логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


МОЛИТВАТА „РАДУЈ СЕ, БЛАГОДАТНА“

Ангелот Гаврил и рече на Дева Марија: „Радуј се, благодатна, Господ е сотебе" (Лука 1,28).
Малку подоцна, кога Марија ја среќава Елисавета, мај-ката на Јован Крстител, таа ја гледа Девојката забременета. Таа го препознава „знакот" на Исаија преку треперењето од радост, во нејзината утроба, на детето-Пророк на Севишниот и Претеча. Тогаш Елисавета, дополнувајќи го поздравот на ангелот, ќе додаде: „Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодотнатвојатаутроба" (Лука 1,41,42).
Подоцна Црквата ќе не научи да познаеме дека е таа навистина Девојката која „Го родила Спасителот на нашите души". Преку текстовите го најдовме потеклото на оваа убава молитва што ние секое утро и ја пееме на Марија.

ВЕЛИЧИТ (ДУША МОЈА ГОСПОДА)

Да ја разгледаме уште оваа икона на Марија забременета. На нејзината облека има три ѕвезди: една на челото, две на рамената, го симболизираат нејзиното девство: Девојка пред, Девојка за време, Девојка по раѓањето. Гледаме дека самата Марија е во молитвена положба, како свештеник пред олтарот. Веднаш ни доаѓа на ум она што, по извикувањето на Елисавета, го рече Мајката Божја:

Душата моја Го велича Господа, и духот мој се зарадува во Бога, Спасителот мој.
(Тебе, која си попочитувана од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, која без мана Го роди Бога Словото, вистинската Мајка Божја, ние Те величаме.
Зашто ја погледа смиреноста на слугинката Своја и, ете, отсега ке ме ублажуваат сите родови.
Оти Сесилниот ми направи многу, и свето е Неговото име; и милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него.
Он ја покажа силата на раката Своја и ги распрсна оние што се гордеат со мислите во срцата свои.
Ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените;
Гладните ги исполни со блага,
а богатите ги отпушти со празни раце.
Го прими Израилот, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, како што им зборуваше на нашите татковци, на Авраама и на семето негово до века.

ИСАИЕ.ЛИКУЈ

Остварениот знак на Исаија, Девојката забременета, силно не осветлува за некои важни настани од нашиот живот. За време венчавањето или за време ракополагањето за ѓакон или свештеник, кога ги примаме овие свети тајни кои ни го отвораат патот кон Царството Небеско, трипати се обиколува масата или Светиот престол, при што се пее:

Исаие, ликуј! Девојката зачна,
И го роди Синот, Емануил,
Кој е истовремено Бог и човек. Исток е Неговото име:
Него величајќи Го, Дево, Тебе те ублажуваме

Истовремено Боги човек, тоа е сета смисла на Овоплотувањето. Девојката се соединила со Бога, станувајќи Негова Мајка. По примерот на Марија, и ние Го дочекуваме и примаме Бога, зашто, Бог се овоплотува и во нас преку Светиот Дух. Всушност, целта на христијанинот, на неговата борба со гревот за да добие прошка од Бога, е да дозволи овоплотувањето на Словото да проникне во неговиот живот, па дури и во неговототело.
Молитвите на Црковните Оци што ги читаме пред Причеста не подготвуваат за ова соединување со Бога во нашето тело. Како, на пример, молитвата на св. Василиј: „Примајќи дел од Твоите Свети Дарови, ќе се соед инам со Твоето тело и со Твојата крв, и Ти ќе бидеш во мене со Отецот и со Твојот Свет Дух".
Христос, живиот Бог, доаѓа да не бара за да не врати при Својот Отец и да не измири со Него. Он ќе ни го врати загубениот образ. Он станува сличен со нас за да можеме да ја најдеме нашата сличност со Бога. Он доаѓа да не бара како загубената драхма, како загубената овца: да прифатиме повторно да станеме синови на светлината за да станеме слични со Него: „Бог стана човек, за човекот да стане бог". Но, ќе речеме, каква смелост да се верува во тоа! Повторно да се свртиме кон Марија, Мајката Божја, бидејќи таа сецело го исполнила единството со Бога и таа е нашиот водич по овој пат.

В) БОЖИЌ
„ И Словото стана тело.
И се всели во нас..."  (Ј ован 1,14)

Во претходната глава размислувавме за Словото Божјо, кое стана човек, но на сосема таинствен начин, и се уште скриен во утробата на Неговата мајка; сега со восхит ќе го откриеме раѓањето на Исуса Христа. Но пред да го проучиме Рождеството, да се запреме за миг на еден аспект кој можеби шокира некои од нас.
Празнувањето на Божиќ зема такви размери што постои ризик да се заборави вистинската смисла на овој празник: претерано ширење на комерцијалниотаспект, блескави декорации по продавниците, во домовите, во самите улици, преизобилство од храна и подароци. Навистина, паганизмот не е мртов, ни обожувањето на идоли! Златното теле го зема местото на Бога Кој станал човек. На млада возраст, мнозина млади чувствуваат одвратност кон ова претерување и Божиќ им е во непријатно сеќавање, кое се должи на претераноста од чоколади и на разочарувањето што доаѓа по преголемото изобилство подароци. Во домовите се остава скромно местенце за Исуса во вид на мала кукла, среде прекрасни лутки кои служат за украс на елка и др. Потоа се става акцент на семејниот празник. Со тоа се ризикува да се изопачи тајната на Бога, Кој стана дете, да се заборави Царот Израилски, за да му се дозволи на каприциозното дете на семејството да добие впечаток дека е царот на празникот!
За среќа, некои реагираат на ова изобилство и се обидуеаат на Празникот да му дадат социјална смисла. Многубројнисе младите кои организираатбожиќна гозбаза сиромашните, за старите, за осамотените, за сирачињата, болните, итн.
Ако сме ја сфатиле Божиќната порака, која не учи да ги сакаме сиромашните и да им служиме, да се свртиме пред се кон Христа. Само Он може да не научи вистински да ги сакаме сиромасите, не заради наша слава, нити заради некаков социјален идеал, но од љубов кон човекот, како што пројавува љубов и самиот Он. Всушност, Исус Христос е првиот меѓу бедните; никој не осиромашил толку целосно како Он, и згора на се, драговолно. Оти никогаш не треба да заборавиме дека е Он второто Лице на Света Троица, Синот Божји, и дека Он се понижил дотаму што станал беспомошно дете, положено во јаслите, пред нозете на животните.

Он, Кој беше во обличје Божјо,
Не го задржа љубоморно
Положајот што го правеше рамен на Бога,
Туку Самиот се понижи,
Земајќи обличје на слуга,
И станувајќи сличен на луѓето. (Филипјаните 2,6 — 7)

Слуга, Он е навистина тоа, бидејќи својот земен живот го започнува со еден административен акт, бивајќи запишан како подајник на царот. Веднаш по примањето на нашата човечка природа, Он е отфрлен, за Него немаше место во домовите: „Каменот што го отфрлија ѕидарите стана камен аголен..." (Псалм 117,22).
И така постојано отфрлан, Он е принуден да бега во Египет: Ене Го роб, сиромав и прогонет, Он, Царот на Вселената!
Божиќ е, истотака, пораката за мир! Дури и за оние кои Го заборавиле Христа, или кои никогаш не го познале, Божиќ го симболизира мирот на земјата и љубовта меѓу луѓето, ако не повеќе барем за дваесет и четири часа, или една ноќ (на пример, примирја за време војните, престанок на огинот, пораки за мир од сите владетели на светот, итн.). Тоа е точно, Христос е Бог на милоста, „Кнезот на Мирот"... и Неговиот Мир не ќе има граници (Исаија 9,5 — 6).
Мирот од овој свет е честопати синоним на еден период затишје меѓу две војни. Исус е „Кнезот на Мирот", мир без крај, неговото Царство нема да се урне како сите други царства, кралства, влади, диктатури. Мирот на Исуса Христа уште отсега ни дава можност да земеме учество во неговото ид но Царство. Да научиме уште од денес да го носиме во нас овој Мир Христов. Како и пастирите, да го чуеме извикот на ангелите во Божиќната ноќ: „Слава на Бога во висините, а на земјатамир,меѓулуѓетодобраволја!" (Лука 2,14).
Да бидеме сведоци на ова прекрасно измирување меѓу небото и земјата, меѓу Бога и луѓето!
Ние никогаш нема да ја исцрпеме Божиќната порака, нејзината убавина и нејзината тајна. Ги споменавме мирот и сиромаштвото. Овие два аспекта ги сфаќаме токму во личноста на Исуса: Он е Мирот и Он е најсиромашниот меѓу сиро-машните. Сега можеме уште да го продлабочиме Рождеството, проучувајќи го она што е суштинско во овој празник, неговата најдлабока смисла што ни ја открива тајната на Овоплотувањето: Богстана човек.
Со помош на иконата и со читање на Евангелието ќе се обидеме да го разбереме Овоплотувањето. Да ја погледнеме иконата, таа веднаш не измирува со празникот Божиќ и прави да ја заборавиме возбудата што го придружува. Во неа владее таков мир, таква хармонија; се е во празник, односно во радост. Ѕвездите блескаат во небесата, карпите се отвораат за да го пречекаат својот Создател, животните се измирени, пастирите ја споделуваат својата радост со ангелите, мудреците весело брзаат да ја пронајдат Вистината што им ја откри ѕвездата. Се се капе во светлина, една светлина со посебен сјај, онаа за која што зборува свети Лука: „Ангелот Господов им се јави и славата Господова ги осветли" (Лука 2, 9).

Дева денес го раѓа Вечниот
И Земјата Му нуди пештера на Непристапниот.
Ангелите со пастирите Го слават,
А мудреците патуваат водени од ѕвездата,
Зашто заради нас се роди
Мало Дете, Превечниот Бог!
(Химна на Роман Мелод), Кондак

Поетот, Роман Мелод, и анонимниот иконописец наоѓаат заедничко вдахновение, истиот извор што го црпат од Евангелието.
Да го продолжиме објаснувањето на иконата: освен бањањето на детето, детал карактеристичен за раѓањето, и неизбежната зафатеност околу едно новороденче, иконографот е мошне верен на духот на Евангелието. Ако повторно ги прочитаме двата раскази за Рождеството, на Матеј и на Лука, ќе ги најдеме сите елементи обединети на платното. Да направиме споредба меѓу Евангелието и иконата (Матеј 1, 18-25)
Најнапред сомневањето на Јосифа во девственоста на Марија и божественото потекло на Исуса. Во долниот дел на иконата Јосиф седи замислен, главата во рацете, искушуван од демонот на сомнението, под видот на еден стар пастир. (Свети Јосиф нема да биде единствениот во историјата на човештвото, кој се сомнева во оваа тајна, преголема за човековиот разум). По епизодата со Јосифа кому еден ангел му ја открива вистината за човечката и Божјата природа соединети во Исуса, Матеј мошне бргу минува на самото раѓање во Витлеем и детално го раскажува поклонувањето на мудреците (Матеј 2,1-12).
На иконата, ги гледаме овие личности од висок положај како го бараат Царот Јудејски. Тропарот на празникот ја развива темата за муд реците:

Раѓањето Твое, Христе Боже наш,
светотго осветли со светлината
на Богопознанието.
Преку неа служителите на ѕвездите,
се учеа од Ѕвездата да Ти се поклонуваат,
Сонце на Правдата,
и да Те познаат, Исток од Висините,
Господи, Слава ти! (Тропар на Божиќ)

Мудреците ги претставуваат учителите на старата наука. Тие се поучувани од ѕвездите и, благодарение на една Ѕвезда, тие тргнуваат на пат во потрага по еден цар кој туку што се родил, а наоѓаат дете легнато на слама. Тие сакаа да му оддадатчестна Царот Јудејски, му велеатие на Ирода, но кога го најдоа детето, тие беа исполнети со голема радост и честа ја заменија со поклонување. Тогаш тие пвнудија дарови: златото за Царот, темјанот за Бога, смирната за смртниот човек. Овие учени, дојдени од Исток, ја нашле самата Вистина, онаа што од секогаш ја барале во ѕвездите. Сега тие го познаваат Сонцето на Правдата, Исток од висините, Оној што доаѓа од небото. Но ова небо не е она што е створено во првиот ден од Создавањето, она на кое ѕвезд ите еволуираат. Тие ѕвезди на мудреците можеа да им дадат само делумно познавање. Сонцето на Правдата е несоздадено, Светлината на Познанието Го открива Бога, Исток од висините што го запознаваат мудреците е Словото Кое во почетокот беше со Бога, Кое беше Бог (Јован 1,1), пред сите векови. Односно, Оној, Кој е пред времето и пред создадената материја.
Можеме да направиме споредба меѓу барањето на мудреците и откровението на пастирите, раскажано од свети Лука (Лука 2,1-19).
На учените им биле потребни долги истражувања за да стигнат до Бога. А пастирите, Радосната Вест ја примиле од еден ангел, без посредништво ни подготовка.
Текстот на свети Лука е составен со големо совршенство. Како и иконописецот и поетот, евангелистот го разгледува настанот со острината на еден поглед, разбуден од Духот и повторно го препишува во онаа иста Светлина која го над минува и преобразува чистиот наративен опис.
Евангелистот веднаш го поместува настанот во историјата: заповедта на ќесарот Август, пописот, името на гувернерот на Сирија во тоа време. Потоа ги ситуира главните личности во географскиот простор: Јосиф и Марија се селат од Галилеја во Витлеем, бидејќи се од племето на Јуда, произлезени од Домот Давидов. Овде историјата се совпаѓа со планот Божји. Всушност, Исус се раѓа во Витлеем не случајно, туку по волја Божја, по Негова Промисла, а Витлеем потекнува од царот Давид. Исус е Помазаникот Господов (Месија — на еврејски, Христос — на грчки), Он е Царот Израилев, синот Давидов. (Пророштвона Михејб, 1).
Свети Лука го изложува раѓањето на Исуса надвор од населените места, во полето; близината на пастирите сведочи дека настанот се одигрува во чиста природа. Но, ќе речете, раскажувачот не ја споменува пештерата, тој зборува само за јаслите. Јаслите претпоставуваат штала, бидејќи таму се хранат животните, а пастирите се служеле со пештери за да ги сместат своите стада, како и самите да се засолнат.
Евангелистот не ги споменува ни магарето ни волот. Логиката го дополнува расказот: за да патува Јосиф имал магаре, а јаслите биле полни со сено за да се хранат животните. Овде волот потсетува на присуството на животни. Но животните не се претставени на иконата од грижа за веродостојност, бидејќи од секогаш и во сите земји Божиќната иконографија се повикува на пророштвото од Исаија:

Волот го познава својот господар
и магарето јаслите на својот господар,
а Израилот не знае,
мојот народ ништо не разбира. (Исаија 1,3.)

Пред пештерата, Марија лежи во вообичаената положба на родилка. Нејзината силуета е монументална, таа зазема голем простор во композицијата на иконата; тоа ја изразува важноста на Дева во тајната на Овоплотувањето: Марија, со раѓањето на нејзиниот Син, станува Мајка Божја, Богородица. Но, често човек се чуди, зошто Марија му го свртува грбот на Детето? Таа со сожалување го гледа Јосифа кој се сомнева, а преку него и целото човештво кое е потонато во мракот на незнаењето. Нејзината рака се чини го покажува новород ениот, со овој гест Таа го води секој човек кон Синот Божји. Таа Го родила за спасение на човечкиот род, за да ја открие големата слава на Бога. Нејзината радост е надминување на мајчинската гордост, која е сосема природно чувство, но сепак премногу човечко. Раката на Марија е во исто време насочена кон детето и ставена на градите нејзини; зар со овој дискретен гест иконописецот не сакал да направи алузија на зборовите од свети Лука: „А Марија грижливо ги пазеше сите овие спомени и ги слагаше во своето срце" (Лука 2,19)?
Целата сликовна композиција е сместена во пештерата, кон која се сосредоточува се. Тоа е како една спирала чија централна точка би била оваа темна дупка од која болска Светлината. Исус е во дното на пештерата, како да произлегува од самата земја. Оваа слика ни ја дава вистинската смисла на Овоплотувањето. Кога Адам бил создаден, бил земен од земјата, денеска — вториот Адам — Христос, повторно го создава човекот во својата личност. Синот Божји, во дното на пештерата, ја зел нашата човечка природа: Он е роден од земјата и пак ќе се врати во земјата, при Неговиот погреб: „Првиотчовеке земен од земја; вториотчовеке Господ од небото... И како што го носиме образот на земниот, така ќе го носиме и образотна Небескиот" (1 Коринтјаните 15, 47,49).
Ако Христос слегол од небото на земјата, а подоцна и во адот, тоа го направил за и ние да воскреснеме со Него! Со празникот Божиќ, не обзема голема радост, како мудреците и пастирите; ништо не може да ни ја одземе оваа радост, зашто „Бог е со нас", што на еврејски се вели: „ЕМАНУИЛ!"

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: проф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная