Сестра Магдалена
Прва заповед
Децата, во начело, би требало да се поттикнуваат за Христа и Светите да размислуваат како за пријатели на кои можат сѐ да им кажат и кои ги сакаат повеќе дури и од нивните родители. Децата често му се молат на Бога за некои проблеми кои на возрасните им изгледаат како потполно безначајни или пак за работи во врска со кои толку се срамат така што не би можеле/смееле на никој друг за тоа да зборуваат и често добиваат одговори на тие свои молитви. Така децата го развиваат својот однос со Бога и своето поверение во Него.
Децата би требало да ги воспитуваме така што љубовта кон Христа да ја прифаќаат како најнормално нешто на светот. Верата во Бога не е само една од можностите за детето: не – Бог за детето е, Оној Кого детето Го познава и сака сите да Го запознаат. Атеистите се луѓе кои не го познаваат Бога, односно оние кои одбиваат да се сретнат со него. За жал, дури и сосема мали деца имаат слушнато за атеизмот и различните лажни вери, така што многу рано во својот живот мораат да се соочат модерниот релативизам.
Човекот во овој свет може да слушне и види многу нешта кои не се во склад со “умот Христов” (спореди: 1Кор. 2: 16). Како возрасни, ние веќе сме започнале да ја градиме својата вера на карпа и без обѕир на она што го гледаме или слушаме тоа нема да нѐ поколеба, туку уште повеќе ќе нѐ поттикне да возраснеме во духовно познание. Затоа мораме да им помогнеме на нашите деца од една страна да се молат и рассудуваат за она што го гледаат и слушаат, а од друга – да не се чувстваат како изопштеници. Црквата “не е од овој свет”, но не е и гето: таа е сол на овој свет. Нашите деца може да ни помогнат да не ја изгубиме од вид вистинската задача на Црката, а тоа е: (Црквата) да досегне до сите народи и поколенија.
Би требало нашите деца да ги вдахновуваме да бидат благодарни поради тоа што се Православни, но ние никогаш не треба да ги учиме да се чувствуваат супериорни во однос на другите деца, ниту пак да ги презираат другите деца што не се Праволсавни. Напротив: Кому многу му е дадено, многу и ќе се бара од него ( Лк. 12: 48). Ние сме среќни што сме Грци, Руси, Срби (или Македонци) но, пред сѐ сме благодарни на Бога што сме го откриле Православието без обѕир на тоа што во него сме се обратиле како возрасни или родени сме во православно семејство. Етничката гордост не е сопатник на православната вера.
Од книгата: Васпитајте своје дете од С. Магдалена
Подготви: М.Б.
Друго:
Сестра Магдалена - Смисолот на христијанското воспитание