ШТО ПОНАТАМУ?
Заврши светата Четириесетница, ја поминавме Страсната седмица и Пасхалната гозба на верата. Многумина пристапија кон светата тајна исповед и се причестија со светите Христови тајни, нашите души се очистија и обновија.
Што понатаму? – Грижа околу тоа да не се вратиме на старото, да не венееме духовно, да не умреме. А тоа е толку лесно. Севкупниот живот околу нас го потпомага ова. Сите брзаат, трчаат, сите се зафатени, никој нема време... и така секој ден. Се` поскоро и поскоро. А каде?
Пред нас е духовната задача: да не потонеме во оваа струја на брзаница.
Треба од ова да се оттргнеме, да ја сочуваме сопствената духовна личност. За тоа треба да одвоиме ако не часови тогаш барем минути од животот за својата душа и за духот свој, кога запираш и помислуваш, се помолуваш и нешто ќе прочиташ. Треба да се има некое „правило” за животот на духот, кое нема да го оставиш не затоа што си фарисеј туку затоа што помниш-„саботата (почивката) е за човекот, а не човекот за саботата”. И тебе ти е потребна помош, поддршка, потпора за да не погинеш во струјата на современиот живот. Нели имаме правила за телесниот живот: јадеме, пиеме, се миеме, се облекуваме. Обидете се да ги нарушите овие правила, што ќе излезе од тоа? Тие правила се за човекот, за неговит живот, за неговото житејско спасение.
Да бидеме справедливи. Да помислиме за сопствената си душа, за нејзиното спасение, за „правилото” што ќе и помогне да живее и да се соочува.
Помина светата Четириесетница, ја преживеавме Страсната седмица и Пасхалната гозба на верата, се исповедавме и причестивме, се обновивме, очистивме – сега треба да се мисли како духовно да се сочуваме себеси, како духовно да се утврдиме и да се збогатиме.
Должни сме така да се грижиме еден за друг како што се грижиме за самите себеси и да го поштедуваме ближниот како што Бог не` поштедува.
Подготви: Стојанка Тежак