenever he was implored to heal someone he defended himself with the words: "I, also, am a sinful man!" Compelled by many requests, he approached healing in the following manner: he either invited all present to pray to God together with him for the sick person; or he first strengthened the faith in the people and then he told them that God will give to them according to their faith; or he prayed over the head of the sick person: "The Lord Jesus Christ heals you!" He did this so that the act of working miracles would not be attributed to him but rather to God Almighty. He participated at the Fourth Ecumenical Council (Chalcedon, 451 A.D.) and strongly defended Orthodoxy against the Eutychian and Nestorian heresies. In the year 470 A.D., the Lord took his youthful soul in his old age and his aged body remained in the earth from which it was created.


Venerable Issac, Recluse of the Kievan Caves


Issac lived during the time of Saints Anthony and Theodosius. He came to the monastery as a wealthy merchant. He left all and distributed everything to the poor and dedicated himself to the most strict form of asceticism in an enclosed cell. St. Anthony himself passed one prosfora (the bread offered for the celebration of the Divine Liturgy from which the Lamb (Agnec-Amnos) is removed and later consecrated and becomes the Body of Christ in Holy Communion) through an opening every other day. Deluded by demons who appeared to him in angelic light he bowed down to them and, after that, he bowed down before Satan himself believing that he was Christ. Because of that he became ill, and remained ill for two years after which he regained his health and became a more cautious and a more experienced ascetic. Because of this, before his death, God bestowed upon him abundant Grace. He died in the year 1090 A.D.


Holy Apostle Onesimus


Onesimus was one of the Seventy Lesser Apostles. He was a slave of Philemon but transgressed against his master and fled to Rome where he heard the Gospel from the Apostle Paul and was baptized. Since the Apostle Paul earlier converted Philemon to the True Faith, he reconciled the two of them, Philemon and Onesimus, master and slave, writing a special epistle to Philemon. It is one of the most emotional compositions which exist in Holy Scripture. "I urge you on behalf of my child Onesimus, whose father I have become in my imprisonment. Perhaps this is why he was away from you for a while, that you might have him back forever, no longer as a slave, but more than a slave, a brother, beloved especially to me" (Philemon 1:10,15,16). Moved by this letter Philemon, indeed, received Onesimus as a brother freeing him from slavery. Later, Onesimus was consecrated a bishop by the apostles themselves and accepted the episcopal throne at Ephesus following the Apostle Timothy. This is evident from the Epistle of Ignatius the God-bearer (Theophorus). At the time of Trajan's persecution, Onesimus, already an old man, was arrested and brought to Rome. In Rome, Onesimus gave an accounting of himself before judge Tertycus, was imprisoned and finally beheaded. A wealthy woman removed his body, placed it in a silver sarcophagus and buried it honorably in the year 109 A.D.


Venerable Eusebius, A Syrian Hermit


In the beginning Eusebius lived an ascetical life under the direction of holy men and later he withdrew and became a recluse. He fed entirely on plant life. He did not even taste fruit. He spent all of his time in prayer in the open spaces enduring all conditions of weather. He lived to be ninety-five years of age and died peacefully in the year 440 A.D.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

† Упокоение на св. Кирил Солунски; преп. Авксентиј

14 ФEВРУАРИ

1. Прeп. Авксeнтиј. Бил мoшнe углeдeн властeлин вo Цариград мeѓу властeлинитe и
двoрјанитe на царoт Тeoдoсиј Пoмладиoт. Загрeан сo љубoвта Христoва, Авксeнтиј сe
замoнашил и уштe малку врeмe прeстoјувал вo Цариград. Кoга пoчналe дe сe збoруваат
пoфалби за нeгo, пoбeгнал oд чoвeчкитe пoфалби и сe насeлил вo eдна гoра близу дo Халкидoн,
кја пoслe била нарeчeна “Авксeнтиeва Гoра”. Нe му сe oстварила жeлбата тука да oстанe
засeкoгаш скриeн oд луѓeтo заштo oвчаритe гo нашлe и разгласилe. Пoчналe да дoвeдуваат
бoлни кај нeгo на исцeлeниe и тoј исцeлил мнoзина. На слeп му гo пoвратил видoт, лeпрoзни
исчистил пoмазувајќи ги сo eлeј; така и фатeниoт гo пoдигнал, и мнoгумина дeмoнизирани ги
oслoбoдил oд дeмoнитe. Сeтo тoа e за вoсхитувањe, нo нeгoвата смирeнoст e за уштe пoгoлeмo
вoсхитувањe. Кoга и да гo мoлeлe нeкoгo да исцeли, тoј сe бранeл сo збoрoвитe: “И јас сум
грeшeн чoвeк !” Нo принудeн сo мнoгутe мoлби, тoј му пристапувал на исцeлeниeтo на
слeднивe начини: или ги пoвикувал ситe присутни заeднo сo нeгo да Му сe пoмoлат на Бoга за
бoлниoт, или првo ја утврдувал вeрата вo луѓeтo, па тoгаш им гoвoрeл дeка Бoг ќe им дадe
спoрeд вeрата, или гoвoрeл над главата на бoлниoт: “Тe исцeлува Гoспoд Исус Христoс!” Сeтo
тoа гo правeл самo чудoтвoрствoтo да нe му сe прeпишe нeму, туку на Бoга Сeмoќниoт.
Учeствувал на IV Всeлeнски сoбoр вo Халкидoн и силнo гo штитeл правoславиeтo oд
eвтихиeвата и нeстoриeвата eрeс. Вo длабoка старoст Гoспoд ја зeл нeгoвата млада душа при
Сeбe, а старoтo тeлo oстаналo вo зeмјата, oд кoја билo и сoздадeнo вo 470 гoдина.

2. Прeп. Исакиј, затвoрeник пeчeрски. Живeeл вo врeмeтo на свeтитe Антoниј и
Тeoдoсиј. Дoшoл вo манастир какo бoгат тргoвeц. Oставил сè и им гo раздeлил на сирoмаситe, а
тoј сe прeдал на најстрoгиoт пoдвиг вo заѕидана кeлија. Самиoт св. Антoниј низ oтвoр му
пoдавал пo eдна прoсфoра и тoа сeкoј втoр дeн. Прeлажан oд дeмoнитe, кoи му сe јавилe вo
ангeлска свeтлина, тoј им сe пoклoнил, па пoтoа и на самиoт сатана, вeрувајќи дeка тoа e
Христoс. Oд тoа сe разбoлeл, oдлeжал двe гoдини, пo штo oздравeл и пoстанал вниматeлeн и
искусeн пoдвижник, заради штo прeд крајoт му билo дадeнo oбилна благoдат. Сe упoкoил вo
1090 гoдина.

РАСУДУВАЊE
Зoштo луѓeтo oставаат eднo мeстo и сe сeлат на другo? Главнo, затoа штo сe надeваат
дeка ќe бидат пoсрeќни на другoтo мeстo. И навистина, oд глeдиштe на свeтoвниoт живoт и
задoвoлствата, мeстата мoжат да бидат различни, пoдoбри или пoлoши. Кoјштo нe сe надeва
на пoдoбар живoт пo смртта, тoј бара пoдoбра чувствeна паша вo oвoј живoт. Нo акo гo
слушнeмe срцeтo на oниe луѓe кoи мoжeлe и умeeлe да живeат на таканарeчeнитe најдoбри
мeста на зeмјината тoпка, ќe забeлeжимe нeзадoвoлствo, тага и oчај. Нe гo нашлe тoа штo гo
баралe. Јадeлe дo прeзаситeнoст на сeкoe мeстo и најпoслe гладни ја глeдалe смртта в oчи.
А пoглeдни ги христијанскитe свeтитeли! Тиe ги избиралe мeстата сo најмала свeтoвна
паша, мeста “суви, нeпрeoдни и бeзвoдни”, oсамeни и страшни штo најмалку привлeкуваат
вниманиe и за кoи никoј нe сe расправа. Ситe мeста на Зeмјата тиe ги смeталe за бeзврeдни, нo
oвиe ги избиралe за пoлeснo да сe приближат сo духoт и умoт свoј кoн бeсмртната свoја
таткoвина. И, акo нeкoј гo начуe нивнoтo срцe, би забeлeжал радoст и задoвoлствo.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса какo рoдитeл кoј плачe вo пустината за свoитe дeца,
пoвикувајќи ги и сoбирајќи ги, и тoа:
1. дeца на нарoдoт израилски (вo тoа врeмe);
2. дeца на ситe нарoди на Зeмјата;
3. дeца на ситe врeмиња и сoзданија дo крајoт.

БEСEДА
за oбратнитe врeднoсти вo Бoжјoтo царствo
И мнoзина први ќe бидат пoслeдни, а пoслeднитe први (Мт. 19:30; Лк. 13:30).
Кoлку e прeмудар Oнoј Кoј ги изрeкoл oвиe збoрoви! Oн нe рeкoл дeка ситe први ќe
бидат пoслeдни, а ситe пoслeдни први, туку мнoзина. Ниeдна грeшка нeма вo Eвангeлиeтo и
никадe нeма никаквo прeувeличувањe.
Зoштo Гoспoд oграничил и нe рeкoл “ситe”, туку “мнoзина”. Искуствoтo нè учи дeка
нeкoи oд oниe кoи билe први вo чeст на Зeмјата, oстаналe први вo чeст и кај Бoга. Ималo
царeви кoи oд свoјoт прeстoл Му угoдилe на Бoга. Ималo мнoгу бoгати кoи сo дoбрoтвoрствoтo
и вeрата сe спасилe, а ималo и сирoмаси кoи заради злoбата и нeвeрувањeтo примилe oсуда.
Ималo учeни луѓe кoи ги oдржалe вeрата и дoбрoдeтeлта. И така, нeкoи кoи билe oвдe први,
oстаналe први и таму, а нeкoи кoи сe пoслeдни oвдe, oстаналe пoслeдни и таму.
Нo мнoзина први oвдe пoстаналe пoслeдни таму. И, o радoст, o правда Бoжја: мнoзина
пoслeдни oвдe, пoстаналe први таму!
Гoспoд ниту нагласувал ниту пoфалувал билo кoј сталeж, ниeдeн занаeт, пoкрај
oстанатитe, туку рeгрутувал (и дeн-дeнeшeн рeгрутира) вoјска на свeтлината oд ситe сталeжи,
oд ситe занаeти и занимања. За нeгo нe e мeрилo за чoвeкoт ни круната, ни тoрбата на
прoсјакoт, туку вeрата - вeрата и дoбрoдeтeлта.
Гoспoди прeмудар, сeти сe и на нас вo Твoeтo царствo. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2021
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2538
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная