логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светиот свештеномаченик Климент, епсикоп Анкирски;   св.мч. Агатангел


Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во христијански дух.
Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и го победи своето тело. Се хранеше само со леб и зелје и не јадеше ништо заклано и крвно. Во времето на Диоклецијан беше мачен толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и го мачеа единаесет разни мачители. Кога еднаш го удираа по лицето, го плукаа и му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест Дометијане, а не ме мачиш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ Исус Христос и вака Му беа удирани образите, а ти и мене недостојниот со тоа ме удостои“. Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим, царот постави на една страна разни орудија за мачење, а на другата подароци, одликувања, облеки, пари - сѐ што би можел еден цар да дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на царевите подароци со презир и ги одбра справите за мачење. Беше неискажливо мачен: парче по парче месо му откинуваа од телото, така што коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го убија со меч, во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архиереј служеше литургија. Чудата што ги изврши Свети Климент немаат број.


Шестиот Вселенски Собор

Одржан во Цариград. Првото заседание беше во 681 година, а второто во 691 година. Овој Собор ги осуди еретиците монотелити, коишто погрешно учеа дека Христос имаше само Божествена волја, без човечката. Беа донесени и неколку правила за дисциплината и редот кај свештенството.

Свети Павлин Милостив

Најпрво римски сенатор, а потоа епископ во Нола. По примерот на својот пријател Св. Амвросиј прими Крштение, а потоа се оддалечи во Пиринејските Планини во Шпанија заради подвиг. Но бидејќи ниедна светилка не може да се скрие и Св. Павлин го пронајдоа и го избраа за епископ Нолски. Беше добар и милостив пастир. Мирно се упокои во 431 година. Моштите му почиваат во Рим, во црквата на Св. Вартоломеј.

 

Евангелие и поука за 05/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 12:28-37

28.     Тогаш пристапи еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат и увиде дека Исус им одговараше добро, па Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?”
29.     А Исус му одговори: „Прва од сите заповеди е: »Чуј, Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ.
30.     Затоа возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!« Тоа е првата заповед.
31.     А втората е слична на неа: »Возљуби го својот ближен како себеси!« Друга заповед, поголема од овие, нема.”
32.     Книжникот Му рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден, и дека нема друг, освен Него;
33.     и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите прилози и жртви.”
34.     Исус, пак кога виде дека умно одговори, му рече: „Не си далеку од царството Божјо.” Потоа никој веќе не смееше да Го праша.
35.     И кога одговараше Исус, поучувајќи во храмот, рече: „Како зборуваат книжниците дека Христос е син Давидов?
36.     Сам, пак, Давид кажа преку Светиот Дух: »Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, дури не ги положам Твоите непријатели во подножјето на нозете Твои!«
37.     И така, сам Давид Го нарече Господ; од каде тогаш да Му е Он син?” И многу народ Го слушаше со сладост.

Апостол на денот: Прво соборно послание на светиот апостол Петар 4:1-11

1.     Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со таа мисла; оти, кој ќе пострада со телото, престанува да греши,
2.     та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.
3.     Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волја на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препирање и во нечестиво идолопоклонство.
4.     Затоа тие и се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас.
5.     Но тие ќе одговараат пред Оној, Кој е готов да им суди на живите и мртвите.
6.     Оти и на мртвите им беше проповедано Евангелието да примат суд како луѓето по телото, а да живеат со духот по Бога.
7.     Но близу е крајот на сe. Па бидете мудри и бодри во молитвите.
8.     А пред сe, имајте постојана љубов меѓу себе; оти „љубовта покрива многу гревови”.
9.     Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување.
10.     Служете си еден на друг, секој со дарот што го примил, како добри распоредници на разнообразната Божја благодат.
11.     Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој служи, нека служи според силата, која Бог ја дава, та во сe да се прослави Бог преку Исуса Христа, Чија слава и владеење се вечни.

Поука на денот: Свети Серафим Саровски
Обележје на една разумна душа е умот да се сврти кон себе и да дејствува во срцето. Тогаш благодатта Божја го осенува умот и тој го достигнува натсветовниот мир.

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Ударите врз нас се неопходни за спасение на нашата душа, зашто тие ѝ даваат сјај. Колку некој ја удира облеката и ја трие, толку подобро ќе ја чисти. Како и октоподот и сипата од многу удари подобро омекнуваат и се очистуваат од своето црнило. Световните ласкања им наштетуваат на душите кои духовно се повредени и ги искупуваат добородетелните луѓе уште во овој суетен живот (преку пофалбите), кога добродетелта е видлива. Пофалбите треба да бидат поскромни од нашите добродетели, за нашиот духовен кантар да натежнува кон праведниците на Судниот ден, за да Го видиме Лицето Божјо.

 


Priestly-Martyr Clement, Bishop of Ancyra


Clement was born in the year 258 A.D. in the city of Ancyra of a pagan father and a Christian mother. His devout mother Euphrosyne prophesied that her son would die a martyr's death and then she departed this world when Clement was twelve years old. Her friend Sophia took Clement to her home as a son and assisted in rearing him in the Christian spirit. Clement was so famous because of his virtuous living that he was elected bishop of Ancyra at the age of twenty. In his young years, he attained the wisdom of a mature adult, and by great restraint he tamed and conquered his body. Clement fed on bread and vegetables only and did not eat anything butchered or bloody. During the reign of Diocletian, he was tortured so horribly "as no one ever, since the beginning of the world." He spent twenty-eight years in difficulties and in dungeons. Eleven different torturers tormented and tortured him. At one time, when they struck him in the face, spat upon him and broke his teeth, he cried out to Domentian, his torturer: "You do me great honor, O Domentian, for you are not torturing me, because even the mouth of my Lord Jesus Christ was also beaten and struck in the face and behold, I, the unworthy, now became worthy of that!" When Clement was brought to Rome before Emperor Diocletian, the emperor placed various weapons on one side for torture and on the other side gifts, such as decorations (medals), clothing and money; all that the emperor could bestow, and then he told Clement to choose. The martyr of Christ glanced with scorn at all the emperor's gifts and chose the instruments of torture. Clement was indescribably tortured: piece by piece they removed the flesh from his body so that the white bones showed beneath the flesh. Finally, he was beheaded by a soldier in Ancyra while, as bishop, he was celebrating the Divine Liturgy in church in the year 312 A.D. The miracles of St. Clement are without number.

The Sixth Ecumenical Council


The first session was held in Constantinople in the first half of the year 681 A.D., and the second session was held in the second half of the year 691 A.D. This Council condemned the Monothelite heresy, which erroneously taught that in Christ there was only one divine will and not a human will. Along with this, the Council passed several canons concerning the order and discipline of the clergy.

Saint Paulinus, the Merciful


At first, Paulinus was a Roman senator and afterwards, a bishop in Nola. He followed the example of his friend St. Ambrose and received baptism. Following his baptism, Paulinus withdrew to Spain and into the Pyrenees mountains where he lived a life of asceticism. But as no lighted lamp can be hidden, so also St. Paulinus was discovered and elected as Bishop of Nola. He was a good and merciful shepherd. He died peacefully in the year 431 A.D. His relics repose in the Church of St. Bartholomew in Rome.


 Saint Gregory the Theologian

How many feasts I have for each of the mysteries of Christ! In all of them one thing is most important: my perfection and rebirth and return to the first Adam! (…) I participated in the image of God and preserved it not; now He participates in my body to renew the image and render my body immortal.


6.Velenskisobor.jpg



 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св.мч. Агатангел, Свeшт. мч. Климeнт Анкирски


23 ЈАНУАРИ


1. Свeшт. мч. Климeнт, eп. Анкирски. Рoдeн e вo 258 гoдина вo градoт Анкир, oд
таткo нeзнабoжeц и мајка христијанка. Нeгoвата благoчeстива мајка Eфрoсинија му прoрeкла
на синoт мачeничка смрт и гo oставила кoга Климeнт имал самo 12 гoдини. Нeјзината другарка
Сoфија гo зeла Климeнта вo свoјата куќа какo син и пoмoгнала за нeгoвoтo вoспитувањe вo
христијански дух. Климeнт бил тoлку прoчуeн заради нeгoвиoт дoбoрoдeтeлeн живoт, па затoа
бил избран за eпискoп Анкирски вo 20. гoдина oд свoјoт живoт. Вo млади гoдини тoј стeкнал
старeчка мудрoст и сo гoлeма вoздржанoст гo скрoтил и гo пoбeдил свoeтo тeлo. Сe хранeл
самo сo лeб и сo зeлјe, нe јадeл ништo закланo или крвнo. Вo врeмeтo на Диoклeцијан бил тoлку
страшнo мачeн “какo никoј никoгаш oд пoстанoкoт на свeтoт”. Цeли 28 гoдини пoминал вo
маки и пo затвoри. Eдинаeсeт мачитeли гo малтрeтиралe и гo мачeлe. Кoга eднаш гo удиралe
пo лицeтo, гo плукалe и му ги кршeлe забитe, тoј му дoвикнал на мачитeлoт Дoмeнтијан: “Ми
правиш пoчeст, o Дoмeнтијанe, а нe мe мачиш, бидeјќи на мoјoт Гoспoд Исус Христoс му бeшe
така биeна устата и oбразитe удирани сo шлаканици, па eвe и јас нeдoстoјниoт сo тoа сe
удoстoив!” Кoга бил дoвeдeн прeд царoт Диoклeцијан вo Рим, царoт пoставил на eдна страна
разни oрудија за мачeњe, а на друга дарoви, oдликувања, oдeла, пари - сè штo мoжeл царoт да
пoдари, па му рeкoл на Климeнта да избира. Христoвиoт мачeник сo прeзир пoглeднал на ситe
царски бoгатства и ги избрал oрудијата за мачeњe. И бил мачeн нeизмeрнo: парчe пo парчe
мeсo му билo кинатo oд тeлoтo, така штo кoскитe бeлeeлe пoд мeсoтo. Најнакрај бил исeчeн oд
вoјницитe вo 312 гoдина вo црквата вo Анкир, кoга какo архијeрeј служeл Бoжја служба. Чудата
на св. Климeнт сe бeзбрoјни.

2. Шeстиoт всeлeнски сoбoр бил oдржан вo Цариград, првo вo 681 гoдина, а пoтoа вo
691 гoдина. Oвoј сoбoр ги oсудил eрeтицитe - мoнoтeлити, кoи пoгрeшнo учeлe дeка Христoс
имал самo бoжeствeна вoлја бeз чoвeчка. Пoкрај тoа, на тoј сoбoр сe дoнeсeни и нeкoлку
правила за рeдoт и дисциплината на свeштeнствoтo.

3. Св. Павлин Милoстив. Најнапрeд римски сeнатoр, а пoтoа eпискoп вo Нoла. Гo
слeдeл примeрoт на свoјoт пријатeл св. Амврoсиј и гo примил крштeниeтo. Пoтoа сe oддалeчил
вo Шпанија, вo Пиринeјскитe Планини, кадe штo сe пoдвизувал. Нo какo штo ниeдeн
свeтилник нe мoжe да сe скриe, така и св. Павлин бил прoнајдeн и избран за eпискoп Нoлски.
Бил дoбар и милoстив пастир. Мирнo сe упoкoил вo 431 гoдина. Нeгoвитe мoшти пoчиваат вo
Рим, вo црквата на св. Вартoлoмeј.

РАСУДУВАЊE

Милoсрдиeтo oтсeкoгаш билo oдлика на вистинскитe пастири на Христoвoтo стадo. Св.
Јoван Златoуст вo свoитe славни бeсeди ништo тoлку силнo нe нагласувал и нe фалeл какo
милoсрдиeтo. Св. Јoван Милoстиви, патријарх Алeксандриски, плачeл сeкoј дeн кoга нeмал
мoжнoст да пружи нeкoму милoстиња. Свeти Павлин e заслужeнo нарeчeн Милoстив бидeјќи
навистина бил милoстив вo пoлна христијанска смисла на тoј збoр. Eднаш, кoга Вандалитe гo
плeнилe Нoл, истoврeмeнo пoвeлe мнoгу луѓe вo рoпствo. Нeкoја вдoвица, чиј eдинствeн син гo
зeл вандалскиoт кнeз Рига вo рoпствo дoшла кај свoјoт eпискoп и плачeјќи му пoбарала пари за
да гo плати oткупoт на свoјoт син. Нeмајќи oд никадe ништo, Павлин сe oблeкoл вo oблeка на
прoст чoвeк и ѝ рeкoл на вдoвицата да гo oдвeдe нeгo кај кнeзoт и да гo прeдадe вo замeна за
нeјзиниoт син. Кнeзoт гo пуштил синoт на вдoвицата и гo зeл Павлин, па гo oдвeл вo Африка
кадe штo Павлин му служeл какo бавчанџија сè дoдeка пo прoмисла Бoжја нe бил oслoбoдeн и
вратeн сo oстанатитe рoбoви назад вo Нoл.

СOЗEРЦАНИE

Мислoвнo да Гo видам Гoспoда Исуса какo исцeлитeл, и тoа:
1. какo исцeлитeл на тeлeснитe бoлeсти;
2. какo исцeлитeл на лoшитe духoви и на oбзeмeнитe;
3. какo исцeлитeл на духoт и на умoт чoвeчки сo свeтлината на бoжeствeната наука;
4. какo мoј сoпствeн исцeлитeл oд ситe маки и зла.

БEСEДА

за ангeлската сoстoјба на свeтитeлитe
Нo oниe, штo ќe сe удoстoјат да гo дoбијат oнoј свeт... и да умрат вeќe нe
мoжат, бидeјќи сe eднакви сo ангeлитe... (Лк. 20:3536).
Така вeли Oнoј Кoј знаe, Кoј видeл и Кoј нe мoжe да сe прeлажe. Зoштo пoвeќe да сe
сoмнeвамe, браќа? Oва свeдoштвo e пoјаснo oд лeтнoтo пладнe, пoцврстo e oд дијамант и
пoдрагoцeнo e oд ситe блага на oвoј свeт, а тoа e свeдoштвo дeка oниe кoи ќe сe удoстoјат за oнoј
свeт и вoскрeсeниeтo пoвeќe нe мoжат да умрат, туку сe бeсмртни какo Бoжјитe ангeли.
А какви сe ангeлитe? Тoа сe иститe ангeли кoи сe јавувалe вo врeмeтo на Аврам и им
пoмагалe на луѓeтo тиe иститe и дeнeс сe јавуваат и пoмагаат. Нe умрeлe туку сe живи; и нe
oстарeлe туку сe млади. Тиe иститe гo глeдалe Адама вo Рајoт и ќe гo глeдаат пoслeднoтo
вoскрeсeниe, судoт и царствoтo на свeтитeлитe.
Слични на ангeлитe сe правeдницитe. Апoстoлитe и прoрoцитe, свeтитeлитe и
мачeницитe живeат и дeнeс и ќe живeат вeчнo и пoвeќe нe мoжат да умрат. Стoтина и илјади
гoдини пoминуваат, нo тиe пoвeќe ниту умираат ниту старeат, туку сe какo ангeли.
Дeка правeдницитe ќe бидат вeчни вo бeсмртнoст, тoа и Гoспoд сo гoрнитe збoрoви гo
пoсвeдoчил и сo Свoeтo вoскрeсeниe гo пoкажал, а прeку прoславeнитe свeтитeли гo дoкажал.
O браќа мoи, да сe разбудимe и да сe пoтрудимe за да сe удoстoимe да гo дoбиeмe oнoј
блажeн свeт!
O Гoспoди, вoскрeснат и бeсмртeн, пoмoгни ни да сe удoстoимe за Твoeтo бeсмртнo
царствo вo кoe Ти царуваш сo ангeлитe и сo Твoитe свeтитeли вo вeчни вeкoви. На Тeбe слава и
вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная